Macedonium
Македониум.орг
Историја
Религија
Архитектура
Култура
Етимологија
Етнологија
Пропаганда
Новости
За Македонија
Македонизам
Анкета
Македониум прашува
Што сакате да читате на Македониум?

Вкупно гласови : 8866
резултати
Македониум музика
Благодарност до Синтезис и Bagi communications

Време
Времето во Д. Капија
Времето во Скопје
Времето во Битола
Календар на настани
Култура > Филм > Македонски филмови
Џипси меџик
Сподели на Facebook

Филм од 1997 година

Дејството на филмот се одвива во една ромска населба, а главните протагонисти се членовите на едно многубројно ромско семејство. Таип и Ремзија имаат шест деца, егзистенцијата ја обезбедува Таип, пребарувајќи по градската депонија и препродавајќи ги старите работи. На депонијата претендираат и други Роми, па така Таип доаѓа во конфликт со Омер, водачот на една банда, чии членови без многу размислување го користат ножот во пресметките. Бедата во којашто живее семејството не го попречува Таип да сонува, да мечтае за Индија, прататковината на сите Роми.

Едно случајно познанство со докторот Риџу, Индиец по потекло, а инаку припадник на силите на UNPROFOR во Македонија, му дава идеја како да дојде до толку потребните пари за купување коњ кој ќе го однесе семејството во Индија. Парите, меѓу другото, му се потребни и за купување голем жолт метален кревет - долгогодишна желба на Ремзија. Така започнува редицата „несреќни случки“ во семејството на Таип. Посмртниците за бабата, мајката, синовите, ги потпишува докторот Риџу, Таип ги добива парите што му следуваат од „социјалното“ за умирачките. Вака „умрените“ се осудени на живот во затворениот простор на импровизираниот дом на Таип, скриени од светлината на денот.

Еден од синовите, во овие околности ја открива своја вистинска природа, па како травестит започнува љубовна врска со Индиецот Риџу. При погребот на третиот „починат“ син Бајрам, кој се согласи да „умре“ под услов да приредат вистински закоп, Таип доцни со откопувањето и несреќата влегува во неговото семејство. Големиот мечтател Таип се соочува со несреќите што им се случуваат на неговите блиски. Земените пари не се доволни за исполнување на неговите сништа. Најпосле, во одмазда за Омер, кој беше убиен од Таиповиот син Фазли, гине и Таип. Неговото тело потпрено на скалилата на товарниот вагон заминува некаде далеку од чергарската населба.


Режија: Попов Стојан - Столе
Сценарио: Блажевски Владимир
Директор на фотографија: Трпески Апостол
Монтажа: Грбевски Димитар
Продуценти: Анастасов Владимир, Нола Игор, Попов Стојан - Столе, Тозија Горјан, Чевревски Данчо
Главни улоги: Бајрам Северџан, Додевски Горан, Иванова Катина, Јачев Владимир, Манојловиќ Предраг - Мики, Михајловски Тони, Трпкова Синоличка, Хасан Џемаил, Чевревски Данчо, Шијаковиќ Арна
Споредни улоги: Арсова-Џундева Љупка, Арсовски Петар, Билал Салаетин, Груби Феми, Дракаловиќ Валентина Тина, Дуковски Ацо, Лилиќ Дејан, Митковски Оливер, Шишков Васил
Музика: Стефановски Влатко

Сподели на Facebook | << Назад | Најгоре

Овој наслов е прочитан 4829 пати
Просечна оцена од посетителите
 
Оцена:

Запиши
Коментар:

 

четврток, 25 април 2024
Моментно посетители: 38

Македонија низ фотографии

Галерии: 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16  (нова)
Дали знаевте дека...
 Заслугите на Анастасие I за градбите по Македонија
--------------------------------
 Крај на влијанието од Рим врз Цариград
--------------------------------
 Полумесечината симбол од Филип II Македонски
--------------------------------
 Прст од раката на Св.Ѓорѓи во Паралово
--------------------------------
 Св. Ап. Сила, Силуан, Крискент, Епенет и Андроник
--------------------------------
Дневни случувања
 Тауресиум ќе се презентира пред јавност
 Под македонското сонце во Прага
 Архитектурата од 4 до 6 век на виделина
 Ова не е Танец, ова е чудо од Македонија!
 Инаугуриран четвртиот македонски претседател

Македонски времеплов
Март
Април
Мај
Јуни
Јули
Август
Февруари
Септември
Октомври
Ноември
Јануари
Декември
 
Copyright Macedonium | © 2007-2008 Број на посетители: