Macedonium
Македониум.орг
Историја
Религија
Архитектура
Култура
Етимологија
Етнологија
Пропаганда
Новости
За Македонија
Македонизам
Анкета
Македониум прашува
Што сакате да читате на Македониум?






Вкупно гласови : 8828
резултати
Македониум музика
Благодарност до Синтезис и Bagi communications

Време
Времето во Д. Капија
Времето во Скопје
Времето во Битола
Календар на настани
Етнологија > Наративно народно творештво > Преданија
Мирчева пресека, Дудица и Дебранец
Сподели на Facebook
На планината Кожув во атарот на селото Конопиште, се наоѓаат месностите Мирчева Пресека и Дудица (така се вика и рудникот). Месноста пак Дебранец му припаѓа на с.Чемерско.

Месноста Дудица денес на Кожуф планина

И не без причина од народот ги добиле овие имиња. Според преданието пренесувано од колено на колено, настанот се случил околу 1770-1775 год. и тоа вака:

Во овие години живеел бачот Мирче. Имал голема тајфа од триесетина члена. Живееле сложно, заедно со браќата, синовите, снаите и внуците. Стока многу имал, и да јаде и да продава. Стадото илјадно, од овци, кози и едер добиток. Само триесет злови песје го варделе од дивината и разбојниците. Од стоката му била и живеачката и поминувачката. Секоја пролет, кога ќе залистела пролетта, Мирче со целата тајфа го истерувал стадото на Кожув. Тука му биле бачилата и сенеците, трлата и појатите, мандрите и плевните, пасиштата и ливадите со копите, крмилата, чешмите со дрвените корита. Стадото секогаш навреме му било напасено, накрмено, напоено и закрдено под сенките на буките. Угичите умно го воделе низ планинските врвици и долчики.

Здрави и силни биле Мирчевци, образите црвени, чинеле, од здравје ќе препукнеле. Облечени со бели, ткаени кошули до под колена со чорапите подврзани со подвеска и киски. Зиме биле нагрнати со долги касаци. Жените исто така им носеле ткаени кошули, унечки и саѓијки.

Во една пресека биле колибите и трлата на Мирче, а преку другиот рид наблизу се наоѓала тајфата на сестра му Дуда. И таа имала силно стадо неброено. Се арно им било. Како што бил редот во планињето се раѓале, живееле и таму умирале. Тако од бога, си мислеле Мирчевци, е обречено.

Ама една година невидена соспија беше ги согорело. Никој не очекувал на тоа нешто. Уште во зорнината над дваесетина дебарски Арнаути го бастисале стадото и колибите на Дуда. Настасале како навеишта, ги истргнале сабјите-колаклии и нагнале да колат и грабат стока. Дуда сама не можела да им се спротивстави. Се подкачила од високите чукари и до што ја држело грло, извикала: “Мирчее, братеее !...Арамии... Помагај ни!“

Мирче слушнал и скипел од лутина. До што имал човек во тајфата, се на нога се дигнало и се наоружало. Ги извадиле пушките евѕалии од буките, ножевите, срповите и соровите, и се што им се вдало в раката земале и удриле на запустикуќниците. Започнала борба на живот и смрт. Свиштеле куршуми на сите страни, се давеле гуша за гуша, со рацете грклани си ваделе еден на друг, се боделе и касапеле со камите со тешките остри балтии замавнувале, небаре дрва трупале; `рвјачеле пцетата, го давеле душманот; виштеле, ѕипале атиците и далосано бегале се слушнале пискотници до небеси.

Арно ама арамилокот на Арнаутите им бил занает, стада и стада пленеле, бачои и бачои испустеле и народ поклале. И дури една група арамии се борела, другата успеала да го преполови стадото и да го затера. Мирче видел дека арамиите еден по еден се извлекувале од јанганот со се стадо. Многу од неговите ги убиле и исклале. Не се помирил натрапниците да избегаат со се стока. Им наредил на жените : “Кинете петлиците, уронете ги ѓерданите да ги наполниме пушките!“

Брзо работеле. Помагале и децата. Ставале барут во цевките, пикале крпи и со праќе набивале. Дваесетина мажи, дрчни и силни, со пцетата грабанале да трчаат низ ормањето за да ги пречекаат арамиите и им го откинат стадото. Трчале со таква сила како сто нозе да имале и како да по две срца носеле. Додека очи гледале и додека душа колкала, не ги оставиле арамиите мирно да го тераат стадото. На една преслапка јурнале на нив. Зајачале пушките пците ги нас`снале да ги дават. Неколцина Арнаути покосени се струполиле на земји. Другите се исплашиле, стадото го оставиле и се димлосале во џенем. Стоката забасале по ормањето. Неколку дена ја прибирале.

Големо изгиниште беше го снашло Мирче и сестра му Дуда. Живеел се на стреж. Во секој миг можело да дојдат пак, оти така лесно не ќе се смадреле. Пред да стегне цибрењето и да клапнат снеговите на пресеките и ридиштата, рудините и долините, Мирче со преполовена тајфа и со стадото го напуштил засекогаш Кожуф. Настурил во испустилиштето на с. Чемерско. Аранаутите навистина се вратиле, во бес ги исклале чемерчани и куќите им ги опожариле, жив човек не останал.

Мирчевци пак се заселиле во месноста `Ржиште а тука наскоро дошле и Катранџиевци (ваделе катран од боровите во Локвите), и Богевци од селото Ракето. Сите и Мирчевци и Катранџиевци и Богевци им станале чифчии на дисанските бегови. Од две зла избрале едно – кое изгледало поарно. Накапале од трн на глог. Од дедото Мирче во селото се закуќиле потоа 22 куќи. Од ними пак други се раѓале и ширеле низ времињата а ова семејство и денес се вика Бачевци.

А таму каде некогаш каде барем малку поживеал како свој на своето, во една од најубавите планини на Македонија- планината Кожуф, месноста и денес се вика “Мирчева Пресека”, а каде што била сестра му Дуда, месноста се вика “Дудица”. Местото пак каде паднале убиените Арнаути-Дебрани, кога го беше забирале стадото, се вика “Дебранец”.

(Користени извори: - “Судбини и населби - легенди “, Киро Андонов, Неготино, 1981 год.; наратор Лазо Чоката 83 години во 1980 год.)

Сподели на Facebook | << Назад | Најгоре

Овој наслов е прочитан 6731 пати
Просечна оцена од посетителите
 3,5 од 5
Оцена:




 
Запиши
Коментар:

 

петок, 29 март 2024
Моментно посетители: 46

Македонија низ фотографии

Галерии: 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16  (нова)
Дали знаевте дека...
 Дахија највисок јаничарски чин
--------------------------------
 Св. Лука апостол и евангелист
--------------------------------
 Единствениот Македонец од Титаник – преживеал
--------------------------------
 Агрономијата во Македонија од почетокот на XX век
--------------------------------
 Вселенските црковни собири
--------------------------------
Дневни случувања
 Тауресиум ќе се презентира пред јавност
 Под македонското сонце во Прага
 Архитектурата од 4 до 6 век на виделина
 Ова не е Танец, ова е чудо од Македонија!
 Инаугуриран четвртиот македонски претседател

Македонски времеплов
Март
Април
Мај
Јуни
Јули
Август
Февруари
Септември
Октомври
Ноември
Јануари
Декември
 
Copyright Macedonium | © 2007-2008 Број на посетители: