Macedonium
Македониум.орг
Историја
Религија
Архитектура
Култура
Етимологија
Етнологија
Пропаганда
Новости
За Македонија
Македонизам
Анкета
Македониум прашува
Што сакате да читате на Македониум?






Вкупно гласови : 8828
резултати
Македониум музика
Благодарност до Синтезис и Bagi communications

Време
Времето во Д. Капија
Времето во Скопје
Времето во Битола
Календар на настани
Етнологија > Наративно народно творештво > Легенди
Селото Сопот
Сподели на Facebook
Селото Сопот лежи на левата страна на долината Велика. Населбата е стара и била седиште на тиквешките ајани (ајан-значи управник на една област). Во минатото, селото прераснува во касаба.
Прв ајан кој поставил конак е Карапаша од Дебар. Се населил при крајот на XVII век, кога за првпат во Тиквешијата пљачкосувале Арнаути од Дебарско и опустеле многу населби, меѓу кои и градовите Тиквеш и Дукена. Ја зазел кулата и се утврдил во неа. Многу се осилил, се распашал и направил невидени зулуми. Најпрвин делумно ги потурчил Сопотчани и како заим (спахија кој собирал турска војска и уживал десеток од христијанските села) имал малку приходи, та започнал да создава чифлици во тиквешките села. Откако го опљачкал манастирот “Полошко”, му го одзел имотот, ги протерал калуѓерите, исто така, ги раселил и Македонците рисјани од селото Полошко. На нивно место доселувал бегунци, како идни негови чифчии. Создал чифлик во селото Драгожел. Ги земал вакафите на манастирот “Моклиште” (селата Моклиште и Дабниште) и во нив формирал чифлик.

Во селото Сопот има две маала: “Горно Маало” (денес- Горни Сопот) и “Долно Маало” (Долни Сопот). Преку реката Велика (“Луда Мара”), се наоѓало во минатото “Чифличко Маало”. Се до Балканските војни “Горно Маало” имало: 28 куќи, а “Долно Маало” 14 куќи, во кои живееле муслимани. Сепак, селото до крајот на XIX век имало и Македонци-христијани. Според една статистика во селото живееле 130 Македонци и 225 муслимани. Но во овој период Македонците веќе почнуваат нагло да се иселуваат. Раселување од селото имало и пред тоа. Христијаните го напуштале селото и еден дел од нив ја заселиле месноста “Црквиче”, а сиромашни муслимански селани се заселиле во “Лепово”. Нaјстaри муслимански фамилии во село Сопот се: Рушидспахиовци, Гореновци, Камбоновци, Јузуновци, Карапошовци (Зајимовци), Бесвичевци (избегале од село Бесвица од чумата) и Муаџировци.

Муслиманите од селото имале џамија, заградени со високо кале, а во дворот се закопувале видни оџи, бегови, дервиши и.т.н, додека другите Турци се закопувале преку реката Велика (Луда Мара). Муслиманите се задржале се до меѓу двете светски војни. Се иселиле во Мала Азија во 1927 год. Последни аги и бегови што биле во селото се: Кадр-бег, Зија-бег, Адема-бег, Омер-ага и др. Во селото имале свои чифлици на коишто работеле од 5 до 6 четвртџии. Пред да се иселат, земјата им ја откупувала кралската власт на која заселиле 15 куќи Унгарци.

Денешните жители на селото се новодојдени. Македонците започнале да се населуваат уште од 1925 год.. Меѓу првите дошле Пановци од Горни Дисан: браќата Петре, Лазо и Блажо Панови и нивните братучеди Цандо и Коло Панов. Од Турците земјата ја откупувале со злато. Наскоро се доселиле:

Димо и Јован Стојчеви од село Мрежичко; Камче Мантевски, Боге и Димче Ичев од селото Страгово; Лазо Пурчов од Крњево и.т.н. Во 1934 год. од Горица општина Пустец околија Корча (Албанија), се доселиле и 33 фамилии Македонци:

Нечеви – 1 куќа, Митреви – 3 куќи, Галеви – 3 куќи, Наумовци – 2 куќи, Јаневи – 1 куќи, Павловци – 2 куќи, Велјанови – 1 куќа, Кузмонови – 2 куќи, Мишеви – 2 куќи, Настеви – 2 куќи, Настеви – 1 куќа, Ристови и други. Денес Сопот е со околу 200 фамилии.
  гфвдцџ
Во месноста “Каменливи Лаки”, “Црквиче”, “Кошариште”, “Лепово”, “Кладенчето” и “Грамади” се пронајдени ѕидини, огништа, врчви, катови, керамики и др. Тука во минатото имало населби. Луѓето го населувале Сопот уште од најстари времиња, привлечени од рамното и плодно поле. Сопотчани при копање на темелите од куќите откриле повеќе стари бунари, гробишта,ѕидини, црквиче и.т.н.

Некои од месностите:
- “Каменливи Лаки” (од старата и запустена населба селаните земале изделкани, калаплии камења за изградба на куќи),
- “Св. Јован” (во минатото имало црква, подоцна разрушена од Турците),
- “Грамади”,
- “Чуката”,
- “Пасмандоља”,
- “Лепово”,
- “Вршникот”,
- “Садови”,
- “Грнчарица” (каде што се изработувала керамиката и садовите),
- “Војчов Гроб”,
- “Кладенчето”,
- “Лазарица”,
- “Смолникот” (тука имало бресја и вода каде што пладнувала и се напојувала селската стока. Еден ден направила штета на нивите на некои си бег и по негова наредба водата била затруена и затната. По некое време излегла дури во Рибаречко-Росоман),
- “Уш`те”,
- “Љубош” (тука селаните им била “мерата“ и стоката се напасувала и др.

Селаните курбан давале на две места: муслиманите на гробиштата, а христијаните кај црквата “Св. Атанас“. Црквата била разрушена. Во нејзиниот двор имало римски гробишта каде што е пронајдена една стара голема статуа и плоча. Статуата претставувала бремена жена и била оштетена без една рака и глава но тие се отпосле одкинати. Имено старите Сопотчани прикажуваат дека за време на војната (1915 год. ) во црквата била сместена кујната на француските војници. Еден војник и ја откинал главата на статуата (била голема цела статуа па главата полесно се транспортира а и самата е вредна и без торзото и другото), ја земал и ја занел во Франција за тамошен музеј. Додека пак на едната мермерна плоча се исклесани од левата кон десната страна две детски глави, аво средината се наоѓа глава на мајка.
Двата споменика ги направил според едно предание, некој римски владетел на кого му умрела жената при породувањето на две близначиња. Од голема жал и подигнал споменик на гробиштата. Денес плочата е вѕидана на десната страна од врата на црквата, а статуата се чува внатре во црквата (з.н ова во 1980 год.).

Уште во 1926/27 год. првите доселеници Петре и Лазо Панов, Димо и Јован Стојчев ја поправиле селската црква. Во тоа нешто помогнале муслиманите кои донеле исклесани камења од селото Црвени Брегови.

(Користени извори: - “Судбини и населби - легенди “, Неготино, 1981 год., Киро Андонов, повеќе наратори).

Сподели на Facebook | << Назад | Најгоре

Овој наслов е прочитан 5291 пати
Просечна оцена од посетителите
 4,84 од 5
Оцена:




 
Запиши
Коментар:

 

петок, 29 март 2024
Моментно посетители: 34

Македонија низ фотографии

Галерии: 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16  (нова)
Дали знаевте дека...
 Св. вел. мч. Анастасија Узорешителница и др со неа
--------------------------------
 Преп. Теофил исповедник
--------------------------------
 Абодрити, словенско племе во Дакија
--------------------------------
 “Соломоново клејмо” – заштита од зло
--------------------------------
 “Дромон” е најпознатиот византиски воен брод
--------------------------------
Дневни случувања
 Тауресиум ќе се презентира пред јавност
 Под македонското сонце во Прага
 Архитектурата од 4 до 6 век на виделина
 Ова не е Танец, ова е чудо од Македонија!
 Инаугуриран четвртиот македонски претседател

Македонски времеплов
Март
Април
Мај
Јуни
Јули
Август
Февруари
Септември
Октомври
Ноември
Јануари
Декември
 
Copyright Macedonium | © 2007-2008 Број на посетители: