Macedonium
Македониум.орг
Историја
Религија
Архитектура
Култура
Етимологија
Етнологија
Пропаганда
Новости
За Македонија
Македонизам
Анкета
Македониум прашува
Што сакате да читате на Македониум?

Вкупно гласови : 8867
резултати
Македониум музика
Благодарност до Синтезис и Bagi communications

Време
Времето во Д. Капија
Времето во Скопје
Времето во Битола
Календар на настани
Култура > Филм > Македонски филмови
Време, води
Сподели на Facebook

Филм од 1980 година

Животната приказна на Петар Ќушко и неговите соселани од селото Сушево судбински е поврзана со недостигот на вода неопходна за живот. Со благослов на попот, селаните од Сушево го свртуваат течението на реката и ја крадат водата на селаните од селото Каменово. Во тепачката што следи учествуваат селаните од двете села заедно со нивните попови. Заради нарушување на јавниот ред и мир, селаните се предадени на судот. Судијата е поткуплив и тој пресудува во полза на оние што ќе платат поголем поткуп. Така водата ја добиваат селаните од Каменово. Во Сушево проблемот за вода кулминира и селаните не сакаат да го плаќаат данокот за вода кога веќе ја немаат. Меѓу нив е и Петар Ќушко, воденичар без вода. Селаните сакаат да демонстрираат пред началството во Струга, но жандармите ги растураат уште на излезот од селото. Доаѓа и веста за атентатот врз кралот.

Телалот ги соопштува и сите - со наредба - предвидени почести по повод смртта на кралот. Спротивно на тоа, учителот наоѓа повод да го започне предавањето за Русија. Во 1940 година во селото има епидемија на тифус. Многумина умираат, меѓу кои и многу деца. Пресушуваат и последните извори, а жандармот Жика ја наплатува водата за пиење. Селаните со молитви и со различни пагански ритуали се обидуваат да дојдат до вода. Селанецот Ќушко, не гледајќи друг начин да се дојде до вода, заедно со своите три сина гимназијалци, вооружен се судира со селаните од Каменово. При тоа, еден од неговите синови гине. Во тие мигови на тага му се раѓа последното дете, единствената ќерка.

Телалот ја соопштува веста за општа мобилизација. Мажите заминуваат во војска. Настаните брзо се сменуваат. Набргу телалот ја соопштува веста за капитулацијата на Југославија. Жандармите заминуваат од селото. Мажите се враќаат. Следуваат денови на италијанската окупација. Италијанскиот офицер наредува водата да му припадне на Сушево. Воденицата проработува. Од селото заминуваат во партизани многумина од селаните. По еден судир со партизаните, во селото доаѓаат фашистички италијански одреди. Тие прават колеж во селото. Меѓу загинатите е и еден од синовите на Петре Ќушко, кој случајно бил во селото. Партизаните доцна пристигнуваат од планината и не успеваат да им помогнат на настраданите. Доаѓа и денот на слободата. За Петре тоа е уште еден трагичен ден. Ја добива веста за смртта на третиот син. Проблемот со водата треба да го решава и новата власт.

Се донесува соломонско решение таа да му припаѓа три дена на едното, а потоа на другото село. Доаѓа и денот кога во селото се појавува последниот син на Ќушко. Радоста на таткото е кратка бидејќи неговиот син сака да се ожени со ќерката на неговиот непријател од селото Каменово. По расправијата синот Теофил заминува од дома. Новата власт донесува решение да се направи акумулационо езеро на теренот на двете села. На селаните им се нуди можност да се преселат во градот или да живеат во нови куќи, во близина на езерото. Ќушко останува сам во намерата да се спротивстави на ваквото решение. Тој се повлекува во бачилото, високо во планината. Браната на акумулацијата е направена. Водата се собира во клисурата. Куќите се урнуваат... Селото исчезнува во длабочините на водата. Високо над езерото, на карпата која се нависува над него, Петре Ќушко ја гледа долината исполнета со вода. Како човек кој не може да поднесе да биде победен, тој скока во езерото.

Режија: Гапо Ивановски Бранко
Сценарио: Стрезовски Јован
Директор на фотографија: Петковски Љубе
Снимател: Салковски Драган
Монтажа: Лукова Дончиќ Олга
Продуцент: Поповски Анте
Главни улоги: Ангеловски Шишман, Арсовски Петар, Дворник Борис, Јовановски Мето, Костовски Душко, Милосављевиќ Ненад, Плетл Лидија, Прличко Петре, Штрљиќ Милан
Споредни улоги: Ајрула - Тозија Сабина, Андреева Емилија, Билал Салаетин, Васовски Панче - Камшик, Врховец Јанез, Груби Феми, Дуковски Ацо, Иванова Катина, Јаниќиевиќ Душан, Јашар Мустафа, Каранџуловска Соња, Костовски Драги, Лепетиќ Звонко, Максут Сузана, Мамут Рамадан, Манчевски Милчо, Неби Фирдаус, Псалтиров Кирил, Темелковски Петар, Тодоровски Ѓорѓи - Трупче, Фелба Драгомир, Христов Чедо, Чоревски Благоја, Шапковска Виолета, Шехтански Александар
Музика: Аврамовски Ристо
Директори на филм: Ацевски Стеван - Стевче, Кајчевски Никола

Сподели на Facebook | << Назад | Најгоре

Овој наслов е прочитан 4458 пати
Просечна оцена од посетителите
 
Оцена:

Запиши
Коментар:

 

петок, 26 април 2024
Моментно посетители: 56

Македонија низ фотографии

Галерии: 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16  (нова)
Дали знаевте дека...
 Партизанската војна и антиката
--------------------------------
 Храброста на Смилевските мајстори
--------------------------------
 Првиот алпинизам во Македонија
--------------------------------
 Првиот Млековод на Балканот во Македонија
--------------------------------
 Македонците први за воен род – коњица
--------------------------------
Дневни случувања
 Тауресиум ќе се презентира пред јавност
 Под македонското сонце во Прага
 Архитектурата од 4 до 6 век на виделина
 Ова не е Танец, ова е чудо од Македонија!
 Инаугуриран четвртиот македонски претседател

Македонски времеплов
Март
Април
Мај
Јуни
Јули
Август
Февруари
Септември
Октомври
Ноември
Јануари
Декември
 
Copyright Macedonium | © 2007-2008 Број на посетители: