Macedonium
Македониум.орг
Историја
Религија
Архитектура
Култура
Етимологија
Етнологија
Пропаганда
Новости
За Македонија
Македонизам
Анкета
Македониум прашува
Што сакате да читате на Македониум?






Вкупно гласови : 8828
резултати
Македониум музика
Благодарност до Синтезис и Bagi communications

Време
Времето во Д. Капија
Времето во Скопје
Времето во Битола
Календар на настани
Култура > Филм > Македонски филмови
Нели ти реков
Сподели на Facebook

Филм од 1984 година

По пропаста на Илинденското востание, повеќе разбиени чети продолжуваат да и даваат отпор на турската власт. Опасноста што им се заканува од турските потери е многу помала отколку онаа од врховистичките чети, кои потпомогнати од издајниците, без борба, ги убиваат македонските борци за слобода. Александар Турунџе доаѓа во селото во кое треба да се најде со својат дружина. Молкот во селото го предупредува на претпазливост.

И навистина, во куќата во која треба да се најде со своите, ги наоѓа само убиените во ненадеен напад комити. Во исто време, војводата Ѓорѓија и неговата чета се прогонувани од Селим-ага. Комитите успеваат да се извлечат од обрачот на потерата. При повлекувањето низ шумата, тие ги наоѓаат мртвите тела на војводата Геро и неговата дружина, кои се убиени од про-бугарскиот врховистички предавник Грушир, кому сите комити му веруваат, не знаејќи дека тој работи за целите на врховистите. Четата на војводата Ѓорѓи се дели на две групи за да може полесно да го најдат Турунџе. Разговорот помеѓу комитите Јован и Марко, кои решаваат да одат во селото Шарлаганци, го прислушкува еден селанец и тој ги предава на турскиот аскер. При нападот, тие гинат заедно.

Другата група се сретнува со војводата Турунџе, кој веќе нема своја чета. Нивниот јатак во селото Мршино им кажува дека е собрана триилјадна војска за да го фати Турунџе. Претпазливоста им наложува на комитите и на обајцата војводи да бидат во постојано движење. Така, минувајки низ шумата, тие ја слушаат песната, која на Селим-ага му ја пее еден негов војник. Тоа е песната која народот ја испеал за војводата Ѓорѓија и Селим-ага. Турските војници не го очекуваат нападот. Во борбата загинува Селим-ага. По овој судир со Турците, постојано во движење, Турунџе и останатите се сретнуваат со последните двајца комити од четата на Методија Патчев, кој заедно со свои седуммина комити одбрале херојски крај, не сакајќи да бидат заробени од аскерот. Една ноќ, комитите бараат засолниште кај Митре Гинков и тој ги задржува во својата куќа.

Додека Турунџе и домаќинот Гинков играат табла, домаќинката ги предава на турските војници. Куќата ја опколува аскер. Во магливата ноќ секој од комитите одделно се обидува да се пробие од обрачот. Турунџе е фатен. Врзан го носат во селото. Народот го гледа прочуениот јунак, продаден за 150 жолтици. Војводата Ѓорѓија останува сам со уште двајца свои комити. Тој се враќа во татковиот дом. Еден од селаните му носи порака од Расим-бег, кој порачал дека утредента ќе дојде да го фати војводата. Ѓорѓија и неговите комити пораката ја примаат наполно мирно. Тие се изморени од бегање. Херојската смрт на овие тројца, кои тргнуваат во пресрет на пушките, останува во сеќавањето на народот.

Режија: Црвенковски Стево
Сценарио: Богдановски Русомир
Директор на фотографија: Вагленаров Љубомир
Монтажа: Демировиќ Османли Кемал
Главни улоги: Ангеловски Коле, Арсовски Петар, Гешовски Димитар, Доневски Мирче, Петрушевски Љупчо, Спиркоски Благоја - Џумерко, Чевревски Данчо, Шишков Ристо
Споредни улоги: Бабиќ Марин, Јовановски Мето, Ковачевиќ - Јовановска Славица, Колозов Ѓорѓи, Моловски Томе, Николовски Тодор, Поповски Диме, Стамеска Снежана, Стефановски Ацо
Музика: Константинов Љупчо
Асистент тон снимател: Ѓорѓевиќ Добри

Сподели на Facebook | << Назад | Најгоре

Овој наслов е прочитан 4861 пати
Просечна оцена од посетителите
 3 од 5
Оцена:




 
Запиши
Коментар:

 

петок, 29 март 2024
Моментно посетители: 48

Македонија низ фотографии

Галерии: 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16  (нова)
Дали знаевте дека...
 Највредната препродадена збирка од Македонија
--------------------------------
 Фалангата во борба со “Амазонки”
--------------------------------
 Наметки од антиката и Византија - истоимени
--------------------------------
 Св. ап. Матиј
--------------------------------
 Планевите на градбите по македонскиот обичај
--------------------------------
Дневни случувања
 Тауресиум ќе се презентира пред јавност
 Под македонското сонце во Прага
 Архитектурата од 4 до 6 век на виделина
 Ова не е Танец, ова е чудо од Македонија!
 Инаугуриран четвртиот македонски претседател

Македонски времеплов
Март
Април
Мај
Јуни
Јули
Август
Февруари
Септември
Октомври
Ноември
Јануари
Декември
 
Copyright Macedonium | © 2007-2008 Број на посетители: