Macedonium
Македониум.орг
Историја
Религија
Архитектура
Култура
Етимологија
Етнологија
Пропаганда
Новости
За Македонија
Македонизам
Анкета
Македониум прашува
Што сакате да читате на Македониум?






Вкупно гласови : 7448
резултати
Македониум музика
Благодарност до Синтезис и Bagi communications

Време
Времето во Д. Капија
Времето во Скопје
Времето во Битола
Календар на настани
Етнологија > Фолклор > Македонски фолклорни ансамбли и друштва
Ансамбл Танец
Сподели на Facebook

“Танец” е име кое пет децении е симбол на македонската култура и уметност, пет децении на своето постоење е амбасадор и презентер на македонското фолклорно творештво кај нас и на сите континенти на земјината топка.

Пет децении е подвижен музеј на она најубавото, исконското, непроценливото, македонското фолклорно благо кое претставува идентитет и историја на македонскиот народ.
Ансамблот за народни игри и песни на Македонија “Танец” е формиран со Указ на владата на Република Македонија во 1949 година, како потреба на македонската култура, со цел да го собира и негува македонското фолклорно богатство: орото, песната, инструментите, богатите оригинални носии и да го презентира во земјава и надвор од неа преку концерти, фестивали и други приредби од областа на културата.

Покрај негувањето на фолклорното творештво, ”Танец” веќе пет децении народните обичаи, игри, песни и носии, преку успешните кореографски постановки ги преточува во колорит и префинет израз на играње, пеење и презентирање на убавите оригинални носии изработени пред повеќе децении, кои представуваат амблем на македонската култура.

Со високата уметничка презентација на овие кореографски поставки Ансамблот со години ја освојува публиката.
Во своето педесетгодишно постоење, од посебно значење е првото претставување надвор од Македонија, поточно на меѓународниот фестивал во Ланголен-Англија во 1950 год. и добивањето на првата награда што е историски настан за Ансамблот, но и за македонската култура.Всушност, овој настан е потврда за ансамблот во успешното презентирање на македонското фолклорно богатство.
Во педесетгодишното презентирање на фолклорното творештво кај нас и во светот, Ансамблот има настапено на над 3500 концерти, фестивали и други културни приредби, со над осум милиони посетители.За успешноста на овој наш презентант зборуваат големиот број награди, дипломи, благодарници и признанија добивани по разни поводи, концерти и сл., меѓу кои и републички награди “11 Октомври”, ”Климент Охридски” и “13 Ноември” на град Скопје.
Како доказ на уметничкиот квалитет на играњето, пеењето, музиката и колоритот на носиите се големиот број позитивни критики, афирмативните написи и статии од врвни стручњаци од областа на фолклорот, во разни списанија, радио и телевизиски емисии и слично, од кои дел пренесуваме во оваа Монографија.

Во овие изминати децении со програмите се опфатени голем број народни ора, песни и обичаи од повеќе краишта на Македонија меѓу кои и “Тешкото”, како симбол на македонското оро, ”Невестинско”, ”Комитско”, ”Чифте”, ”Калајџиско”, ”Тресеница”’Осоговка”, ”Драчевка” и други, кои се само дел од она со што располага “Танец”.
Во својата благородна културна мисија, ”Танец” е во постојана и тесна соработка со македонските иселеници во дијаспората.Во таа смисла се организирани и голем број концерти во сите земји каде што живеат македонски иселеници.Тој континуирано ги помага културно-уметничките друштва во земјава и во странство во квалитетното поставување и пренесување на играорната традиција.

Ансамблот “Танец” како организација од посебен општествен интерес од областа на културата и во натамошниот период ќе ја продолжи својата благородна културна мисија во негувањето и презентирањето на македонското фолклорно творештво во земјава и надвор од неа.

На репертоарот ќе постави и нови кореографии на игри од разни краишта на Македонија.
Како дел од таа традиција се и градската песна и игра на кои во наредниов период ќе им се посвети поголемо внимание, односно ќе се формираат ансамбли кои ќе ја негуваат и презентираат оваа убава македонска песна.
Во склоп на “Танец” повторно е активирано детското младинско студио, во кое од најмала возраст кај децата се развива љубовта кон негувањето и презентирањето на фолклорното творештво.
Тоа студио представува всушност училиште за фолклорни играорци кои, преку својата програма за работа си изградуваат до врвни професионалци.Овој мал “Танец” во наредниов период ќе учествува на концерти, фестивали и други приредби кај нас и во странство.

Во наредниов период “Танец” ќе започне и со издавачка дејност.Во подготовка е материјал за видео, аудио и компакт-диск со кореографии и музичка обработка на ора и песни од репертоарот на ансамблот.
Со цел да се зачува од пропаѓање, а истовремено и да се збогати фундусот на народни носии се предвидува откуп на оргинални носии од повеќе краишта во Македонија.

“Танец” ќе биде и организатор на низа семинари за раководители на играорни друштва.Од формирањето до денес во ансамблот активно се вклучени над 200 вработени..Денес има 42 редовно или повремено вработени во уметничкиот дел(9 надворешни), како и 9 вработени вклучени во реализацијата на програмата кои се гаранција за успешно презентирање на македонското фолклорно творештво.

Секако, за овие успеси на Ансамблот денес немаше да говориме, ако во овие 50 години голем број организации, поединци и институции како од земјава така и надвор од неа не го помагаа и поддржуваа.Затоа, голема благодарност до сите нив, а и до оние што се сеуште вклучени во успешната работа на Ансамблот.

http://www.tanec.com.mk

Сподели на Facebook | << Назад | Најгоре

Овој наслов е прочитан 7815 пати
Просечна оцена од посетителите
 5 од 5
Оцена:




 
Запиши
Коментар:

 

среда, 16 август 2017
Моментно посетители: 59

Македонија низ фотографии

Галерии: 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16  (нова)
Дали знаевте дека...
 Најголема археолошка акција со светот
--------------------------------
 Федерација-од Јустинијановите “федерати” (Варвари)
--------------------------------
 Вампирите кај Македонците уште во XII век
--------------------------------
 Деветте Музи се од Македонија.
--------------------------------
 Македонците и мечот
--------------------------------
Дневни случувања
 Тауресиум ќе се презентира пред јавност
 Под македонското сонце во Прага
 Архитектурата од 4 до 6 век на виделина
 Ова не е Танец, ова е чудо од Македонија!
 Инаугуриран четвртиот македонски претседател

Македонски времеплов
Март
Април
Мај
Јуни
Јули
Август
Февруари
Септември
Октомври
Ноември
Јануари
Декември
 
Copyright Macedonium | © 2007-2008 Број на посетители: