Macedonium
Македониум.орг
Историја
Религија
Архитектура
Култура
Етимологија
Етнологија
Пропаганда
Новости
За Македонија
Македонизам
Анкета
Македониум прашува
Што сакате да читате на Македониум?

Вкупно гласови : 8855
резултати
Македониум музика
Благодарност до Синтезис и Bagi communications

Време
Времето во Д. Капија
Времето во Скопје
Времето во Битола
Календар на настани
Етнологија > Наративно народно творештво > Народни приказни
Лоша мисла цела болес
Сподели на Facebook
Една царска ќерка боледуала од некоа мисла што имала. Сите царски екими ја ватиле да ја лекуаат и никој лек не беше и’ нашол. Од ден на ден се полошо чинела и на лице гинела.
Чул еден стар еќим што бил забораен од светот поради староста што ја имал, никој не беше го викал... - Ја чекај - рекол сам со себе - да појдам кај царската ќерка, да ја видам што болес имат и да ја оздравам.
Пошол и се преставил пред царската ќерка. Откога ја испрашал заради болеста од секаде што и’ је и што ја боли, и’ го нашол лекот.
- Мнозина еќими - му рекол старио еќим - те лекуале и билки ти давале и пак не те оздравеле, ќерко; јас без билки ќе те оздравам, да ме паметуаш и да велиш Бог да го прости старио еќим што ме оздраве без билка.
- Оф, бре дедо - му рекла нажалено царската ќерка - ако можиш да ме оздравеиш, јас ќе му речам на татка тебе да те клаит прв еќим на столнината и голем бакшиш ќе ти даам.
Откоа ’и чул еќимо тие зборои, отишол при куменџијата и напраил еден позлатен прстен со муур озгора. На мууро беше пишал вака: „Се што било - поминало, и се што ќе биди - ќе поминит.“ И го донесол еќимо прстено и је клал на прсто.
- Еве ти го леко, царска девојко - је рекол еќимот - секој саат и секој ден, кога ќе ти дојдит лошата мисла што ти го мачит срцето, ќе го пеиш муурот и ќе го поразмислиш тоа што ќе го пеиш. Така ако го пеиш и размислиш, до четириесет дни ќе оздравеиш, бездруго те уверуам и со глава моја ти се таксуам: ако не оздравеиш, да ми ја пресечите.
За вистина, царската ќерка беше оздравеала, побрго од четириесетте дни, од болеста што ја имала во мислата. Таа оздравела и еќимо на голема чес беа го клале.

Сподели на Facebook | << Назад | Најгоре

Овој наслов е прочитан 13571 пати
Просечна оцена од посетителите
 4,36 од 5
Оцена:

Запиши
Коментар:

 

петок, 19 април 2024
Моментно посетители: 90

Македонија низ фотографии

Галерии: 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16  (нова)
Дали знаевте дека...
 Обуката на македонската фаланга
--------------------------------
 Св. Прохор Пчињски
--------------------------------
 Св. мччка Теодотија со трите деца
--------------------------------
 Битката и Македонците во антиката
--------------------------------
 Нова обука на аскерот за Македонија
--------------------------------
Дневни случувања
 Тауресиум ќе се презентира пред јавност
 Под македонското сонце во Прага
 Архитектурата од 4 до 6 век на виделина
 Ова не е Танец, ова е чудо од Македонија!
 Инаугуриран четвртиот македонски претседател

Македонски времеплов
Март
Април
Мај
Јуни
Јули
Август
Февруари
Септември
Октомври
Ноември
Јануари
Декември
 
Copyright Macedonium | © 2007-2008 Број на посетители: