Macedonium
Македониум.орг
Историја
Религија
Архитектура
Култура
Етимологија
Етнологија
Пропаганда
Новости
За Македонија
Македонизам
Анкета
Македониум прашува
Што сакате да читате на Македониум?

Вкупно гласови : 8866
резултати
Македониум музика
Благодарност до Синтезис и Bagi communications

Време
Времето во Д. Капија
Времето во Скопје
Времето во Битола
Календар на настани
Етимологија > Етимологија на македонскиот јазик > Етимолошки поими
Етимологијата и помошните историски науки
Сподели на Facebook

Палеографијата е помошна историска наука која го проучува потеклото, процесите на развојот и појасите на ширењето од старите писма (научен термин, “палиос” = стар, и “графе” = писмо).

Пошироко, палеографијата истражува се што од остатоци на стари писма во било кој материјал (камен, платно, дрво, восок, папирус, пергамент, хартија).

Палеографијата е важна помошна историска наука, историчарите ја изучуваат заради проучување на изворите и потеклото на етимолошките и др. особености од старите писма (но и филозофите, правниците и економистите, со што се определува општата историска вредност на соодветното писмо).

Палеографијата е помошно средство со кое длабоко се навлегува во времето на настанокот на некое писмо, во културната средина каде токму тој вид писмо се развил, заради што оваа дисциплина е дел на општата културна историја. Ова се одразува и на проучувањето од нашето минато, минатото на македонското тло и македонскиот народ.

Инаку како посебна наука започнува во XVI век во Болоња, каде е основана катедра за палеографија, чија цел во прв ред е читање на стари ракописи. Во 1580 год. студентите од Болоња го добиваат првиот учебник по палеографија, под наслов “Bibliografija”, чиј автор е Ulisse Aldrovandi.
Подоцна, Johannes Bollandus (1596-1665), фламански исусовец, со соработниците во Анверс 1643 год. ги издава “Acta Sanctorum” (A.A.S.S), со што напредува и историската критика на изворите, зашто овие “Acta” биле обработени со критичен и научен метод дотогаш непознат и неупотребен. Продолжувачи на делото од Bollandus се Danlel Papebroch (Papebrock) и Gottfried Hanschen а по нив и Fratres Bollandiani, но сите ќе имаат свои критичари од што ќе произлезат нови методолошки приоди во развојот на палеографијата.
Jean Jacques Mabillon (1632-1707) познат француски и европски научник сакајќи да го негира Papebroch на работата и приоѓа со огромни подготовки и студирање на се што наидувал по француските библиотеки. Плод на таа студиозност е делото од 1681 год. кое станува база за помошните историски науки како дипломатиката и палеографијата, а кое гласи :

“ De re diplomatica libri sex. In quibus quidquid ad veterum instrumentorum antiquitatem, materiam, scripturam et stilum; quidquid ad sigilla, monogrammata, subscriptiones, ac notas chronologicas; quidquid inde ad antiquariam, forensemque disciplinam pertinet, explicatur et illustratur”.

Делото излегува во Париз и расправа не само за дипломатиката туку и за историјата на правото, археологијата, сфрагистиката, хронологијата и палеографијата. Станува основ за палеографијата т.е систематското проучување во развојот на писмото (особено латинското).
Новата пресвртница во развојот на палеографијата е од Италија, таму Scipidon Maffei (1675-1755) италијански книжевник и поет дава еднаков допринес и во палеографијата и во филологијата. Врз анализа на бројни стари ракописи кои ги пронаоѓа во каптолската библиотека во Верона (1713), тој ја истакнал мислата за генетичкиот процес на латинското писмо.
По натамошните расправи, J.Ch.Gatterer (1727-1799) универзитетски професор, во Гетинген внесува нови методи на природните науки во поглед на класификацијата и систематизацијата на сите видови писма.Сепак во неговото “Elementa artis diplomaticae universalis” (Гетинген, 1765) се забележуваат и погрешни сфаќања за палеографијата па поголемо влијание постогнува наследникот C.T.G. Schonemann.

Во Франција палеографијата како наука во текот на XIX и XX век ја унапредиле 4 париски научни установи :
Academie des Inscription et Belles Lettres
Ecole des Chartes
Ecole pratique des Hautes Etudes и
Bibliotheque Nationale

Сепак најзаслужна за развојот на помошните историкси науки е “Ecole des Chartes”, настаната 1821 год. а реорганизирана 1846 год.(а образува и стручњаци, библиотекари и архивисти низ повеќегодишни обуки од помошните науки). Од неа е значајниот и прв учебник “Elements de Paleography” во два тома, кој излегол во 1838 год., напишан од N. De Wailly, наставник по палеографија.

Сподели на Facebook | << Назад | Најгоре

Овој наслов е прочитан 6344 пати
Просечна оцена од посетителите
 4,75 од 5
Оцена:

Запиши
Коментар:

 

четврток, 25 април 2024
Моментно посетители: 93

Македонија низ фотографии

Галерии: 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16  (нова)
Дали знаевте дека...
 Цесија
--------------------------------
 Раката на „Св. Георгиј Победоносец“– во Македонија
--------------------------------
 Македонското вилино ракче, единствено во светот
--------------------------------
 Македонија прва по ранохристијански локалитети
--------------------------------
 Целиот учен свет на антиката – во Александрија
--------------------------------
Дневни случувања
 Тауресиум ќе се презентира пред јавност
 Под македонското сонце во Прага
 Архитектурата од 4 до 6 век на виделина
 Ова не е Танец, ова е чудо од Македонија!
 Инаугуриран четвртиот македонски претседател

Македонски времеплов
Март
Април
Мај
Јуни
Јули
Август
Февруари
Септември
Октомври
Ноември
Јануари
Декември
 
Copyright Macedonium | © 2007-2008 Број на посетители: