Macedonium
Македониум.орг
Историја
Религија
Архитектура
Култура
Етимологија
Етнологија
Пропаганда
Новости
За Македонија
Македонизам
Анкета
Македониум прашува
Што сакате да читате на Македониум?

Вкупно гласови : 8866
резултати
Македониум музика
Благодарност до Синтезис и Bagi communications

Време
Времето во Д. Капија
Времето во Скопје
Времето во Битола
Календар на настани
Култура > Филм > Македонски филмови
Татко (Колнати сме, Ирина)
Сподели на Facebook

Филм од 1973 година

Меѓу селските момчиња кои заминуваат во војска е и тукушто оженетиот Дамјан, единствениот син на воденичарот Витан. Младата жена останува во куќата на свекорот. Минуваат денови во познатото секојдневие за двајцата. Упатени еден на друг тие заеднички го носат бремето на работата во воденицата и околу имотот. Во долгите и монотони вечери младата Ирина го посакува враќањето на Дамјан. Честите наминувања на Мечето, селскиот клисар и трговец, ја вознемируваат Ирина.

Таа не го поднесува поради невкусните шеги кои алудираат на нејзината младост, убавина, а сепак самотија. Додека Витан собира дрва во планината, Ирина пере на потокот. Водата ја мами и таа се бања. Од грмушките ја гледаат селските момчиња. Ја гледа и Витан обземен од нејзината убавина. Слушајќи ги гласовите на момчињата и самиот фатен во грев, бесен и на нив и на себе, ги гони, гонејќи се и себеси. Заемната привлечност на Витан и Ирина, на еден силен маж и една пожелна жена, се случува спонтано и скоро неминовно во осамата во која живеат. Но, и двајцата, оптоварени со грешноста на желбата која подеднакво ја чувствуваат, наоѓаат сили да и се спротивстават.

Не можејќи да ја контролира љубомората, Витан не само што не им допушта на селаните да носат жито за мелење во воденицата, туку и на случајните минувачи им се заканува со истрели. Една ноќ, кога Витан по изминатиот ден во планината каде што беснее сечејќи дрвја се враќа во куќата, паѓаат сите табуи, страста станува посилна од сите забрани... Доаѓа и денот на Дамјановото враќање. Тој во планината ги наоѓа татка си и својата жена кои во љубовен занес не го забележуваат неговото пристигнување. Сведок на целиот настан е и Мечето. Тој доаѓа во воденицата и го известува Витан дека Дамјан се крие во планината. Во воденицата владее молк.

Витан и Ирина го очекуваат појавувањето на Дамјан. Најпосле, тој се појавува. Гонет од љубомора и под бремето на неверојатниот грев, тој се однесува како подивен ѕвер. Своето право на маж го покажува силувајќи ја Ирина. Таа му се одмаздува убивајќи го. Витан се враќа од планината. Пред куќата го чека Ирина. Потоа заминува, а за него и за Ирина, а самотијата останува нивни вечен сопатник.

Режија: Ангеловски Коле
Сценарио: Ангеловски Коле
Директор на фотографија: Самоиловски Мишо
Монтажа: Тасевски Спасе
Главни улоги: Арнериќ Неда, Живоиновиќ Велимир - Бата, Јовановски Мето, Милосављевиќ Ненад
Споредни улоги: Ангеловски Шишман, Грозданов Мите, Моловски Томе
Музика: Зографски Томислав
Директор на филм: Петровски Ацо

Сподели на Facebook | << Назад | Најгоре

Овој наслов е прочитан 4240 пати
Просечна оцена од посетителите
 
Оцена:

Запиши
Коментар:

 

среда, 24 април 2024
Моментно посетители: 37

Македонија низ фотографии

Галерии: 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16  (нова)
Дали знаевте дека...
 Според сметањето на православната црква
--------------------------------
 На една минута Македонија во 50 Библии
--------------------------------
 Преп. Григориј Синаит
--------------------------------
 Најголем рудник за воденички камења
--------------------------------
 Поход на Скитите кон Македонија и нивниот крај
--------------------------------
Дневни случувања
 Тауресиум ќе се презентира пред јавност
 Под македонското сонце во Прага
 Архитектурата од 4 до 6 век на виделина
 Ова не е Танец, ова е чудо од Македонија!
 Инаугуриран четвртиот македонски претседател

Македонски времеплов
Март
Април
Мај
Јуни
Јули
Август
Февруари
Септември
Октомври
Ноември
Јануари
Декември
 
Copyright Macedonium | © 2007-2008 Број на посетители: