Macedonium
Македониум.орг
Историја
Религија
Архитектура
Култура
Етимологија
Етнологија
Пропаганда
Новости
За Македонија
Македонизам
Анкета
Македониум прашува
Што сакате да читате на Македониум?

Вкупно гласови : 8866
резултати
Македониум музика
Благодарност до Синтезис и Bagi communications

Време
Времето во Д. Капија
Времето во Скопје
Времето во Битола
Календар на настани
Етимологија > Етимологија на македонскиот јазик > Современ македонски литературен јазик
Историјат на Семинарот во Охрид
Сподели на Facebook

Семинарот за македонски јазик, литература и култура се одржува секоја година во Охрид и има над три децениското континуирано егзистирање, но и прерасна во респектиран македонистички пункт во научната јавност ширум светот.

Почетоците на Семинарот, кој е во организација на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ од Скопје, се поврзани со 1968 год., кога тој ја започнува својата мисија за изучување и ширење на македонистиката. На првиот семинар имаше само 21 учесник од 12 странски земји. Понатамошниот интерес за учество на оваа манифестација постојано расте. Така, 1978 год. кога се одбележуваше една деценија од неговото одржување учествуваа 124 македонисти од 25 странски земји.
Предавањата што се одржуваат на семинарот се од областа на македонската лингвистика, филологија, историја на литературата, етнологијата, фолкорот, музиката, сликарството, театарот, а ги одржуваат еминентни познавачи од односните области. Содржините на Семинарот се надополнуваат и со разговори со членови на писателската асоцијација, промоција на најнови изданија, присуство на филмски проекции, театарски претстави, посета на фестивали и слично со што им се овозможува на учесниците поширока и поразновидна комуникација со македонскиот јазик. Приемот на учесниците на Семинарот за македонски јазик, литература и култура се одвива врз основа на меѓудржавните и универзитетските конвенции за соработка на Република Македонија и Универзитетот „Св. Кирил и Методиј “ од Скопје со странските земји и нивните матични универзитети, а учесниците на Семинарот имаат можност македонскиот јазик да продолжат да го изучуваат во своите земји

Извадок и преработка од Димитар Мирчев

Јазичарите, збунети, се држат за стариот Македонски речник, кој, плашејќи се од архаизми и од искуствата на „кроатизмот“, воведе такви модернизми што е за чудење - леталата се авиони и аероплани, леталиштата се аеродроми, надоместните делови се резервни делови и се сл..

Посебно е пак убивањето на јазикот со Охридскиот рамковен. Во многу населби веќе нема фирми на македонски, а ако ги има - напишани се на латиница. Фирмите, таблите, патоказите, известувањата, како да служат за етничко распознавање на сопствениците и на дуќаните или продавниците, а не за потрошувачите, патниците, болните и сите други. Да не зборуваме за јазикот на седниците, за преводите, на многубројните трибини, за изучувањето на јазикот во училиштата.

Се чини дека итно треба нешто да се направи, за да се запре ова изумирање на јазикот. Повторно навраќање на Законот за јазикот? Секако. Стриктно спроведување? Бездруго. Освежување на Речникот и на деловничките акти на државните, јавни, локални и други органи, на јавните медиуми и сите јавни институции? Без сомневање. Расправа за тоа што треба да се чини во училиштата и сиот школски систем? Сигурно. Преку ноќ? Не. Затоа ни е потребно прогласување на Година на македонскиот јазик и писмо.

МАКЕДОНИСТОТ ДР. ВОЛФ ОШЛИС

- Во интервјуто за македонскиот дневен весник “Утрински весник”,од овогодинешниот ( 2007 год. ) Семинар за македонски јазик, литература и култура во Охрид др. Ошлис ќе каже :

- “Од пред една година сум пензионер и можам да се занимавам со работи што ми лежат на срце, а тоа, пред се, се македонскиот јазик и Македонија”, вели др. Волф Ошлис, признаен македонист и редовен учесник на Семинарот за македонски јазик, литература и култура, кој се уште трае во Охрид.
- Работел во истражувачки институти на германската сојузна влада и бил вонреден професор на Универзитетот во Гист, близу Франкфурт.
- “ Во јануари годинава ( 2007 год.) објавив учебник по македонски јазик како основа за курсот по македонски за ученици што ќе го водам на Келнскиот универзитет. Овој универзитет порано имаше многу развиена традиција во однос на македонистиката. Божо Видоески своевремено беше гостин-професор. По подолга пауза ќе се обидам да ја обновам традицијата на учење на македонскиот јазик на овој универзитет. Келн се уште е престолнина на масмедиумите. Има четири големи радиостаници и уште неколку помали, многу весници и списанија. Тоа е и една од причините што активно се занимавам со новинарството, а главно пишувам афирмативни текстови за Македонија. Знаете, еден научник, кој во принцип е суетен човек сака постојано да биде печатен, емитуван, да гостува на телевизиски емисии. А Келн за тоа е најзгодното место. “


На прашањето – “Постои ли интерес за македонистиката во Германија? проф. Одговара :

“Шефот на Институтот во Келн ме замоли да почнам со предавања по македонски јазик, а истовремено интерес покажаа и неколку студенти. Еден познат славист во војната од 1948 година напиша дека македонскиот јазик истовремено е најстариот словенски јазик - мајчин јазик на Кирил и Методиј, но и најмладиот административен и училиштен јазик во семејството на словенските јазици. Мислам дека секој пристоен славист мора да се интересира и да се занимава и со македонскиот јазик. Во Германија славистиката можеби не е најбараниот предмет, а македонистиката уште помалку, за разлика од порано кога имавме неколку лекторати. Сега мислам дека има само еден институт во Хале. Но, традицијата продолжува, а интересот за македонскиот јазик е резултат на фактот дека Македонија релативно добро и е претставена во германската јавност, благодарение на радиостаницата „Дојче веле“, пред се. Со своето 30-годишно постоење ова е најстарата македонска редакција во Европа, ако не и во светот. Во весниците исто така постои интерес за Македонија. Функционира и македонско-германското друштво во Берлин. Затоа очекувам македонската надворешна политика да се држи до Германија. Тоа може да биде вредност за нас, македонистите, и за вас, Македонците. “

Што најмногу Ве интересира од Македонија?

“Ги читам големите автори како Блаже Конески и историските автори како Глигор Прличев. Но, многу се занимавам и со јазикот. Како сестран автор задолжен сум да се занимавам со се и сешто. И со јазикот и со катадневната политика, но пред се со македонскиот начин да се најде решение за политичките кавги, проблеми, спорови.”

Кои од нив, на пример?

“Па, на пример, во времето на Мисирков се зборуваше за македонскиот сепаратизам. Осумдесет години подоцна се зборуваше за еквидистанцата „Не очекувај ништо добро од соседите“, ама тоа не значи дека Македонија по секоја цена ги бара споровите, кавгите. Еве, на пример, Грција. Тука е најголемиот спор со уставното име на Македонија. Но, каков спор е тоа? Со споровите е како со љубовта, потребни се барем двајца. Ама каде е вториот учесник во спорот? Грците само се бламираат пред светската јавност и ништо повеќе.”

Имајќи предвид дека сте доброупатен во сите проблеми на Македонија, каква иднина и предвидувате?

“Сигурна, успешна и здодевна. Една мирна држава, која постојано добро се развива, од новинарска гледна точка е здодевна работа.”

Не секогаш тука е толку едноставно и здодевно...

“Но, што е лесно тука на Балканот? Сепак, споредете ја Македонија со Босна, Црна Гора. Ќе излезе дека Македонија е фантастична земја, оаза на мирот. Во 2001 година објавив книга со наслов „Македонија: воен дневник од една мирна земја“. Во неа станува збор за инфантилните обиди на Албанците да ги претворат своите вчерашни порази во нови успеси. Целиот список на нивните стари максималистички барања, меѓу кои и она за албанскиот јазик како втор државен јазик, едноставно се - непристојни дрскости! Пензии за борците на УЧК... Убијците велат: „Добро, не сме ги убиле сите Македонци. Па, ајде сега тие што останале живи нека ни плаќаат пензии“. Тоа е дрскост, не вреди да се зборува за тоа. Во Охридскиот договор сите права на малцинствата се фиксирани, но тоа се права што Албанците веќе ги уживале. Македонската политика спрема етничките малцинства, едноставно, е примерна. А, тоа што не постои заемна љубов, тоа е сосема нормално.”

Како тоа нормално?!

“Можеби не е нормално, ама етничките малцинства каде било отсекогаш имале поплаки. Неодамна во една ТВ-емисија ме прашаа дали можната поделба на Косово ќе има реперкусии на Македонија. Одговорив дека самото прашање е погрешно. Македонија е нормална држава, членка на партнерството на НАТО за мир, веројатно и сигурно членка во НАТО, кандидат за ЕУ, со реформирана армија според натовските стандарди. А Косово е полигон за терористи. Тие не знаат што сакаат, тие само се обидуваат и се обидуваат да добијат што повеќе и повеќе.”

Како ја гледате Македонија од 1975-тата кога првпат дојдовте тука и сега?

“При првата посета на Македонија се случи љубов на прв поглед. Земјата ме сака мене и јас ја сакам. Но, тоа не значи дека сум некритички расположен. Сепак, за проблемите ќе зборувам само тука, во Македонија, а надвор, секогаш ќе ја бранам. Многу уживам во природата и во контактите со луѓето. Ги набљудувам и помалите и поголемите напредоци во економската сфера.”

А има ли такви?

“Пред се. Ги знам основните проблеми - 600 илјади сиромашни и невработени. Тоа е ужасно, ама како што велат Германците „лангсам абар зихер“ (полека, ама сигурно). Македонија напредува, станува интересна земја за странските инвеститори. Се надевам дека Македонија во еден близок ден ќе биде толку интересна и од политичка гледна точка што НАТО, ЕУ не само што без неа не ќе можат туку ќе мораат да ја прифатат како членка.”


Нели е тоа преоптимистичко гледање?
 
“Ќе почнам од тоа дека Македонија има многу богат културен живот. На еден министер за култура му реков дека Македонија нема пари, ама ги троши за култура. Тукушто заврши фестивалот „Охридско лето“, се одржаа и „Струшките вечери на поезијата“. Тука секое село си има свој фестивал. Тоа е доказ за животоспособноста на Македонците врз основа на својата култура, јазик, традиција и историските искуства. Честопати тука ноншалантно се вели дека Македонците се мирољубив народ. Тие навистина се мирољубиви поради лошите историски искуства, војни и поделби, ама тоа не значи дека нивната трпеливост е бескрајна. Во војната во 2001 Македонија загуби шеесетина војници и полицајци, ама загинаа 12.000 терористи. Тоа е добра разлика и тоа кажува нешто за способноста на Македонците во краен случај да се бранат и со оружје. Една американска авторка кажа дека Македонија успева да ги претвори вчерашните противници во денешни спонзори на сопствената кауза. Овој модел треба да биде применет низ целиот Балкан. Тоа е основната вредност на Македонија и на нејзината политика.”
РИНА УСИКОВА

- На Московскиот државен универзитет „Ломоносов“, најреномираниот и најстар руски универзитет и еден од најреномираните светски универзитети, уште во 1975/76 год., започна настава на студии по македонски јазик во траење од 5 години. Дипломираните студенти на оваа катедра се здобиваат со диплома по македонски јазик во рамките на Филолошкиот факултет.

- Раководител на тие студии и нивни професор е академик Рина Усикова. Новите студенти се запишуваат откако претходната генерација ќе ги заврши студиите, а досега дипломираа шест генерации студенти, повеќе од триесет.

- Една од нив е Олга Пањкина, која сега работи како преведувач во амбасадата на Република Македонија во Москва. Од оваа катедра, во чии рамки работи и македонски лектор (цела низа наши реномирани професори беа лектори таму) има одлични познавачи на македонскиот јазик кои денес работат во разни руски институции, универзитети и министерства, па и во амбасадата на Руската Федерација во Скопје.

- Од неодамна се отиде и подалеку со оглед на развојните процеси. Имено, постои иницијатива на Славјанскиот универзитет од Москва да се изучува македонски бизнис јазик, кој ќе се предава на високообразовна институција во Русија. Овој универзитет од Москва отвори катедра за изучување на македонскиот бизнис јазик.

- Ова е за првпат македонскиот јазик да биде признат како бизнис-јазик кој ќе се изучува со 124 часа во четири семестри. Нема конкретни бројки колку руски студенти пројавиле интересирање за изучување на македонскиот јазик, но за почеток, обезбеден е стручен кадар кој ќе го предава предметот. За тоа е ангажиран официјалниот преведувач во македонскатга амбасада во Москва, Олга Пањкина.

Сподели на Facebook | << Назад | Најгоре

Овој наслов е прочитан 4614 пати
Просечна оцена од посетителите
 
Оцена:

Запиши
Коментар:

 

четврток, 25 април 2024
Моментно посетители: 50

Македонија низ фотографии

Галерии: 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16  (нова)
Дали знаевте дека...
 Единствениот Македонец од Титаник – преживеал
--------------------------------
 Археолошки истражувања и грабеж на Македонија
--------------------------------
 Заслугите на Анастасие I за градбите по Македонија
--------------------------------
 Браќа по камшик – “флагеланти
--------------------------------
 Докажувањето на младите Македонци од антиката
--------------------------------
Дневни случувања
 Тауресиум ќе се презентира пред јавност
 Под македонското сонце во Прага
 Архитектурата од 4 до 6 век на виделина
 Ова не е Танец, ова е чудо од Македонија!
 Инаугуриран четвртиот македонски претседател

Македонски времеплов
Март
Април
Мај
Јуни
Јули
Август
Февруари
Септември
Октомври
Ноември
Јануари
Декември
 
Copyright Macedonium | © 2007-2008 Број на посетители: