Macedonium
Македониум.орг
Историја
Религија
Архитектура
Култура
Етимологија
Етнологија
Пропаганда
Новости
За Македонија
Македонизам
Анкета
Македониум прашува
Што сакате да читате на Македониум?

Вкупно гласови : 8862
резултати
Македониум музика
Благодарност до Синтезис и Bagi communications

Време
Времето во Д. Капија
Времето во Скопје
Времето во Битола
Календар на настани
Етнологија > Наративно народно творештво > Легенди
Селото Калањево
Сподели на Facebook
Калањево се наоѓа во Неготинско на левата страна од Раечка Река, под планината “Бел Камен”.
Селото спаѓа во оние стари населби што постоеле уште пред доѓањето на Турците. Во почетокот живееле само Македонци но од XVI век го засилило поголем број Јуручки фамилии. Турците се задржале се до 1913 год. кога се иселиле во Мала Азија.

Во средината на XIX век во селото имало 17 муслимански и 13 христијански куќи. Додека соседните села: Долни Промет имало 30 муслимански куќи а Брусник и Пештерница по 15 куќи.
Во Калањево има многу чешми:

- “Шарената чешма”,
- “Дедо Јаковата чешма” (ја направил дедото Јако за душата на син му Фило кој го убиле кај “Габер-Кајна” и му го плениле стадото),
- “Велиова чешма”,
- “Долната чешма” (еден подолг период ја оддржавала Карабеќерница за себап на сина си, убиен за време на војните. Но кога се иселила од Калањево му оставила на еден христијанин неколку дрва ореви и ниви за да ја оддржува чешмата),
- “Тодорова чешма”,
- “Крстевата чешма” и
- “Џамиската чешма”.

Надвор пак од селото се следните чешми и води:

- “Караѓоз” (Црно око),
- “Богоевската чешма”
- “Капеж чешма”
- “Белата чешма” (ја направиле Богоевци и тука им биле нивите)
- “Лековитата Вода”,
- “Бунарот” (главата и длабока како бунар)
- “Здражопиле”
- “Изворот” (место каде извира реката. Според едно предание го пресушиле беговите, а неговите води пробиле дури во Велуса),
- “Габер-Кајна” (извор) и
- “Батаци” (извор).

По балканските војни куќите во селото биле распоредени во следните маала:

- “Горно Маало” – 3 куќи,
- “Оттадњо Маало” – 4 куќи,
- “Омерлер Маало” – 1 куќа или вкупно – 18 куќи.
Пред споемантите војни во Калањево живееле 100 Македонци и 202 муслимани во 40 куќи (распоредени низ “Шакалар и Омерлер Маало”).

Селаните се сточари и земјоделци. Работеле на“своеско”. Имало и неколку чифлички фамилии на бегот од Синановци од Кавадарци. На сред село се наоѓале кулата (запалена 1912 год.) и “Бегниските Гумна” каде се собирал спаилокот, веднаш до“Шарената чешма” ( ја направиле Турците и ја обоиле. Тука бегот доаѓал лете и се одмарал кај чешмата под ладната сенка на лозницата. Селаните по ред го служеле и му носеле богато јадење. (Во месноста “Раец”) на една планинаска рамница се наоѓале бегинските нивја, гумна, плевни и трла. Денес, се уште, од нив има остатоци. Во непишаната хроника на селото се споменува дека на“Долната чешма” бил убиен еден бег од негов“пријател” од Кавадарци. Убиството станало, поради тоа што не можеле да се разберат кој од нив да ја земи и да ја потурчи една убава мома.

Места во селата се:

- “Падарница (возвишение на кое постојано стражарел турски падар и од каде го набљудувал теренот. Христијаните Македонци тука му носле ручеци)
- “Мандра“ (близу “Белата Вода” каде биле бачилата, мандрите на браќата Ефто и Лазо кои чувале секој по 500 кози, по 2-3 момци, по 2 ѕевгари, по 20 глави едер добиток. Тука изработувале и сирење),
- “Ќумурница“ селаните тука правеле ќумур, а потоа го продавале на ковачите во Неготино и др. места),
- “Солиште“ (се крмела селската стока на камењата, има и знаци сеуште од козји стапалки),
- “Манастирбаир“ (некогаш во стари времиња постоел манастир, има од него остатоци),
- “Ѓуровец“ (се наоѓа веднаш до селото и кога е денот Ѓурѓовден селаните тука играат и изнесуваат јадења да ручаат заедно),
- “Ранѓела“,
- “Раец“,
- “Гробиштата“,
- “Обесената Коса“,
- “Дервишевото Гумно“ (тука бил имотот на некој дервиш “море облечен во антерија-бубаќерлија, докај под колената; носел нож-јатаган што му висел од појасот; чифт-пиштоли; пушел во чибук-седефлија, а во рацете само ги местел бројаниците, правел чак-чак и се шетал кај имотот“. Имал ниви, плевни на кои работеле чифчии),
- “Џамаларски Гробишта“ (веднаш под селото каде што се начекале и истепале две групи џамалари и тука ги погребале истепаните)
- “Јуручки Друм“ (по сртот на планината Серта. Се служеле најповеќе Јуруци, на пазарот во Штип носеле: маџун во кожени тулуми, мед, грав, ќумур за каурите криел неизвесност) и др.

Ниви пак во Клањевско се:

- “Вишеглав“,
- “Малотрн“,
- “Бунар“,
- “Бабагунино Нивче“,
- “Драчевица“,
- “Грамади“,
- “Чамири“,
- “ Горна и Долна Драгоња“,
- “ Лилјакот“ и др.

Македонците христијани ги имале тесните странливи ниви во орманите. Тие биле копачишта. Најпрвин се сечела шумата и се разработувала земјата зашто подобрите ниви ги држеле Турците. Под селото се наоѓаат христијанските гробишта и остатоци од некогашната црква. Турците многу рано ја разурнале. На црквата селаните давале курбан.

• Легендите на Кaлањево

Џамијата се наоѓала во турските маала. По Првата светска војна ја запалила една жена. Имено, таа живеела во една просторија и нејзиното магаре ја турнало сламата што наскоро била опфатена од огнот.

Македонците честопати се напаѓани од арамии. Неколкумина се убиени ама имале и храбри мажи од кои и арамиите се плашеле. Еден од нив бил и Јован Божинов, силно и смело мажиште. Селаните го имале како заштитник, еден вид јасекчија ги чува сватовите и невестите за време на свадбите или во други случаи кога оделе на пазар. Арамија не смеел да се приближи штом разбирал дека е Јован во близина, зашто на овој многу не му требало, што ќе намислел многу време не трошел да го изврши. Дури и чувањето сватови и пазарџии му изгледало кротка и бездзелничка работа оти немал закачка, бегале арамиите. Е кога видел дека е така, еден ден се одметнал, сега имал полна слобода тој да закача кого сака и до кога сака. Одма удрил по еден бег-насилник кој беше го тормозел и пљачкал народт, Јован му влегол и му пленил неколку кози, овци и еден коњ на бегот а по тоа и на други катиљи напаѓал.

Ама по некое време беше паднал болен. Си дошол дома кришум за да го лечат .Турскиот арамбаша Абди-Капетан го открил. Порачал да излезе над селото. Калањевските Турци го советувале да не излегува. Тој не ги послушал, ниту пак се уплашил иако болен. Без оружје сам му излегол на двобој на арамискиот арамбаша кој немал храброст да се бори па од далеку фрлил со пушката. Јован паднал погоден токму над селото. По ова турската чета пак со фрлање од пушките го напуштила селото. Од арамиите, убиени се овчарите : Андон Камчев, Фило Јаков, Диме Богоевски и др.

За селото нема посебна легенда но од постарите се објаснува дека Калањево го носи своето име од тоа што во него се наоѓаат мноштво светликави камења, налик на калај па од калајот и името Калањево.
Меѓу двете војни калањевци на пазарот во Неготино носеле: дрва, ќумур, волна, козина, (ја продавале на мутавџиите за изработка на вреќи, зобници, постилки и сл.), сирење, мед, р`ж, стока и.т.н. Преку реката Вардар поминувале со скелиња.

Денес селото нема жители.

Пред крајот на 80-тите години од XX век се иселил и последниот жител – Стојан Јанев. Пред него последни фамилии што го напуштаат селото се: Димчеви – 1 куќа, Богоевци - 4 куќи, Петковци – 1 куќа (слава Св.Аранѓел), Недевци – 1 куќа, Јакови (Јаневи) – 1 куќа, Ќировци – 1 куќа (слава Св. Аранѓел), Ристовци – 1 куќа, Петрови – 4 куќи, Камчевци (Буровци) – 1 куќа, Трпкови – 1 куќа и Божинови – 1 куќа, Најголемиот број од селаните на Калањево се доселуваат во Неготино а неколкумина се населуваат во селото Војшанци.

(Користени извори: - “Судбини и населби - легенди“, Неготино, 1981 год., Киро Андонов, други наратори).

Сподели на Facebook | << Назад | Најгоре

Овој наслов е прочитан 2961 пати
Просечна оцена од посетителите
 3,25 од 5
Оцена:

Запиши
Коментар:

 

вторник, 23 април 2024
Моментно посетители: 23

Македонија низ фотографии

Галерии: 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16  (нова)
Дали знаевте дека...
 Воениот плен кај Македонците
--------------------------------
 Најголем рудник за воденички камења
--------------------------------
 Музејот како поим потекнува од деветте музи
--------------------------------
 Македонскиот антички штит бил дрвен
--------------------------------
 Најкрволочното куче од антиката и Македонците
--------------------------------
Дневни случувања
 Тауресиум ќе се презентира пред јавност
 Под македонското сонце во Прага
 Архитектурата од 4 до 6 век на виделина
 Ова не е Танец, ова е чудо од Македонија!
 Инаугуриран четвртиот македонски претседател

Македонски времеплов
Март
Април
Мај
Јуни
Јули
Август
Февруари
Септември
Октомври
Ноември
Јануари
Декември
 
Copyright Macedonium | © 2007-2008 Број на посетители: