Macedonium
Македониум.орг
Историја
Религија
Архитектура
Култура
Етимологија
Етнологија
Пропаганда
Новости
За Македонија
Македонизам
Анкета
Македониум прашува
Што сакате да читате на Македониум?






Вкупно гласови : 7505
резултати
Македониум музика
Благодарност до Синтезис и Bagi communications

Време
Времето во Д. Капија
Времето во Скопје
Времето во Битола
Календар на настани
Култура > Филм > Македонски филмови
Ангели на отпад
Сподели на Facebook

Филм од 1995 година

Дејството на филмот „Ангели на отпад“ се случува во времето на пропаѓањето на некогаш актуелните општествени политички системи, на начинот на размислување, однесување, препорачливите норми... Падот на некогашните вредности во кој било домен на живеењето има своја рефлексија и во она што се нарекува стандард на секојдневното живеење, па затоа личностите во филмот се луѓе на маргините на материјалната егзистенција што во исто време не значи и дефинитивен пад на личното достоинство. Тоа се луѓе кои едноставно не умеат и не можат поради објктивни причини да се снајдат во едно „меѓувреме“.

Местото на случување е градската депонија, каде што завршува сè она што некогаш имало некаква вредност, а фабриката за стакло каде што работи еден од главните јунаци на филмот, Гаврил, и нешто што би требало да се нарече циркуски шатор, а кој повеќе е реминисценција на некогашната илузија што тој шарен и комично-трагичен шатор им ја дава на луѓето кои во душата и понатаму го негуваат некогашното дете. Семејството на Гаврил живее во близината на депонијата, во дивоградба, под постојан притисок за уривање, што најпосле и ќе се случи. Член на семејството е и таткото, стариот Атанас, некогашен милиционер, потоа информбировец, а во денешно време опортунист од инает кој прави своја збирка на предмети од отпад, сакајќи да го врати времето на својата младост и на својата голема заблуда. На отпадот живее и Ицко, поранешен кловн, човек кому трагичните повоени збиднувања и манипулации со луѓето му го одземаат семејството. Неговата поранешна сопруга и партнерка во циркусот „Калистратиус“, Мими, е една стара дама со сочувани манири од некое друго време. Таа живее надвор од реалноста.

Во својата имагинарна сегашност, таа сонува за изминатите времиња, луѓе и збиднувања, затоа што само така може да го оправда своето постоење. На отпадот работи и Рушка, жена чиј живот го изманипулирале многубројните мажи, но и покрај тоа таа ја сочувала својата блага природа која ја „негува“ во алкохолот. Филмот е калеидоскоп од епизоди на многубројните личности со кои се сретнуваме, па така сме сведоци и на манипулацијата со фиктивниот стан што му се доделува на работникот Гаврил, тивок и понизен човек кој по последното понижување реагира како човек кој изгубил секаква надеж. Во состојба на очај, тој ги крши складираните производи на фабриката. Во последната циркуска претстава што како лебедова песна ја подготвуваат кловнот Ицко и неговата партнерка Мими, и двајцата ги проголтува огнот пред очите на посетителите што му припаѓаат на маргиналниот слој на општеството. Животот на депонијата продолжува и понатаму исполнет со судбините на малите инцидентни луѓе.

Режија: Османли Димитрие
Сценарио: Османли Томислав
Директор на фотографија: Самоиловски Мишо
Снимател: Самоиловски Владимир
Монтажа: Караџова Марија, Чемчев Вангел - Лаки
Главни улоги: Бошкова Мери, Иванова Катина, Јовановски Владо, Јовановски Мето, Јосифовски Јосиф, Петрушевски Ванчо Иван
Споредни улоги: Ајрула - Тозија Сабина, Андоновски Кирил, Арсовски Петар, Билал Салаетин, Гравчевски Владимир, Доневски Мирче, Дракаловиќ Валентина Тина, Дуковски Самоил, Зупчевиќ Миралем, Јачев Владимир, Јовановски Ацо, Јолевски Ѓорѓи, Ковачевиќ - Јовановска Славица, Костовски Душко, Максут Џемаил, Милчин Илија, Михајловски Јовица, Попов Киро, Псалтиров Кирил, Пуцкова Добрила, Стефановски Илко, Танески Биљана, Ќортошев Кирил, Чоревски Борис
Музика: Константинов Љупчо
Директор на филм: Мижимаков Панта

Сподели на Facebook | << Назад | Најгоре

Овој наслов е прочитан 4033 пати
Просечна оцена од посетителите
 2 од 5
Оцена:




 
Запиши
Коментар:

 

понеделник, 20 ноември 2017
Моментно посетители: 55

Македонија низ фотографии

Галерии: 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16  (нова)
Дали знаевте дека...
 Св. Маченик Нестор
--------------------------------
 Археолошки истражувања и грабеж на Македонија
--------------------------------
 Св. Евстатиј архиеп. Антиохиски
--------------------------------
 Кои се Даките?
--------------------------------
 ”Алшар”– единствено наоѓалиште во светот на…
--------------------------------
Дневни случувања
 Тауресиум ќе се презентира пред јавност
 Под македонското сонце во Прага
 Архитектурата од 4 до 6 век на виделина
 Ова не е Танец, ова е чудо од Македонија!
 Инаугуриран четвртиот македонски претседател

Македонски времеплов
Март
Април
Мај
Јуни
Јули
Август
Февруари
Септември
Октомври
Ноември
Јануари
Декември
 
Copyright Macedonium | © 2007-2008 Број на посетители: