Macedonium
Македониум.орг
Историја
Религија
Архитектура
Култура
Етимологија
Етнологија
Пропаганда
Новости
За Македонија
Македонизам
Анкета
Македониум прашува
Што сакате да читате на Македониум?

Вкупно гласови : 8862
резултати
Македониум музика
Благодарност до Синтезис и Bagi communications

Време
Времето во Д. Капија
Времето во Скопје
Времето во Битола
Календар на настани
Етнологија > Наративно народно творештво > Народни приказни
Царот на гости
Сподели на Facebook
Пред триесет години видел еден сон Велко Н. Кошинец, како да беше дошол царот в село, и го прашал татка си на сонот:
„Татко бре, еве царот дојде в село, ами сега во која куќа ќе кондиса?"
-„Во која друга куќа, синко, ако не во нашата, му рекол татко му, туку облечи си ги новите алишта, изми се, очисти се, исчешлај се, за да чиниш измет на трпеза и да рече царот ашколсун, оти син сум имал".

На тие зборови од Најда се спремал Велко и сите луѓе од куќата се промениле со велигденските алишта.

Наредиле столови во големата куќа, крај столовите наредиле трпеза како кога да служеле некој сведен и уште повелико.

Зел Велко една свеќа в раце запалена и сите куќни луѓе држеле по една свеќа запалена и сите биле на стреш; сите се пулеле кај порта да го видат царот кога ќе иде у нив.

Од сите селани се велело оти царот ќе кондисал кај Најда на конак; така слушал Велко во сонот од селаните.

-„Еј сполај ти Господи, си велел Велко на умот, што ми срце сакаше од многу годиње, тоа ми даде".

Во тоа чекање Велко и сите куќни луѓе, наредени пред куќа, спроти селскиот адет биле наредени со ред: прво татко му на Велка, мајка му до Најда и така сите наредени со ред од голем до мал; сите со по една свеќа в рака запалена.

На тој голем пречек од Велка, многу се страшел да не не дојде царот кај нив;

-„аман, Господи, поможи ми, си велел сам со себе Велко, да дојде царот у нас, да го видам, да после што сака нека биде".

На таа добра мисла Велкова, туку беше дошол царот у нив и кондисал во посланата куќа на челното место до столот што зимал три-четири души да седнат.

Застанал просто царот, променет со позлаќени алишта, со коруна на глава и со патерица в рака.

Стоел просто и се пулел во сите луѓе што стоеле околу него и му служеле.

Гледајќи Велко во царот, му светнал како некое сонце, дури очите беа му се зеле од светлината на царот.

Co голем мукает му се пулел Велко на царот и му се преставувал како некој ангел кроток и мирен.

А пак oд радост ќе беше излетал, толку што се радувал кога го гледал царот во нивната куќа дојден.

-„Од кога сум те молел, сполај ти Господи, си велел Велко со умот, да те видам и акибет еве те видов и ми се исполни желанието".

Сега од една страна царот го чекаше, а од друга Господ го чинеше и му се молеше и му се благодареше оти му сe јави да го види.

Во таа голема радост, што се радувал Велко во сонот, се разбудил и уште поголема радост приимал.

Co голема радост му го кажувал сонот на татка си, на мајка си, на сите луѓе.

И неколку пати и мене ми го кажал сонот кога сум одел у него на акчилница да ручам.

Овој сон на големо добро беше му излегол тогај на Велка; во истиот ден му дошол дома еден пријател и го теклифил татка му да купат една стока, што да печалат многу пари, арно ама Најдо му се откажувал да ја купат чунки немал пари.

-„Али идеш со мене, стрико Најдо, му рекол пријателот, да за пари — јас да сум ти жив!"

Дури се правеле тие зборови со пријателот и Најдо, Велко бил уверен оти таа работа ќе биде, при се што немаше татко му пари, чунки Господ идејќи у нив дома, не е шака работа.

И вистина се здружил Најдо со човекот, и ја купиле стоката со парите од пријателот и незнајни пари добиле.

(Што стока била, нејќеше Велко да ми каже, при се што неколку пати го прашав).

Од тој ден веќе беше му тргнало за големо напредие во куќа, во стока и во сите работи домашни.

Сподели на Facebook | << Назад | Најгоре

Овој наслов е прочитан 10663 пати
Просечна оцена од посетителите
 4,71 од 5
Оцена:

Запиши
Коментар:

 

вторник, 23 април 2024
Моментно посетители: 12

Македонија низ фотографии

Галерии: 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16  (нова)
Дали знаевте дека...
 Дезертерство (не)познаница за Македонците
--------------------------------
 Св. Григориј Богослов архиеп. Цариградски
--------------------------------
 Св. мч. Александар
--------------------------------
 Дијад - најгенијалниот инженер на Александар
--------------------------------
 ”Лустрација” на македонската античка војска
--------------------------------
Дневни случувања
 Тауресиум ќе се презентира пред јавност
 Под македонското сонце во Прага
 Архитектурата од 4 до 6 век на виделина
 Ова не е Танец, ова е чудо од Македонија!
 Инаугуриран четвртиот македонски претседател

Македонски времеплов
Март
Април
Мај
Јуни
Јули
Август
Февруари
Септември
Октомври
Ноември
Јануари
Декември
 
Copyright Macedonium | © 2007-2008 Број на посетители: