Macedonium
Македониум.орг
Историја
Религија
Архитектура
Култура
Етимологија
Етнологија
Пропаганда
Новости
За Македонија
Македонизам
Анкета
Македониум прашува
Што сакате да читате на Македониум?

Вкупно гласови : 8862
резултати
Македониум музика
Благодарност до Синтезис и Bagi communications

Време
Времето во Д. Капија
Времето во Скопје
Времето во Битола
Календар на настани
Етнологија > Наративно народно творештво > Народни приказни
Царот и стариот
Сподели на Facebook
Некое време еден цар се сторил тебдил и зел неколцина од мезличот со себе, та тргнале да шетаат по градови и села за да видат кој што прави и кој што вели за царот.
Шетајќи, им дошол патот да врват покрај некој старец што си ја орал нивата, и се вратиле кај стариот да видат како ора и да го прашаат нешто.
„А бре старче, што се мачиш на старост да ораш? му рекол царот; зар немаш челад што да ти поможат, за ти на стари дни да си починеш?"
„Челадта моја, пријателе, му одговорил стариот на царот, им помага на светот, а пак јас што работам на стари дни, касмет сум на друзи, чунки двапати досега арамиите ме плениле и уште еднаш се токмат да ме пленат. Ете од тоа, пријателе, на старост орам и работам."
„Ами со двете како си: скраја али близу?".
„Многу близу сум со двете, пријателе," му рекол стариот.
„Ами со триесетте и два како си?"
„He чинам пари со нив, му одговорил стариот,
чунки без дваесет и осум триесет и два имам."
„Ами двата коња, ти што ги имаш, те ризаат барем троа за товарот да ти го носат?" му рекол царот.
„Колку за коњите, пријателе, не прашај, чунки двата три ги направив и одвај ми го носат товарот," му одговорил стариот.
„Ами да ти пратам неколку гуски, бре старче, му рекол царот, дали би могол да ги искубеш арно?"
„Колку за гуски кубење, пријателе му одговорил стариот, многу сум мајстор, само ако ми паднат в раце."

Откога го сврши царот разговорот со стариот, си го повел по себе мезличот и си ошол на сараи.
Фатил да им прикажува царот многу работи што видоа и сретија по патот.
Отвори збор царот со тие што беа со него и ги праша дали разбраа од тој разговор што разговараа со стариот.

Старците му ги повториле сите зборови што беше ги рекол орачот, арно ама царот нејќел да му ги кажуваат зборовите како што се рекле помеѓу стариот и царот, ами да му ги толкуваат, што било реч по реч.

„Слушајте вамо, вие старци, им рекол;
ако не ми ги докажете тие зборови што ги зборувавме со стариот што ораше, главите ќе ви ги сечам и друго ништо.
Мувлет ќе ви дадам да мислите три дни и три ноќи."

Кога ги чуја старците тие зборови од царот, му се поклонија и си отидоа дома, та седнаа да мислат кој збор каков е.

Мислија, шестаа, нито за еден збор не можеа да го расправат. Најпосле се согласија да одат кај стариот, да го молат за да им каже. Си зеле пари доста со себе и му пошле кај стариот на нива да го прашаат.

„А бре старче, вчера кога дојдовме со еден другар, наш пријател, при тебе, што те прашаше тој и што му одговараше ти? Те молиме ако не ни кажеш, оти имаме еден голем облог со другарот," му рекле.
„Ејди пријатели, зер вие сакате за бадијала марифет да се учите," им рекол стариот; за секој збор сакам по сто алтани, да така ќе ви кажам "

Кога го чуја старците тој збор од стариот, многу мака им паднало.
Се вртоа, се сукаа, бре го молија, арно ама стариот знаеше оти се пратени за да ги кубе. Видоа не видоа старците, му кандисаа на стариот и му броија на секоја реч по сто алтани за да им каже.

„Слушајте сега да ви кажам, пријатели, што ме праша вчера" вашиот другар.
Тој праша дали имам челад машка, да ми помагаат, а пак јас му кажав оти имам челад, ама се женски и се мажени, тамо им помагаат на мажите.

Двапати арамиите ме пленија и уште еднаш се токмат да ме пленат, што му реков, тоа е што две ќерки омажив и многу стока по нив дадов и за другата ќерка, што ја имам, има да давам и многу пари по неа.
Ете тоа е тој збор што му реков оти сум касмет на светот.

Што ме праша за двете, али скраја сум али близу, тој ме праша за очите али ми гледаат скраја.
А за триесетте и два што ме праша, за забите ме праша, и јас му кажав оти само четири заба имам.
А за двата коња што ме праша, ме праша за нозете дали ме ризаат; јас му кажав оти и со стапче се потпирам и одвај можам да се носам.

Ее, за гуските што ми рече да ми ги прати, за да ги оскубам, тоа е вие, што ќе ми ги давате парите.
Ете тие скришни зборови беа што ги зборувавме вчера со другарот ваш, пријатели, и вашиот другар треба да е многу мудар човек што ме прашаше така."

Откога се научија старците за зборовите, си тргнаа да ои одат.

„Јазак да ни биде," му рекол едниот на другиот, што сме мезлич покрај царот и да не знаеме колку еден селски човек итрост."

Сподели на Facebook | << Назад | Најгоре

Овој наслов е прочитан 22269 пати
Просечна оцена од посетителите
 4,38 од 5
Оцена:

Запиши
Коментар:

 

вторник, 23 април 2024
Моментно посетители: 83

Македонија низ фотографии

Галерии: 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16  (нова)
Дали знаевте дека...
 ”Алкалоид” прва фабрика на Балканот за опиум
--------------------------------
 Дахија највисок јаничарски чин
--------------------------------
 Времената мерка - “Овнов рог”, или половина век
--------------------------------
 Дисциплината кај војската на Македонците
--------------------------------
 Архелај I, најголемиот Македонски крал–реформатор
--------------------------------
Дневни случувања
 Тауресиум ќе се презентира пред јавност
 Под македонското сонце во Прага
 Архитектурата од 4 до 6 век на виделина
 Ова не е Танец, ова е чудо од Македонија!
 Инаугуриран четвртиот македонски претседател

Македонски времеплов
Март
Април
Мај
Јуни
Јули
Август
Февруари
Септември
Октомври
Ноември
Јануари
Декември
 
Copyright Macedonium | © 2007-2008 Број на посетители: