Macedonium
Македониум.орг
Историја
Религија
Архитектура
Култура
Етимологија
Етнологија
Пропаганда
Новости
За Македонија
Македонизам
Анкета
Македониум прашува
Што сакате да читате на Македониум?

Вкупно гласови : 8855
резултати
Македониум музика
Благодарност до Синтезис и Bagi communications

Време
Времето во Д. Капија
Времето во Скопје
Времето во Битола
Календар на настани
Култура > Филм > Македонски филмови
Хај-фај
Сподели на Facebook

Филм од 1987 година

Преку фрагмент од животот на Борис и неговиот син Матеј, филмот зборува за судирот на генерациите, за создадениот јаз поради идеолошката обоеност која едниот ја има, а другиот не ја поседува или, пак, кај него се манифестира на друг начин, и низ поинаквото однесување во умеењето или неумеењето да се помине животот достојно за едно човечко битие... Политичкиот затвореник Борис, по неколкуте години минати во затвор, се враќа дома. Во станот во кој по разводот со жената живее сам, вселен е неговиот син Матеј. Синот е веќе возрасен човек кој се обидува да заработи и да се афирмира како музичар. Во станот е сместено импровизирано тонско студио. Начинот на кој живее Матеј, неговата врска со девојката Мира, луѓето со кои тој контактира не му се допаѓаат на Борис. Тој смета дека е тоа бесмислен живот, без планови и идеали.

За ваквата трансформација на синот тој ја обвинува поранешната сопруга која е успешна во професионалната кариера, но затоа нема авторитет пред синот и единственото што може да го направи е да ја обезбедува неговата материјална егзистенција. Уште еден неочекуван пораз го погодува Борис. Жената со која сака да го помине преостанатиот дел од животот, умира. Според него, сега единственото што може да го направи - е да го „врати“ синот на вистинскиот пат и да му покаже дека човек треба достојно да го минува времето што му е дадено. Борис се обидува да воспостави вистински релации во односите со синот, но не е умешен и тоа не му успева. Временската бариера во заедничкото живеење не се надминува лесно.

Она што му преостанува е да воведе суров режим во животот на синот. Ги прекинува сите негови контакти. Го врзува со лисици, а сите потреби и сета комуникација ја презема на себе. Според мислењето на Борис, сè што се случува е лично меѓу нив двајцата. Тој врши и вербална и физичка тортура врз синот, инсистирајќи тој да се согласи дека животот што го водел е залуден. Матеј не се согласува со ставот на таткото, но пасивниот отпор што го покажува го заплашува Борис. Нивните денови минуваат во играње шах и во пречукување на затворскиот дневник што Борис го водел секојдневно и без исклучок во затворот. Најпосле, Борис сепак го ослободува синот. Тие тргнуваат на пат кон родното село на таткото. Минуваат низ напуштени и руинирани села. Такво е и селото на Борис. За првпат Матеј влегува во куќата на своите прадедовци. Ноќ е. Борис талка низ селото, сето во урнатини. Доаѓа и до гробовите на предците. Соочен со пустошот, како да го доживува својот дефинитивен пораз. Се враќа во куќата како човек кој наеднаш го видел сиот свој залуден и со заблуди исполнет живот. Му вели на Матеј дека може да си оди. Матеј не го разбира. Спијат на подот во куќата.

Утро е. Матеј, кој рано се разбудил, ја скратил косата и сака да го изненади таткото, покажувајќи му ја белината на неочекувано паднатиот снег. Тогаш, за првпат по многу години, веројатно уште од детството, го нарекува тате. Но, за Борис е предоцна. Неговиот живот завршува таму каде што и започнал. Матеј тешко ја прима вистината за заминувањето на таткото. Времето поминато заедно, и покрај трауматичноста на постапките зад кои се криеше татковата љубов и грижата за синот, не беше залудно. Овојпат, навистина сам, тој беспомошно талка низ селото.

Режија: Блажевски Владимир
Сценарио: Стефановски Горан
Директор на фотографија: Самоиловски Мишо
Снимател: Самоиловски Владимир
Монтажа: Марковиќ Петар
Главни улоги: Донева Вукосава, Јовановски Мето, Чевревски Данчо, Шоваговиќ Фабијан
Споредни улоги: Бисерков Ѓорѓи, Велинов Сенко, Вртева Веска, Гравчев Кирил, Груби Феми, Доневски Мирче, Здравкова Соња, Иванова Катина, Јовановски Ацо, Каранџуловска Соња, Костовски Душко, Крстевски Младен, Леви Нино, Лукаревски Ѓокица, Максут Џемаил, Моловски Томе, Поповска Јоана, Спиркоски Благоја - Џумерко, Талевски Владимир, Шапковска Виолета
Музика: Константинов Љупчо
Сценографија: Лазаревски Никола
Костимографија: Тодорова - Младеновиќ Зорица
Тон: Паковски Глигор
Монтажа на тон: Паковски Глигор
Светло: Богоевски Петар
Помошник на режија: Младеновиќ Зоран - Окан
Асистент на режија: Поповски Диме
Асистент на костимографија: Крстевска Жаклина
Организатори на снимање: Арсовски Миле, Ѓорѓиевски Ѓорѓи
Директор на филм: Ацевски Стеван - Стевче

Сподели на Facebook | << Назад | Најгоре

Овој наслов е прочитан 4318 пати
Просечна оцена од посетителите
 
Оцена:

Запиши
Коментар:

 

петок, 19 април 2024
Моментно посетители: 87

Македонија низ фотографии

Галерии: 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16  (нова)
Дали знаевте дека...
 Дезертерство (не)познаница за Македонците
--------------------------------
 Крај на влијанието од Рим врз Цариград
--------------------------------
 Првиот алпинизам во Македонија
--------------------------------
 Федерација-од Јустинијановите “федерати” (Варвари)
--------------------------------
 Св. Ахил еп. Лариски
--------------------------------
Дневни случувања
 Тауресиум ќе се презентира пред јавност
 Под македонското сонце во Прага
 Архитектурата од 4 до 6 век на виделина
 Ова не е Танец, ова е чудо од Македонија!
 Инаугуриран четвртиот македонски претседател

Македонски времеплов
Март
Април
Мај
Јуни
Јули
Август
Февруари
Септември
Октомври
Ноември
Јануари
Декември
 
Copyright Macedonium | © 2007-2008 Број на посетители: