Macedonium
Македониум.орг
Историја
Религија
Архитектура
Култура
Етимологија
Етнологија
Пропаганда
Новости
За Македонија
Македонизам
Анкета
Македониум прашува
Што сакате да читате на Македониум?

Вкупно гласови : 8866
резултати
Македониум музика
Благодарност до Синтезис и Bagi communications

Време
Времето во Д. Капија
Времето во Скопје
Времето во Битола
Календар на настани
Култура > Филм > Македонски филмови
Црвениот коњ
Сподели на Facebook

Филм од 1981 година

Неколку години по заедничката братска борба против монархо-фашистичкиот режим, крвареа и грчкиот и македонскиот народ. По поразот на Демократската армија на Грција 1949 година, чии операции се одвиваа претежно во северниот дел на земјата (Егејска Македонија), голем дел од припадниците на ДАГ и на невиното население ја доживеаја судбината на политичко прогонство.... Слика на граничниот појас на Албанија кон Грција 1949 година: се разоружуваат борците на ДАГ. Без објаснување им се одзема оружјето. Некои од македонските борци се обидуваат да дадат отпор, но поради довербата во довчерашните соборци отпорот не е масовен.

Еден од оние кои се спротивставуваат веднаш е убиен. Обезоружените борци ги пренесуваат со брод. Се слушаат најразлични претпоставки за местото на транспортот. Преовладува мислењето дека одат на ново боиште каде што повторно ќе го добијат оружјето. Оваа мисла ја поткрепува војничкиот третман и физичките вежби на кои инсистира грчкиот офицер Ставропулос. Бурата што ги вознемири војниците во потпалубата заврши и тие излегуваат на палубата. Со полни гради вдишуваат чист воздух. Македонецот Борис и Гркот Никифор, стари пријатели и соборци седат еден до друг. Останатите се разделени - Македонците на едната, а Грците на другата страна. Вани Јосмов започнува да пее. Грците веднаш реагираат и ја пеат истата песна на својот јазик. 

Тогаш се придружуваат и останатите Македонци кои ја пеат песната на македонски. Атмосферата на бродот се вжештува. Се пројавува антагонизмот поттикнат од непочитување на разликата во националната припадност на борците... Пустински предел. Минува возот со припадниците на ДАГ. Веќе неколку дена патуваат низ едноличниот пејзаж. Тоа е Узбекистан. Пристигнуваат во Собирниот пункт бр.3 во близина на Ташкент. Се преземаат хигиенски мерки за заштита на здравјето на борците. Потоа следат поздравни говори во кои се величи Советскиот Сојуз и неговиот водач Сталин. Грчките офицери се заблагодаруваат за укажаната помош. Борците сметаат дека тоа ќе биде краток престој по кој ќе се вратат и ќе ја продолжат борбата. Кај нив сè уште не е искристализирана вистината за наметнатото прогонство. Ставот на Ставропулос се разликува од официјалниот. Тој зборува за неопходноста да се вратат назад бидејќи суштината на нивната борба ќе биде изневерена со чинот на бегството...

Борците на ДАГ се ангажирани во работата на оризовите полиња, за потоа да бидат вработени во Металуршкиот комбинат. За време на полските работи, Борис Тушев, вдовец и татко на три ќерки од кои е разделен поради прогонството, се запознава со Олга. Таа се грижи за него и му дава, макар навидум, семеен живот. Пријателите од кои Борис бара поддршка за својата врска, го одобруваат неговиот брак, иако за нив тоа значи уште едно разочарување повеќе. Како да се потврдува апсурдноста на илузијата за враќањето дома. Таквиот став кон семејните обврски во туѓина е и причината поради која Вани Јосмов останува сам. Нагризуван од постојаната болка - носталгијата, како да ја предизвикува судбината и тој умира во светот во кој не успева да се интегрира. Неговата смрт вистински го потресува Борис. Таа во исто време станува и движечка сила што му дава решеност да ги надмине сите свои внатрешни конфликти, да направи компромис и низа отстапки што од него ги бара грчката власт и да се врати во родното село... Борис со радост ги гледа познатите предели. Патем сретнува селанец кој го продава својот убав, и со необична црвена боја, коњ. Борис го купува и со галоп влегува во селото.

Следен од народот влегува во својот двор и ја бакнува земјата. Го пречекува последната, неговата најмала и сè уште немажена ќерка... Борис ја расчистува куќата за којашто никој не се грижел долги години. Малкумина од селото, во кое живее и македонско и грчко население, гледаат добронамерно на Борис. Еден од нив е и Вани Урумов. Грците, како и некои млади Македонци, постојано бараат начин да го навредат Бориса. Како да им пречи и на едните и на другите. Борис го вознемирува и мистериозната бременост на ќерката, поради што му се потсмеваат злонамерните во селото. Тој се расправа со неа и ја брка од дома... Во селото се сретнува и со некогашните приврзаници на партијата кои по поразот на ДАГ се затворани, испраќани по казна на островите, физички и ментално сакатени. И во контактите со братот нема топлина. Оној што останал во селото со обврска да ги сочува семејството и имотот не успеал во тоа, а другиот што заминал не ја донесе слободата...

Настанува конфликт во кафеаната кога Борис е обвинет дека е комунист и дека и бојата на неговиот коњ тоа го потврдува - значи негова осуда. Едно утро тој го наоѓа коњот убиен. Избезумен и бесен, Борис влегува во кафеаната. Таму се виновниците кои продолжуваат да му се потсмеваат. Во тепачката што следи и во која Борис е сам наспроти повеќемина Грци и Македонци, завршува неговиот трагичен животен пат.

Режија: Попов Стојан - Столе
Сценарио: Георгиевски Ташко
Директор на фотографија: Михајловски Бранко
Монтажа: Грбевски Димитар
Продуцент: Поповски Анте
Главни улоги: Ангеловски Коле, Аранѓеловиќ Столе, Георгиева Лиле, Живковиќ Радмила, Живоиновиќ Велимир - Бата, Јаниќиевиќ Душан, Јовановски Ацо, Јовановски Мето, Милчин Илија, Светиев Владимир, Чевревски Данчо, Џувалековски Илија, Шишков Ристо
Споредни улоги: Ајрула - Тозија Сабина, Ангеловски Шишман, Ахмети Екрем, Бабиќ Марин, Гешовски Димитар, Груби Феми, Доневски Мирче, Дуковски Ацо, Дуковски Самоил, Исаја Јован - Јон, Исаја Мара, Јашар Мустафа, Јовановска - Стојановска Силвија, Крстевски Драги - Амфи, Крстевски Младен, Максут Џемаил, Моловски Томе, Попов Киро, Ристевски Кирил, Стефановски Ацо, Тодоровски Гоце, Чоревски Борис, Шехтански Александар
Музика: Константинов Љупчо
Директор на филм: Ангеловски Благоја

Сподели на Facebook | << Назад | Најгоре

Овој наслов е прочитан 5647 пати
Просечна оцена од посетителите
 5 од 5
Оцена:

Запиши
Коментар:

 

четврток, 25 април 2024
Моментно посетители: 28

Македонија низ фотографии

Галерии: 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16  (нова)
Дали знаевте дека...
 Апокрифи – скриени списи
--------------------------------
 Свештмч. Мокиј
--------------------------------
 “Перфидии” - воени подлости
--------------------------------
 Единствениот Македонец од Титаник – преживеал
--------------------------------
 Најстрашниот и најразорен земјотрес во Македонија
--------------------------------
Дневни случувања
 Тауресиум ќе се презентира пред јавност
 Под македонското сонце во Прага
 Архитектурата од 4 до 6 век на виделина
 Ова не е Танец, ова е чудо од Македонија!
 Инаугуриран четвртиот македонски претседател

Македонски времеплов
Март
Април
Мај
Јуни
Јули
Август
Февруари
Септември
Октомври
Ноември
Јануари
Декември
 
Copyright Macedonium | © 2007-2008 Број на посетители: