Macedonium
Македониум.орг
Историја
Религија
Архитектура
Култура
Етимологија
Етнологија
Пропаганда
Новости
За Македонија
Македонизам
Анкета
Македониум прашува
Што сакате да читате на Македониум?

Вкупно гласови : 8856
резултати
Македониум музика
Благодарност до Синтезис и Bagi communications

Време
Времето во Д. Капија
Времето во Скопје
Времето во Битола
Календар на настани
Култура > Филм > Македонски филмови
Викенд на мртовци
Сподели на Facebook

Филм од 1988 година

Филмот зборува за една апсурдна ситуација кога поради невнимание во една болница се заменуваат умрените пациенти, па така семејствата добиваат туѓ мртовец за закопување и тргнуваат во потрага по сопствениот. Тасе Стопаревски, службеник од Прилеп, по вторпат останува вдовец. Неговата жена Ката умира во болницата во Скопје. Телото го презема синот на Тасе од првиот брак. Тој купува најскап сандак за погребување и умрената ја пренесува врз багажникот од неговото фиќо. Поради погрешно паркирање во центарот на Скопје, пајак-возилото го однесува автомобилот.

Во меѓувреме Тасе, кој очекувал оздравување на својата жена, се договорил со двајца молери да го средат станот. Молерите, кои во работното време работат и приватни зделки, доаѓаат во неговата куќа и започнуваат со работа. Пристигнува војникот Владимир - момче на Мица, па ќерката на Тасе и Ката, и набргу, куќата се исполнува со останатите домашни, па бабата, сестрата на Ката и други роднини кои го очекуваат пристигнувањето на сандакот. Се расправаат со молерите кои направиле неред во куќата, за најпосле да пристигне и Тасе. Тој ги исплатува молерите и ги кани на закоп.

Тие заминуваат кон Претор каде што имаат закажано друго молерисување. Во куќата доаѓа и директорот на Тасе со секретарката. Однесувањето на Тасе и на другите кон директорот е сервилно. Пристигнува и братот на Тасе, кој кажува дека закопот мора да биде во 12 часот бидејќи има и други умрени. Директорот преку своите врски овозможува дозвола за закопување во кое било време. Камбаните бијат. Првиот сосед на Тасе во исто време прави свадба на синот единец. Поради тоа тие двајца се договараат двете церемонии да се одвиваат наизменично во интервали од по 15 минути. Пристигнува сандакот со Ката. Домашните сакаат да ја измијат покојницата според обичајот и се соочуваат со фактот дека во сандакот не е нивната Ката. Тасе се јавува во болницата во Скопје и дознава дека поради грешката на сестрата е направена замена и неговата умрена жена се наоѓа кај Климе во Охрид. По телефонскиот разговор и двајцата тргнуваат кон Ѓавато, каде што ќе ги заменат умрените. На Ѓавато настанува вистинска бркотница.

Пристигнуваат прилепчаните, охриѓаните, молерите кои се враќаат од Претор, и две германски автостоперки. Молерите доаѓаат до заклучок дека станува збор за тргување со органите на умрените. По отворањето на сандаците охриѓаните се соочуваат со вистината дека и во другиот сандак не е нивната баба Зора, па затоа заминуваат со празниот сандак. Останува избезумениот Тасе со двете покојници. Во очај, тој и ветува на својата умрена жена дека ќе најде и други умрени и заскитани жени и дека ќе ја закопа со голема придружба.

 

Режија: Ангеловски Коле
Сценарио: Попоски Миле
Директор на фотографија: Самоиловски Мишо
Монтажа: Демировиќ Османли Кемал
Главни улоги: Ангеловски Владимир Дади, Јолевски Ѓорѓи, Мешковски Димче, Тодоровски Гоце, Чоревски Благоја
Споредни улоги: Бабиќ Марин, Живоиновиќ Велимир - Бата, Илиев Диме, Јовановска - Богоевиќ Љиљана, Коцевска Катерина, Крстевски Младен, Михајловски Јовица, Моловски Томе, Џамбазов Игор
Музика: Масевски Димитар
Директор на филм: Ацевски Стеван - Стевче

Сподели на Facebook | << Назад | Најгоре

Овој наслов е прочитан 6160 пати
Просечна оцена од посетителите
 5 од 5
Оцена:

Запиши
Коментар:

 

петок, 19 април 2024
Моментно посетители: 38

Македонија низ фотографии

Галерии: 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16  (нова)
Дали знаевте дека...
 Македонскиот крал-бебе на бојното поле
--------------------------------
 Македонија и најбезумната крстоносна војна
--------------------------------
 Прст од раката на Св.Ѓорѓи во Паралово
--------------------------------
 Грижата и дарежливоста на Александар
--------------------------------
 Дезертерство (не)познаница за Македонците
--------------------------------
Дневни случувања
 Тауресиум ќе се презентира пред јавност
 Под македонското сонце во Прага
 Архитектурата од 4 до 6 век на виделина
 Ова не е Танец, ова е чудо од Македонија!
 Инаугуриран четвртиот македонски претседател

Македонски времеплов
Март
Април
Мај
Јуни
Јули
Август
Февруари
Септември
Октомври
Ноември
Јануари
Декември
 
Copyright Macedonium | © 2007-2008 Број на посетители: