Macedonium
Македониум.орг
Историја
Религија
Архитектура
Култура
Етимологија
Етнологија
Пропаганда
Новости
За Македонија
Македонизам
Анкета
Македониум прашува
Што сакате да читате на Македониум?

Вкупно гласови : 8866
резултати
Македониум музика
Благодарност до Синтезис и Bagi communications

Време
Времето во Д. Капија
Времето во Скопје
Времето во Битола
Календар на настани
Култура > Филм > Македонски филмови
Преку езерото
Сподели на Facebook

Филм од 1997 година

Уште при самиот почеток на филмот, авторите укажуваат на фактот дека тој е инспириран од вистински настан, а времето на збиднувањето опфаќа период од неколку децении. Местото на збиднувањето, со исклучок на почетокот и на крајот на филмот, е Албанија во времето кога беше „голем бункер, затвор во кој никој не можеше да влезе, ниту да избега, години на лудило кога секој секому му беше непријател“. Охрид во годините по војната. Младиот Константин Бочваров ја сретнува Елена Златарева, Македонка која живее во Корча, Албанија.

Се случува силна љубов во годината 1948, година позната по трагичните последици во индивидуалните судбини на многумина во тогашна Југославија, како и во соседните земји чиј избор беше социјализмот - според режимот на Сталин во Советскиот Сојуз. Границата со соседна Албанија е затворена. Комуникацијата меѓу младите вљубени е оневозможена. Константин мечтае по Елена која е преку езерото и се решава за неизвесна авантура, за пат преку езерото во кајче - за да стигне до неа. Тргнува на пат од кој нема да се врати следните четири децении. Во невремето што го зафаќа ги губи веслата, ја губи просторната ориентација и и се препушта на судбината. Го пронаоѓа еден стар Албанец на албанскиот брег на езерото. Во Албанија, земјата на бункерите, неговата приказна се чини неверојатна. Го третираат како шпион, применуваат физичка тортура врз него, казнет е со затворање во логор каде што има многу други несреќници како него.

По излегувањето од логорот ја пронаоѓа Елена и нивниот заеднички живот најпосле започнува. Константин добива работа во Тирана, таму им се раѓа ќерката, но животот под постојан стрес и беда се рефлектира и во односите меѓу сопружниците. Константин мечтае да се врати во татковината. Но наместо враќање во Охрид, тој повторно е затворен во логор. Минуваат години на агонија, Елена ретко добива можност да го посети во логорот. Најпосле, по многу години, остарен и измачен, се враќа кај Елена во Корча. Ќерката Донка е веќе девојка. Животот продолжува без многу зборови, но со голема мечта по својата земја. Најпосле, доаѓа и времето на враќањето. Елена, Константин и нивната ќерка се во Охрид, градот на Константин, градот каде што започна нивната љубов.

Режија: Митриќески Антонио
Сценарио: Георгиевски Ташко, Митриќески Антонио
Директор на фотографија: Мај Бартоломеј
Монтажа: Гарлицка Мирослава, Орловска Малгоржата
Продуценти: Нола Игор, Тозија Горјан
Главни улоги: Ахмети Екрем, Бреслиски Љупчо, Вагнер Агњешка, Ристановски Никола
Споредни улоги: Беговска Бедија, Бериша Зиа, Гешовска Нада, Гравчев Кирил, Груби Феми, Доневски Мирче, Дуковски Ацо, Ендровски Владимир, Јовановски Владо, Јосифовски Јосиф, Леви Нино, Максут Џемаил, Поп-Христов Кирил, Ристевски Кирил, Спасовски Стево, Стојановска Светлана
Музика: Замфир Ѓорѓе, Константинов Љупчо

Сподели на Facebook | << Назад | Најгоре

Овој наслов е прочитан 5754 пати
Просечна оцена од посетителите
 5 од 5
Оцена:

Запиши
Коментар:

 

четврток, 25 април 2024
Моментно посетители: 71

Македонија низ фотографии

Галерии: 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16  (нова)
Дали знаевте дека...
 “Бесмртните” усмртени од македонската фаланга
--------------------------------
 Македонците први за воен род – коњица
--------------------------------
 Најстрашниот и најразорен земјотрес во Македонија
--------------------------------
 ”Лустрација” на македонската античка војска
--------------------------------
 Елијан за Македонците
--------------------------------
Дневни случувања
 Тауресиум ќе се презентира пред јавност
 Под македонското сонце во Прага
 Архитектурата од 4 до 6 век на виделина
 Ова не е Танец, ова е чудо од Македонија!
 Инаугуриран четвртиот македонски претседател

Македонски времеплов
Март
Април
Мај
Јуни
Јули
Август
Февруари
Септември
Октомври
Ноември
Јануари
Декември
 
Copyright Macedonium | © 2007-2008 Број на посетители: