Macedonium
Македониум.орг
Историја
Религија
Архитектура
Култура
Етимологија
Етнологија
Пропаганда
Новости
За Македонија
Македонизам
Анкета
Македониум прашува
Што сакате да читате на Македониум?

Вкупно гласови : 8867
резултати
Македониум музика
Благодарност до Синтезис и Bagi communications

Време
Времето во Д. Капија
Времето во Скопје
Времето во Битола
Календар на настани
Култура > Филм > Македонски филмови
Јужна патека
Сподели на Facebook

Филм од 1982 година

;img class="photoborder" hspace="10" src="http://www.maccinema.com/makfilm%5C64_JUZNA_PATEKA.jpg" align="left" vspace="5" alt="" />

Во домот, во кој постојано се слушаат расправиите на мајката Неда и нејзината ќерка, се очекува пристигнувањето на синот Ѓорѓи, по завршувањето на постдипломските студии во друг град. Мајката, која нема големи приходи, принудена е да ја изнајмува едната соба од куќата на потстанари. Веднаш по пристигнувањето во домот, Ѓорѓи се соочува со новата потстанарка. На негово големо изненадување тоа е Ана, неговата поранешна девојка. Не можејќи да се снајде во неочекуваната ситуација, Ѓорѓи веднаш оди кај својот другар Данчо. Ја наоѓа само неговата сопруга која го известува дека нивниот брак се распаѓа. Потстанарката Ана работи во еден фотографски дуќан, но нејзините амбиции се многу поголеми.

Таа се обидува преку познатите на Борис, нејзиното момче, да добие улога на филм. На закажаната средба со режисерот, таа и без пробно снимање ја добива главната женска улога во новиот филмски проект. Борис нема битно место во животот на Ана. Особено по повторната средба со Ѓорѓи, кон кој сè уште ја врзуваат старите емоции, Ана започнува да го одбегнува. Борис разумно го прифаќа нејзиното решение за раскинување. Средбите меѓу Ѓорѓи и Ана се исполнети со непријателство поради забелешките на Ѓорѓи за нејзиното поранешно однесување кон него. Поради тоа Ана бара сместување во друг стан. Се обидува да разговара уште еднаш со Ѓорѓи, но тој поради некогашните недоразбирања се однесува каприциозно. Сепак љубовта е посилна и тие двајцата заедно ја минуваат ноќта. Меѓутоа, веќе утредента, Ѓорѓи е изненаден поради селидбата на Ана. За нејзината постапка тој не наоѓа разбирање.

Ана интензивно работи на снимањето на филмот, и добро се снаоѓа во својата улога. Сепак, таа постојано мисли на Ѓорѓи и се обидува да стапи во контакт со него. Во општата мешаница која е присутна на снимањето, таа не е во состојба да му ги соопшти вистинските чувства. Една вечер, кога вообичаено доцна Ѓорѓи се враќа дома, во својата соба ја наоѓа Ана. Тоа ветува нов почеток во нивната врска.


Режија: Црвенковски Стево
Сценарио: Црвенковски Стево, Шкариќ Гојко
Директор на фотографија: Петковски Љубе
Монтажа: Чемчев Вангел - Лаки
Главни улоги: Ангеловски Коле, Арнериќ Неда, Арсовски Петар, Берчек Александар, Оџаклиевска Маја, Стојанова Милица
Споредни улоги: Ајрула - Тозија Сабина, Бабиќ Марин, Васовски Панче - Камшик, Дуковски Ацо, Јашар Мустафа, Јовановска - Стојановска Силвија, Крстевски Младен, Максут Ердоан, Моловски Томе, Неби Фирдаус, Петрушевски Љупчо, Попов Киро, Сејфула Љутви, Талевски Владимир, Тушар Мајда, Ќортошев Кирил, Чевревски Данчо, Џувалековски Илија
Музика: Константинов Љупчо
Директор на филм: Мижимаков Панта

Сподели на Facebook | << Назад | Најгоре

Овој наслов е прочитан 4814 пати
Просечна оцена од посетителите
 
Оцена:

Запиши
Коментар:

 

петок, 26 април 2024
Моментно посетители: 59

Македонија низ фотографии

Галерии: 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16  (нова)
Дали знаевте дека...
 Заслугите на Анастасие I за градбите по Македонија
--------------------------------
 Минерал МАКЕДОНИТ
--------------------------------
 Македонците и воената економија на силите
--------------------------------
 Св. Ап. Сила, Силуан, Крискент, Епенет и Андроник
--------------------------------
 Кои се Даките?
--------------------------------
Дневни случувања
 Тауресиум ќе се презентира пред јавност
 Под македонското сонце во Прага
 Архитектурата од 4 до 6 век на виделина
 Ова не е Танец, ова е чудо од Македонија!
 Инаугуриран четвртиот македонски претседател

Македонски времеплов
Март
Април
Мај
Јуни
Јули
Август
Февруари
Септември
Октомври
Ноември
Јануари
Декември
 
Copyright Macedonium | © 2007-2008 Број на посетители: