Macedonium
Македониум.орг
Историја
Религија
Архитектура
Култура
Етимологија
Етнологија
Пропаганда
Новости
За Македонија
Македонизам
Анкета
Македониум прашува
Што сакате да читате на Македониум?






Вкупно гласови : 8827
резултати
Македониум музика
Благодарност до Синтезис и Bagi communications

Време
Времето во Д. Капија
Времето во Скопје
Времето во Битола
Календар на настани
Култура > Филм > Македонски филмови
Оловна бригада
Сподели на Facebook

Филм од 1980 година

Зима во една рударска населба. Во рудникот работата се одвива според вообичаениот ритам. Во окното, заедно со рударите, се симнува и инженерот Лазар. Рударот со прекар Мајор ги распоредува двојките за работа. Злокобното завивање на сирената ја прекинува работата во рудникот. Рударот Шило алармира кај рударите за тројцата завеани рудари кои, доаѓајки на работа од околните села останале во снежните сметови. Сите рудари се готови да помогнат. Во возилото на рудникот седнува инженерот Лазар и тргнува во потрага. За еден од рударите помошта пристигнува предоцна. Едно од окната во рудникот, окното 815, е забрането за работа.

Во него е наоѓалиштето на талиумовите минерали, потребни за извршување на експериментите со соларна енергија. Инженерот Лазар е млад и принципиелен човек кој ги застапува интересите на рударите. Во Дирекцијата на рудникот, тој зборува за несоодветните работни услови на рударите и за малиот паричен надоместок што тие го добиваат. Неговите забелешки не ги засегнуваат присутните, а особено не директорот на рудникот. Во посета на инженерот пристигнува неговата сопруга, која живее во друг град. Нивниот брак нема перспектива. Поради постојаните недоразбирања, Лазар инсистира неговата сопруга веднаш да замине од неговата соба во рударскиот хотел. Како да претчувствува дека причината за нејзиното доаѓање е интересот за ретките минерали со кои таа тргува. Откритието на новите минерали предизвикува и премногу негативни страсти кај колегите на Лазар, па дури и кај инспекторот, кој е негов долгогодишен пријател.

Престојот на Лазар во градот е ретка можност, макар и за кратко, да се види со синот. Во рудникот доаѓа до одрон во еден коп. Рударите се фатени во стапица. Причината за несреќата е експлозијата предизвикана од крадците на ретките минерали. Затрупаните рудари се обидуваат да најдат излез од подземните ходници. Групата се раздвојува и на тој начин уште повеќе се потенцира антагонизмот помеѓу интересите на обичните рудари и интересите на директорот на рудникот, кој исто така се најде во окното за време на несреќата. Тоа е можност да се расчистат некои стари сметки помеѓу него и најстариот рудар Благоја. Тие двајца, за време на војната, со иста желба и надеж војувале против непријателот, за потоа, во животот да бидат на различни позиции во работата. Конечно рударите го расчистуваат одронот и излегуваат од окното.

Режија: Ценевски Кирил
Сценарио: Ценевски Кирил
Директор на фотографија: Самоиловски Мишо
Снимател: Салковски Драган
Монтажа: Тасевски Спасе
Главни улоги: Ангеловски Коле, Вуисиќ Павле, Вујановиќ Миља, Дамевски Дарко, Зупчевиќ Миралем, Јовановски Ацо, Јовановски Мето, Спиркоски Благоја - Џумерко, Чевревски Данчо, Џувалековски Илија
Споредни улоги: Ајрула - Тозија Сабина, Андреева Емилија, Арсова-Џундева Љупка, Бабиќ Марин, Влахов Гоце, Гешовска Нада, Гешовски Димитар, Иванова Катина, Костовски Драги, Лукаревски Ѓокица, Стојанова Милица, Тушар Мајда, Шехтански Александар, Шоваговиќ Фабијан
Музика: Пејовски Илија
Директор на филм: Петровски Ацо

Сподели на Facebook | << Назад | Најгоре

Овој наслов е прочитан 4425 пати
Просечна оцена од посетителите
 
Оцена:




 
Запиши
Коментар:

 

четврток, 28 март 2024
Моментно посетители: 29

Македонија низ фотографии

Галерии: 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16  (нова)
Дали знаевте дека...
 Прва монашка република на Балканот
--------------------------------
 Дијадоси – наследници на Александар Македонски
--------------------------------
 Македонките заслужни за победата на Аргеј I
--------------------------------
 Најраните почетоци на кино културата во Македонија
--------------------------------
 Обуката на македонската фаланга
--------------------------------
Дневни случувања
 Тауресиум ќе се презентира пред јавност
 Под македонското сонце во Прага
 Архитектурата од 4 до 6 век на виделина
 Ова не е Танец, ова е чудо од Македонија!
 Инаугуриран четвртиот македонски претседател

Македонски времеплов
Март
Април
Мај
Јуни
Јули
Август
Февруари
Септември
Октомври
Ноември
Јануари
Декември
 
Copyright Macedonium | © 2007-2008 Број на посетители: