Macedonium
Македониум.орг
Историја
Религија
Архитектура
Култура
Етимологија
Етнологија
Пропаганда
Новости
За Македонија
Македонизам
Анкета
Македониум прашува
Што сакате да читате на Македониум?

Вкупно гласови : 8867
резултати
Македониум музика
Благодарност до Синтезис и Bagi communications

Време
Времето во Д. Капија
Времето во Скопје
Времето во Битола
Календар на настани
Култура > Филм > Македонски филмови
Најдолгиот пат
Сподели на Facebook

Филм од 1976 година

Март, 1903 година. Отоманската Империја е во распаѓање. На Балканот уште единствено Македонија не е слободна. 

Македонското револуционерно движење е во полн растеж. Османлиите прават се за да го задржат своето последно упориште во Европа. Македонскиот народ е изложен на разни репресии, како што е и одмаздата за укажување заштита и помош на комитите. Во еден таков случај Турците го опколуваат селото во кое е во тек свадбарската свеченост. Пукаат во селаните, ги собираат и повеќето од нив ги одведуваат. Меѓу нив е и младоженецот. Заробените селани, повеќе од двесте, се затворени во тврдина. Ги има од повеќе македонски села. Тука веднаш се изрекуваат пресудите. Најмалата казна е 15, а најдолгата 101 година затвор. Меѓу осудените се и попот и учителот од Врбјани.

Селаните ги пренесуваат со воз до Солун. За нивниот транспорт до таму, како и до Турција, е овластен чаушот. Некои од заробениците се подготвуваат за бегство, но тоа е оневозможено заради засилените мерки на претпазливост по повод тукушто извршените акции на гемиџиите во Солун. Следи патување со брод. Целта е Мала Азија. Учителот се обидува да бега, но не успева во тоа. Потоа Македонците повторно се во окови. По пристигнувањето на брегот, чаушот им соопштува на заробениците дека од таму бегањето е невозможно. Пределот низ кој се движат е пустински суров. Македонците се изложени на најразлични понижувања по патот, еден од нив е и начинот на кој се добива храна. По патот се судираат и со курдските племиња кои овие предели ги контролираат како свои. Нападот е одбиен и со помош на затворениците, кои добиваат пушки за да им помогнат на - инаку, малубројните - турски војници. На овој мачен пат и турските војници, кои ги водат затворениците до крајното одредиште ја делат нивната судбина. Еден од затворениците е Синан, Турчин чие присуство на многумина не им е јасно. Тој се спријателува со чаушот, а и, по пристигнувањето во една оаза, исто како и другите приложува еден златник за чаушот таа ноќ да може да биде со гостилничарката.

На долгиот пат многумина од селаните остануваат боси и нозете им се во рани. По патот пристигнуваат до големата река, Еуфрат, која ја минуваат со чунови. Во блискиот град заробениците имаат можност да купат храна. Многумина се прејадуваат и умираат. Престојот во градот го искористува даскалот и бега, со помош на месното турско население, кое смета дека на овие страдалници треба да им се помогне. Патувањето продолжува. Пристигнуваат до еден антички театар каде што умира попот. Чаушот му ја соопштува на Синан причината за своите ноќни стравувања. Тој го убил својот најдобар пријател поради неговата љубов кон жената на чаушот. Сега чаушот се плаши од одмаздата на неговите браќа. Секула се обидува да побегне. Го фаќаат и за казна му ги засекуваат табаните. Од така осакатениот Секула Турците бараат да игра. Тој го започнува Тешкото. Му се прудружуваат и другите страдалници.

Во октомври 1908 година, осудените пристигнуваат на местото каде што ќе ја издржуваат казната. Кога веќе сè е готово, и чаушот е задоволен поради извршената работа, Синан му приоѓа и го убива. Тој е братот на убиениот пријател на чаушот. Осудените ги пречекува грчкиот поп кој им ја соопштува амнестијата. Сите се ослободени и можат да се вратат дома. Осудените тргнуваат повторно на пат. Овој пат тие се сами. Нив нема кој да ги води. Од далечината им се приближува даскалот. Ги очекува пат исполнет со низа опасности. Сите преживеани селани пристигнуваат во своите села.

Режија: Гапо Ивановски Бранко
Сценарио: Андреевски М. Петре
Директор на фотографија: Билбиловски Киро
Снимател: Салковски Драган
Монтажа: Грбевски Димитар
Главни улоги: Ангеловски Шишман, Арсовски Петар, Дамевски Дарко, Јаниќиевиќ Душан, Јовановски Мето, Милосављевиќ Ненад, Темелковски Петар, Чевревски Данчо, Шишков Ристо
Споредни улоги: Билал Салаетин, Бошкова Мери, Васовски Панче - Камшик, Врховец Јанез, Гешовски Димитар, Груби Феми, Јовановски Ацо, Максут Сузана, Максут Џемаил, Мамут Рамадан, Неби Фирдаус, Псалтиров Кирил, Сејфула Љутви, Стефановски Ристо, Стојанов Крум, Христов Чедо, Чоревски Борис
Музика: Зографски Томислав
Директор на филм: Петровски Ацо

Сподели на Facebook | << Назад | Најгоре

Овој наслов е прочитан 5296 пати
Просечна оцена од посетителите
 3,75 од 5
Оцена:

Запиши
Коментар:

 

петок, 26 април 2024
Моментно посетители: 28

Македонија низ фотографии

Галерии: 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16  (нова)
Дали знаевте дека...
 Фалангата во борба со “Амазонки”
--------------------------------
 Св. Стефан патријарх Цариградски
--------------------------------
 Поход на Печенезите во Македонија и нивниот крај
--------------------------------
 Годината на стаорите кои одонесоа милиони во смрт
--------------------------------
 Дезертерство (не)познаница за Македонците
--------------------------------
Дневни случувања
 Тауресиум ќе се презентира пред јавност
 Под македонското сонце во Прага
 Архитектурата од 4 до 6 век на виделина
 Ова не е Танец, ова е чудо од Македонија!
 Инаугуриран четвртиот македонски претседател

Македонски времеплов
Март
Април
Мај
Јуни
Јули
Август
Февруари
Септември
Октомври
Ноември
Јануари
Декември
 
Copyright Macedonium | © 2007-2008 Број на посетители: