Macedonium
Македониум.орг
Историја
Религија
Архитектура
Култура
Етимологија
Етнологија
Пропаганда
Новости
За Македонија
Македонизам
Анкета
Македониум прашува
Што сакате да читате на Македониум?






Вкупно гласови : 7713
резултати
Македониум музика
Благодарност до Синтезис и Bagi communications

Време
Времето во Д. Капија
Времето во Скопје
Времето во Битола
Календар на настани
Култура > Филм > Македонски филмови
Јазол
Сподели на Facebook

Филм од 1985 година

Дејството на филмот се случува во март 1943 година, кога според планот на геноцидното однесување кон Евреите беа транспортирани и Евреите од Скопје... Хирургот Никола, кому му е одземена дозволата за работа од страна на бугарската окупаторска власт, ги минува долгите монотони вечерни часови во хотелскиот бар. Гости во барот се германските офицери, како и бугарскиот началник Симеонов. Офицерите се забавуваат играјќи руски рулет, кој се разликува од изворната варијанта по тоа што германските офицери стрелаат во главата на затвореникот Симеон, човек од илегалата и познаник на Никола. Апсурдот на војната и залудноста на човечките жртви е причината поради која мајорот Штајн, еден од присутните во барот, се самоубива. Во мешаницата што настанува, хирургот Никола и заробениот Симеон бегаат од барот... Еден од луѓето на Партијата, кој честопати доаѓа во градот за да одржува врски и да пренесува директиви, е Јанко Подгорник.

Тој се претставува како деловен човек и отседнува во хотелот. Но, бугарската полиција го открива и тој ранет успева да побегне. Така повреден се поврзува со Симеон, кој бара помош од Никола. Постојано пијан и политички неопределен, Никола се колеба, но сепак му помага на повредениот и му го вади куршумот од ногата на која и се заканува гангрена... Во празниот дом на хирургот Никола го пречекува неговата поранешна девојка Марија. Врската со неа му носи немир, таа бара докази за неговата љубов и притоа покажува љубомора кон поранешната соработничка на Никола, медицинската сестра Дора, Еврејка... Иако со малку зборови, но со многу татковска љубов, Никола го посетува синот, кого по заминувањето на неговата сопруга, го сместил во Домот на чесните сетри. Во Домот се наоѓаат и многу еврејски деца за да бидат заштитени од прогонот на окупаторот...

За повредениот Подгорник се неопходни лекови. Во моментот кога Никола се подготвува да го посети, доаѓа Марија и тие заедно одат на кино. Таму несоодветното однесување на Никола ги иритира бугарските полицајци и тие го апсат. Никола успева да и каже на Марија каде се наоѓа ранетиот и и ги дава лековите. Бугарскиот началник Симеонов, кој е пријател на Марија, го сослушува Никола. Тој има информација дека Никола му помогнал на Подгорник. По сослушувањето Симеонов оди кај Марија барајќи објаснување за нејзината врска со Никола, и во исто време и нуди брак. Јанко Подгорник и другиот илегалец се откриени во куќата кога се подготвуваат да заминат. Ранетиот Подгорник нема можност да се спаси и затоа инсистира другиот илегалец да замине за да и помогне на групата млади луѓе кои треба да заминат во партизани. Останат сам и без муниција, Подгорник извршува самоубиство... Во полицијата хирургот Никола го соочуваат со сестрата Дора, која е обвинета дека соработува со движењето на отпорот. Симеонов го ослободува Никола, забележувајќи дека неговите пријатели од илегалата ќе мислат дека тој е предавникот на Подгорник...

Знаејќи дека се подготвува транспортот на Евреите од Скопје, Никола со задоцнување оди во Домот на чесните сестри за да го земе својот син. Тој е вон себе. Сиот во бунило заминува на железничката станица каде што во толпата луѓе се обидува да го најде. Меѓу луѓето ја забележува Дора која е водена од еден полицаец. Тој вика по неа, таа му потрчува во пресрет, но паѓа под истрелите на полицаецот. Никола пука и го убива полицаецот. Бега низ темнината меѓу вагоните на станицата... На улицата, во близина на куќата на Марија, пука во еден Германец. Го убива, но и самиот е ранет. Сиот во крв и тешко движејќи се, доаѓа кај Марија. Ја прашува дали ги однела лековите кај Подгорник. Марија го преврзува. Знаејќи дека Никола ќе појде кај Марија, и Симеонов доаѓа таму, и почнува да го удира повредениот Никола. Марија најпосле се определува. Нејзиното место е покрај Никола. Таа го убива Симеонов. Го прегрнува Никола и плаче над него. Тој и умира на рацете.

Режија: Ценевски Кирил
Сценарио: Јаневски Славко
Директор на фотографија: Салковски Драган
Снимател: Стојков Слободан
Монтажа: Грбевски Димитар
Главни улоги: Арсовски Петар, Велковска Костадинка, Јовановски Ацо, Ристевски Кирил, Ристовски Лазар
Споредни улоги: Ајрула - Тозија Сабина, Андоновски Кирил, Бабиќ Марин, Бисерков Ѓорѓи, Вуисиќ Павле, Гулевски Јусуф, Дамевски Симеон - Мони, Диневски Вукан, Јашар Мустафа, Крстевски Младен, Максут Џемаил, Милчин Илија, Рубен Емил, Спиркоски Благоја - Џумерко, Тодоровски Љупчо - Упа, Чамински Александар
Музика: Пејовски Илија
Директор на филм: Ацевски Стеван - Стевче

Сподели на Facebook | << Назад | Најгоре

Овој наслов е прочитан 3950 пати
Просечна оцена од посетителите
 
Оцена:




 
Запиши
Коментар:

 

петок, 10 јули 2020
Моментно посетители: 97

Македонија низ фотографии

Галерии: 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16  (нова)
Дали знаевте дека...
 Први истражувања на флората во Македонија
--------------------------------
 Преп. Теофил Мироточив
--------------------------------
 Држава, етимолошко поимање
--------------------------------
 Златото на Индија кај Александар
--------------------------------
 На една минута Македонија во 50 Библии
--------------------------------
Дневни случувања
 Тауресиум ќе се презентира пред јавност
 Под македонското сонце во Прага
 Архитектурата од 4 до 6 век на виделина
 Ова не е Танец, ова е чудо од Македонија!
 Инаугуриран четвртиот македонски претседател

Македонски времеплов
Март
Април
Мај
Јуни
Јули
Август
Февруари
Септември
Октомври
Ноември
Јануари
Декември
 
Copyright Macedonium | © 2007-2008 Број на посетители: