Macedonium
Македониум.орг
Историја
Религија
Архитектура
Култура
Етимологија
Етнологија
Пропаганда
Новости
За Македонија
Македонизам
Анкета
Македониум прашува
Што сакате да читате на Македониум?

Вкупно гласови : 8865
резултати
Македониум музика
Благодарност до Синтезис и Bagi communications

Време
Времето во Д. Капија
Времето во Скопје
Времето во Битола
Календар на настани
Етнологија > Наративно народно творештво > Легенди
Селото Дуброво
Сподели на Facebook
Од десната страна на реката Вардар, Неготинско, се наоѓа Старо Дуброво. Населбата е стара и во неа отсекогаш живееле мал број луѓе.
 При крајот на XIX век имало само 200 жители. Во врска со ова Ј.Г.Хан (австриски патописец) спомнува дека во средината на споменатиов век Дуброво претставувало чифлик од 30 христијански куќи, сопственост на една вдовица од некој си виден ага од Неготино. Во селото имало и кула и конак. Во него повикала учител за својот син.

Се до XVI век во селото живееле Македонци. Најверојатно, исламизацијата и на ова село е со онаа од другите околни села, т.е токму во овој век е извршена. Ова е времето на доселувањето Јуруци во Тиквешијата и нешто подоцна кога крстосувала коњицата на Сулејман II Величествениот. Обесправените христијани можеле да најдат спас само во примањето на исламот.Потурчениците во Дуброво живееле се до средината на XIX век кога Рушид-ага со своите насилници ги принудил да го напуштат селото.Тој дотерал едно цело крдо свињи. Муслиманите гонети од верскиот фанатизам во бесценица му ја продавале земјата и го напуштиле селото. Моќниот ага со своите противници се пресметал најжестоко.
Во едно предание се спомнува: откако го ликвидирал својот противник, му ја сардисал куќата, ја опашал со синџири и со неколку силни биволи целата ја разрушил. Агата, иако бил даден на суд во Солун, успеал да го поткупи кадијата со две златни јаболки наденати на рогови на биволот (терајќи го божем на пазар) и со полни дисаѓи жолтици. На местото на потурчениците доселувал Македонци-чифчии од ближните села : Тимјаник, Тремник, Бесвица, Бистренци,Долни Дисан, Бохула и др.

Денес во опустените населби се наоѓаат траги од христијанските и муслиманските гробишта. Се разбира, првите со остатоците од ѕидините на црквата се на едно ритче, а другите спроти нив се на друго ритче. Селото не прераснало во голема населба. Чифчиите уште во втората половина од XIX век почнале да се иселуваат од селото.

Во Неготино се населиле следните фамилии:


- Темелковци – 1 куќа (1870 год.),
- Бојаџиовци – 2 куќи (1885 год.),
- Карадаковци – 5 куќи (за нив треба да се спомне дека уште пред Уриетот а во револуционерниот вриеж, браќата Димчо, Лазо и Милан кај месноста Буните, минирале еден турски воз кој сепак не се оштетил многу; фатени се и спроведени во Штип и Солун а казната ја издржувале во “Еди Куле”. По неколку години кога со Уриетот се прогласува амнестија за политичките затвореници, тие се вратиле дома но со нарушено здравје.),
- Мајсторовци – 2 куќи (1885 год.),
- Атанасовци – 2 куќи (1890 год.),
- Кафовци – 2 куќи (1890 год.),
- Ќимовци – 2 куќи (1850 год.),
- Николовци – 4 куќи (1895 год.),
- Сврдлевци – 2 куќи (1895 год.)
- Мурџевци – 1 куќа (1900 год.),
- Трајковци – 1 куќа (1900 год.),
- Унчевци – 1 куќа (1900 год.)
- Митревци – 3 куќи (1903 год. )
- Ристовци – 3 куќи (1903 год.)
- Дубровци – 3 куќи (1860 год., но преселени во Кавадарци а пред тоа во Дуброво дошле од с. Праведник )

Во 1913 год., селото Дуброво сосем опустело. Голем број луѓе умреле од колера. Најверојатно, жителите пиејќи нечиста бунарска вода се заразиле од споменатава болест. Изумреле неколку соеви.

По I Светска војна, селото станало беглик на внуците од Рушид-ага: Талат-бег, Џумал-бег од Кавадарци и Ќемал-бег од Штип. На имотот имале неколку момци, штала 9 ѕевгари, 4 биволи и 30 кози. Тремничани преку летото работеле како аргати. Последен член од беговската фамилија бил Фаид-ага, син на Талат-бег. Имотот го задржал се до 1928 год. Со аграгрната реформа селото го заселиле 12 куќи од Босна. Тие од кралската власт добиле голема површина земја. Исто така, пред војната богатиот сточар од Галичник Апостол Черепналковски, откупил еден дел од чифликот во Дуброво каде што дотерал голем број грла овци и ги користел во зимата пасиштата на планината Серта.

За името на селото постои предание. Имено, покрај Вардар има бујни врбјаци и тополи, така што постоела една мала но густа гора во долината. Стар збор за гората е – “дубрава”. Оттука и името на селото Дуброво, што значи – “долинска гора”. Еве, неколку месности во Дуброво:

- “Острово“,
- “Бучето“ ( каде што извира вода и при тоа силно бучела),
- “Газалиште“ (каде што Вадар бил најплиток и се минувал со газење)
- “Гробиштата“,
- “Долни Чаири“,
- “Горни Чаири “ и др.

По II Светска војна, Дуброво го населиле Македонци од Егејска Македонија (нешто подолу од постарата населба). Од нив има неколку фамилии и денес.

Сподели на Facebook | << Назад | Најгоре

Овој наслов е прочитан 3443 пати
Просечна оцена од посетителите
 3,33 од 5
Оцена:

Запиши
Коментар:

 

среда, 24 април 2024
Моментно посетители: 11

Македонија низ фотографии

Галерии: 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16  (нова)
Дали знаевте дека...
 Моштите на Св.Марина
--------------------------------
 Најпознатото Асеманово евангелие од Македонија
--------------------------------
 Св. Андреј Јуродив
--------------------------------
 Мариово–македонска автономна област под Отоманите
--------------------------------
 Поимот лептерно (лефтерно – лесно)
--------------------------------
Дневни случувања
 Тауресиум ќе се презентира пред јавност
 Под македонското сонце во Прага
 Архитектурата од 4 до 6 век на виделина
 Ова не е Танец, ова е чудо од Македонија!
 Инаугуриран четвртиот македонски претседател

Македонски времеплов
Март
Април
Мај
Јуни
Јули
Август
Февруари
Септември
Октомври
Ноември
Јануари
Декември
 
Copyright Macedonium | © 2007-2008 Број на посетители: