Macedonium
Македониум.орг
Историја
Религија
Архитектура
Култура
Етимологија
Етнологија
Пропаганда
Новости
За Македонија
Македонизам
Анкета
Македониум прашува
Што сакате да читате на Македониум?

Вкупно гласови : 8867
резултати
Македониум музика
Благодарност до Синтезис и Bagi communications

Време
Времето во Д. Капија
Времето во Скопје
Времето во Битола
Календар на настани
Етнологија > Наративно народно творештво > Легенди
Селото Моклиште
Сподели на Facebook
Селото Моклиште се наоѓа од десната страна на реката Велика во близина на Ваташа.
Во оваа мала населба, македонскиот народ отсекогаш живеел. При крајот на XIX век имало 140 жители. По балканските војни бројот на куќите е 20.

За првпат селото се споменува уште во XVI век кога кир Никола со своите четири сина од селото Тимјаник изградил манастирска црква “Св. Никола” (1595 год.) на десната страна од Манастирска Река. Својата градба ја подарил на селата Моклиште и Дабниште. Кир Никола тогаш го имал сињорот на селиштето “Злешово”. Двете села биле сопственост на властелинската фамилија Дабижив. Од ова се гледа дека и во ова време сеуште има остатоци од старите македонски благороднички фамилии кои сеуште ја зачувале својата моќ и влијание.

Во селиштето “Врчва” постоела населба. При обработката на земјата од страна на селаните се откриени: венци од врчви, огништа со пепел, катови ѕидишта, остатоци од селска чешма со мрамор и сл. Додека во месноста “Градиште” и “Солиште” се откриени плочи со натпис, гробишта, статуи, најверојатно, од некоја римска или византиска населба. Веднаш каде што се спојуваат Манастирска Река и Велика се издига сртот “Градот” каде што е откопан римски лагум.

Над селото Моклиште сосем горе на сртот, се извишува како споменик една еруптивна стена, позната кај мештаните по името “Болвински Камен”. Името на каменот се поврзува со некое старо божеството Болван. Самиот камен претставувал едно светилиште каде се принесувале жртви и упатувале молитви, што се е остаток од дамнешни претхристијански ритуали и времиња на многубоштвото.

Веднаш над селото имало црква и до неа стaри гробишта. Според едно предание, токму кога неколку жени на Мртвен отишле да раздаваат за задушница кај црквата “Св. Атанас”, се струполил еден рид поклопувајќи го целото место со црквата, чешмата и жените. Водата со текот нa времето тука завирувала (оваа месност денс се вика “Езеро”). Подоцна кога се вршело ископување, се пронајдени остатоци од црквата, чешмата со дабовите корита и гробиштa. Под селото се наоѓал манастирот “Св. Петка”. Името на селото се поврзува со изворот “Млак” што се наоѓа близу населбата. Околу него земјата е секогаш мокра. Така по зборот “мокриште”, селото го добило името - Моклиште. Буквално означува место каде има многу вода, еден вид на млачиште, водоврична земја. Еве неколку чешми во селото и надвор од него:
- “Моклишка Чешма“,
- “Кочова Чешма“,
- “Канина Чешма“,
- “Вирот“ и
- “Садевите“.

Се до 1912 год. селото претставувало чифлик на неколку браќа бегови од Кавадарци: Аџи-Омер-бег, Али-бег, Аџи-Амед-бег и Мехмед-бег.

Чифчиите се занимавале со сточарство и земјоделие. Секој бег имал своја кула во селото, а Али-бег имал две. Во нив држеле свои момци и ќаи, земјата ја обработувале со неколку ѕевгари. Секој чифчија годишно на бегот давал од 40 до 80 канти жито како ќесим.

По Првата светска војна беговите пак дошле во селото и го барале ќесимот за минатите години. Тогаш селаните ја откупшиле земјата со злато. Пред тоа, морале да се задолжуваат кај лихварите.
Манастирот во селото Моклиште имал свој имот. Уште при крајот на XVII век Карапаша делумно му го одзел имотот на манастирот. Него го оддржувале ваташани. Во манастирот работеле десетина момци како овчари, орачи, говедари; одгледувале 40 до 50 глави крупен добиток, 400 грла овци, булук, свињи, крави; нивите што припаѓале на манастирот ги обработувале со неколку ѕевгари. Момците биле од околните села. Селаните од селото Моклиште на определен празник давале курбан на манастиорот.

Од легендите за ова село една посебно привелекува внимание. Имено, според сеќавањето намештаните, во селото Моклиште при крајот на XIX век живеела некоја си “Машка-Магда”, висока и силна, смела и дрчна жена што им пркосела на турските насилници. Не само што пркосела но многумина и ќе ги спаси само среќа а некои пак ќе немаат среќа, та ќе паднат од нејзината рака.

Таа била родена во селото Бунарче. Мажот и загинал како турски војник. Една вечер нејзината куќа ја сардисале двајца насилници. Не им се исплашила. Натрапниците со појасите се спуштале преку баџата. Таа ги предитрила. Еден од нив го убила, а другиот едвај и куртулил и преплашено избегал. Но морала по ова да се пресели како чифчијка кај Али-бег во Моклиште. Одела секогаш наоружана. Во појасот носела кубур, ками, три големи сојки; пушела луле, го палела со чакмак. Дури и кога спиела под перница држела оружје. Еден друг насилник поминал само со рана и тоа само заради што го растурал орото на некоја слава.

Како и да е селото Моклиште одамна веќе го нема. Последните куќи се раселуваат од него по 1945 год., а денес само останала месноста и некои незначителни остатоци што укажуваат дека некогаш имало населба.

(Користени извори: - “Судбини и населби - легенди“, Неготино, 1981 год., Киро Андонов, повеќе наратори).

Сподели на Facebook | << Назад | Најгоре

Овој наслов е прочитан 5043 пати
Просечна оцена од посетителите
 5 од 5
Оцена:

Запиши
Коментар:

 

петок, 26 април 2024
Моментно посетители: 28

Македонија низ фотографии

Галерии: 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16  (нова)
Дали знаевте дека...
 Ала уд Дин Мухамед Калдји, втор Александар
--------------------------------
 Св. мч. Георгиј Кратовски
--------------------------------
 Македонците и воената економија на силите
--------------------------------
 Држава, етимолошко поимање
--------------------------------
 Првиот златен медал на македонски фотографи
--------------------------------
Дневни случувања
 Тауресиум ќе се презентира пред јавност
 Под македонското сонце во Прага
 Архитектурата од 4 до 6 век на виделина
 Ова не е Танец, ова е чудо од Македонија!
 Инаугуриран четвртиот македонски претседател

Македонски времеплов
Март
Април
Мај
Јуни
Јули
Август
Февруари
Септември
Октомври
Ноември
Јануари
Декември
 
Copyright Macedonium | © 2007-2008 Број на посетители: