Macedonium
Македониум.орг
Историја
Религија
Архитектура
Култура
Етимологија
Етнологија
Пропаганда
Новости
За Македонија
Македонизам
Анкета
Македониум прашува
Што сакате да читате на Македониум?

Вкупно гласови : 8867
резултати
Македониум музика
Благодарност до Синтезис и Bagi communications

Време
Времето во Д. Капија
Времето во Скопје
Времето во Битола
Календар на настани
Култура > Филм > Македонски филмови
Време, живот
Сподели на Facebook

Филм од 1999 година

„Време, живот“ е филм кој е преадаптиран од телевизиската серија од три епизоди „Трето доба“, снимена во 1986 година. Уште оттогаш замислата била да се премонтира во игран филм и да се префрли на 35-милиметарска филмска лента, но поради материјално-техничките услови, оваа идеја не се остварила тогаш и чекала подобри времиња. Условите за реализација на таа идеја се појавија дури по 13 години од снимањето на серијата. 

Во овој филм станува збор за животот на старите луѓе во градската средина како што е Скопје, за љубовта во т.н. „трето доба“ од животот, прикажана со блага нишка на хумор, и една лирска претпоставеност на карактерите. 

Протагонистите на оваа филмска приказна се луѓе кои работат на филм - од актерите, преку филмските техничари, па сè до статистите - во текот на снимањето на филм. Животните приказни на овие филмски работници им се испреплетуваат со приказните на ликовите од филмот чие снимање е во тек. Со неколкуте перипетии во кои тие стари, но витални луѓе покажуваат една завидна енергија, инвентивност и желба за живот и љубов, во филмот - полека но сигурно, се кристализираат односите меѓу нив, за на крајот, повеќето од нив да си ги пронајдат своите животни сопатници - и вон и во филмот,
заклучувајќи дека во ниедно време од животот не е доцна да се живее со полна сила, и да се ужива во животот што на човека му е даден на располагање. 

Самиот ефект на изместеното време, онаа патина и оној дух што овој филм го носи со самиот факт дека повеќе од деценија нè дели од првичното снимање на - тогашната серија; потоа, ефектот на мекоцртач што произлегува од „blow-up”-от од 16-милиметарската на 35-милиметарска филмска лента, дава една романтична слика за луѓето и за годините кога добрината и луѓето не беа деградирани во цинизам и користољубие. Филмот така и завршува: секој со по нешто е во добивка: нова љубов, или пак возобновено пријателство... Но, затоа сите - со нов жар и нова енергија, го продолжуваат својот пат низ златната есен на нивните животи.

Режија: Митевски Иван - Копола
Сценарио: Богдановски Русомир
Продуцент: Арсовски Миле
Главни улоги: Арсова-Џундева Љупка, Јовановска - Стојановска Силвија, Костовски Душко, Николовски Тодор, Прличко Петре, Стојановски Ненад, Ќортошев Кирил
Споредни улоги: Ајрула - Тозија Сабина, Васовски Панче - Камшик, Гешовска Нада, Гешовски Димитар, Јовановски Ацо, Крстевски Драги - Амфи, Милчин Илија, Петрушевски Ванчо Иван, Пуцкова Добрила, Светиев Владимир, Спиркоски Благоја - Џумерко, Стефановски Илко, Стојанова Милица, Тодоровски Гоце
Музика: Константинов Љупчо

Сподели на Facebook | << Назад | Најгоре

Овој наслов е прочитан 5217 пати
Просечна оцена од посетителите
 
Оцена:

Запиши
Коментар:

 

петок, 26 април 2024
Моментно посетители: 34

Македонија низ фотографии

Галерии: 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16  (нова)
Дали знаевте дека...
 Пожар во Александриската библиотека од Христијани
--------------------------------
 Византија паѓа заради долгови
--------------------------------
 Крај на влијанието од Рим врз Цариград
--------------------------------
 Грижата и дарежливоста на Александар
--------------------------------
 Според сметањето на православната црква
--------------------------------
Дневни случувања
 Тауресиум ќе се презентира пред јавност
 Под македонското сонце во Прага
 Архитектурата од 4 до 6 век на виделина
 Ова не е Танец, ова е чудо од Македонија!
 Инаугуриран четвртиот македонски претседател

Македонски времеплов
Март
Април
Мај
Јуни
Јули
Август
Февруари
Септември
Октомври
Ноември
Јануари
Декември
 
Copyright Macedonium | © 2007-2008 Број на посетители: