Macedonium
Македониум.орг
Историја
Религија
Архитектура
Култура
Етимологија
Етнологија
Пропаганда
Новости
За Македонија
Македонизам
Анкета
Македониум прашува
Што сакате да читате на Македониум?






Вкупно гласови : 8827
резултати
Македониум музика
Благодарност до Синтезис и Bagi communications

Време
Времето во Д. Капија
Времето во Скопје
Времето во Битола
Календар на настани
Култура > Филм > Македонски филмови
Збогум на 20-тиот век
Сподели на Facebook

Филм од 1998 година

Филмот „Збогум на 20-тиот век“ е жанровски комбиниран филм. Со своите футуристички, постмодернистички и ирониско-пародиски жанровски обележја, филмот претставува еден полижанровски конципиран филм, со крајна цел сакајќи да промовира еден нов и релативно поинаков пристап од оние во македонскиот филм претходно.
Филмот е константно проткаен со разни библиско-митолошки теми и мотиви, па мотиви од народното творештво, како и со разни цитати и парафрази од целокупната светска филмска историја наназад, полесно или потешко препознатливи во ткивото на филмот. Самите автори тврдат дека се работи за оформување, раѓање на еден релативно спечифичен и нов жанр, што тие го нарекуваат ethno-groovy.

Структурно и временски, филмот е поделен на три дела, рамковно врзани во една поголема, релативно релаксирана целина.
Првиот дел е лоциран во една релативно блиска, претпоставена иднина. Футуристичкиот карактер жанровски доминира во овој дел од филмот. Основната приказна е базирана врз повеќе митолошко-библиски теми и мотиви, пред сè преземени од македонското орално народно творештво: најсилно препознатлива во фабулата, е легендата/митот за Болен Дојчин.

Главен лик е Кузман, Човекот-кој-не-може-да-умре. Тој врз себе го носи проклетството да не може да умре. Барајќи начин да умре, Кузман дознава од Берберот-Пророк дека на еден ѕид во Градот, чуван од Човекот-со-зелена-коса-кој-свири-на-пушка, се испишани сите човечки судбини, и дека таму е напишана и неговата. Кузман тргнува во потрага, и по борбата со Човекот-со-зелена-коса... ја открива својата судбина, и дознава дека, за да се ослободи од проклетството, треба да води љубов со сопствената сестра. Тој го прави тоа, и така успева да умре.

Вториот дел, значајно пократок од другите два, е лоциран некаде на почетокот на 20-от век. Доминира формата на квази-документарниот запис. Поточно, карактерот на овој дел е извонредна мистификација на документаристичкиот жанр. Овој квази-документарен запис зборува, наводно, за првиот инцест и казна за него - регистриран на филмска лента на Балканот.

Тука, како лик повторно се јавува Берберот-Пророк, тој е снимателот на настанот, и преку него се врзуваат двете приказни. Настанот е кус, и се работи за венчавка помеѓу брат и сестра, и егзекуцијата (како казна за инцестот) на зетот/братот веднаш по венчавката.

Третиот дел е лоциран на самиот крај на 20-от век, поточно на денот на Нова Година 2000-тата. Како доминанта се јавуваат ирониско-пародиско-цитатните жанровски карактеристики на изразот и формата.
Главен лик е Дедо Мраз, инаку потстанар во една соба во градот, кој, разочаран и изиритиран од декаденцијата и расипаноста на луѓето, посебно од работите што му се случуваат токму на денот на преодот од еден милениум во друг, решава да го уништи светот точно на полноќ, на самиот преод во новиот милениум. Како лик, на почетокот од овој дел, се јавува и Кузман, главниот лик од првиот дел - како мало дете. Таа линија во филмот, заедно со Дедо Мраз кој на крајот од филмот ги испишува судбините на идните луѓе на еден од ѕидовите во градот (оној истиот ѕид којшто во првиот дел беше цел на Кузмановата потрага, се основните нишки што ја поврзуваат оваа приказна со другите две. На тој начин и се затвора кругот во рамковната приказна на филмот, и истиот - со тоа и завршува.

 

Режија: Митревски Дарко, Поповски Александар
Сценарио: Митревски Дарко, Поповски Александар
Директор на фотографија: Самоиловски Владимир
Монтажа: Јакониќ Петар
Продуцент: Митревски Дарко
Главни улоги: Јовановски Владо, Куновска - Матевска Софија, Михајловски Тони, Ристановски Никола, Ристовски Лазар, Рубен Емил, Темелковски Петар
Споредни улоги: Ангеловска Ѕвездана, Арсовски Петар, Бабиќ Марин, Велјанова Лилјана, Ветерова Искра, Гоговски Ристо, Дуковски Ацо, Дуковски Самоил, Ендровски Владимир, Јосифовски Јосиф, Крстевски Младен, Кујача Николина, Леви Нино, Поп-Христов Кирил, Ристиќ Ирена, Стефановски Илко, Стојанова Милица, Стојановски Ненад, Трпкова Синоличка, Џамбазов Игор
Музика: Вртев Ристо

Сподели на Facebook | << Назад | Најгоре

Овој наслов е прочитан 5462 пати
Просечна оцена од посетителите
 
Оцена:




 
Запиши
Коментар:

 

четврток, 28 март 2024
Моментно посетители: 37

Македонија низ фотографии

Галерии: 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16  (нова)
Дали знаевте дека...
 Преп. Григориј Синаит
--------------------------------
 Светло и поплочување на градови, дело на Македонци
--------------------------------
 Преп. Теофан
--------------------------------
 Најславниот антички пат врви низ Македонија
--------------------------------
 Преп. Филотеј
--------------------------------
Дневни случувања
 Тауресиум ќе се презентира пред јавност
 Под македонското сонце во Прага
 Архитектурата од 4 до 6 век на виделина
 Ова не е Танец, ова е чудо од Македонија!
 Инаугуриран четвртиот македонски претседател

Македонски времеплов
Март
Април
Мај
Јуни
Јули
Август
Февруари
Септември
Октомври
Ноември
Јануари
Декември
 
Copyright Macedonium | © 2007-2008 Број на посетители: