Macedonium
Македониум.орг
Историја
Религија
Архитектура
Култура
Етимологија
Етнологија
Пропаганда
Новости
За Македонија
Македонизам
Анкета
Македониум прашува
Што сакате да читате на Македониум?






Вкупно гласови : 7448
резултати
Македониум музика
Благодарност до Синтезис и Bagi communications

Време
Времето во Д. Капија
Времето во Скопје
Времето во Битола
Календар на настани
Култура > Филм > Македонски филмови
Македонски дел од пеколот
Сподели на Facebook

Филм од 1971 година

Филмот е снимен според вистинит настан. При крајот на 1942 и во почетокот на 1943 година, за да го спречат ширењето на Револуцијата во Битолско, бугарските фашистички окупатори ги засилија прогоните и насилствата над цивилното население. По предавството на селанецот Диме Пафтар дека во селото Лавци се наоѓаат партизани, меѓу кои е забележан и легендарниот учител Тодор Ангелов, по кого е распишана и потерница, бугарскиот полициски началник и мајорот на бугарската војска во Битола организираат заедничка акција за напад на селото. Под закрилата на ноќта партизаните, заедно со селаните, се подготвуваат за напуштање на селото. Меѓутоа, започнува нападот на опколеното село.

По голема борба партизаните успеваат да го пробијат обрачот, но селаните и Даскалот остануваат во селото. Даскалот се крие во куќата на Јосиф, во скривницата на таванот. Бугарската војска и полиција влегува во селото. Сите машки жители на селото, постари од 15 години, се собираат сред село, а на жените и децата им е забрането да излегуваат од куќите. За да го фатат Даскалот, мајорот и полицискиот началник одбираат 25 селани и им се закануваат дека ќе ги стрелаат. Времето одминува и селанките исплашени за животите на своите мажи масовно излегуваат сред село. Покажани од издајникот, издвоени се и измачувани Илинка, девојката на убиениот партизан Кајзер, Паца, жената на Јосиф, и Јосиф, кого го горат со вжештено железо. Никој не го предава Даскалот.

За тоа време во куќата на Паца и Јосиф, нивниот син Миле го слуша викањето на скриениот учител, но не му помага туку излегува и им се придружува на другите селани. Во меѓувреме Велика добива породилни болки, се извлекува од толпата и незабележана влегува во куќата на Јосиф. Со крајни напори му помага на Даскалот да се извлече од скривницата. Во ноќта кога започнува одвојувањето на осудените на смрт, селаните ја забележуваат силуетата на Даскалот во селскиот сокак. Тој, не дозволувајќи невини жртви, започнува да пука. Опколен од сите страни, бара засолниште во шталата. Шталата е запалена, и Даскалот, слушајќи ја песната на селаните, ја активира бомбата.

Режија: Мимица Ватрослав
Сценарио: Јаневски Славко , Мимица Ватрослав
Директор на фотографија: Билбиловски Киро
Снимател: Самоиловски Мишо
Монтажа: Чемчев Вангел - Лаки
Продуцент: Камберски Јово
Главни улоги: Ангеловски Коле, Вуисиќ Павле, Гешовска Нада, Дамевски Дарко, Дравиќ Милена, Јовановски Ацо, Милчин Илија, Прличко Петре, Шоваговиќ Фабијан
Споредни улоги: Ангеловски Шишман, Аранѓеловиќ Столе, Арсовски Петар, Васовски Панче - Камшик, Влахов Гоце, Георгиева Лиле, Гравчевски Владимир, Диневски Вукан, Дишљенковиќ Предраг, Донева Вукосава, Зози Димитар, Исаја Мара, Јосифовски Јосиф, Колозов Ѓорѓи, Моловски Томе, Спасоевиќ Неда, Стефановски Ацо, Стефановски Димче, Стојковски Петар - Бабец, Трајковски Димче, Трајковски Љубиша, Џамбазов Игор, Шапковска Виолета
Директор на филм: Ангеловски Благоја

Сподели на Facebook | << Назад | Најгоре

Овој наслов е прочитан 3624 пати
Просечна оцена од посетителите
 
Оцена:




 
Запиши
Коментар:

 

среда, 16 август 2017
Моментно посетители: 73

Македонија низ фотографии

Галерии: 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16  (нова)
Дали знаевте дека...
 Св. Прохор Пчињски
--------------------------------
 Годината на стаорите кои одонесоа милиони во смрт
--------------------------------
 Пожар во Александриската библиотека од Христијани
--------------------------------
 Археолошки истражувања и грабеж на Македонија
--------------------------------
 Целиот учен свет на антиката – во Александрија
--------------------------------
Дневни случувања
 Тауресиум ќе се презентира пред јавност
 Под македонското сонце во Прага
 Архитектурата од 4 до 6 век на виделина
 Ова не е Танец, ова е чудо од Македонија!
 Инаугуриран четвртиот македонски претседател

Македонски времеплов
Март
Април
Мај
Јуни
Јули
Август
Февруари
Септември
Октомври
Ноември
Јануари
Декември
 
Copyright Macedonium | © 2007-2008 Број на посетители: