Macedonium
Македониум.орг
Историја
Религија
Архитектура
Култура
Етимологија
Етнологија
Пропаганда
Новости
За Македонија
Македонизам
Анкета
Македониум прашува
Што сакате да читате на Македониум?






Вкупно гласови : 7448
резултати
Македониум музика
Благодарност до Синтезис и Bagi communications

Време
Времето во Д. Капија
Времето во Скопје
Времето во Битола
Календар на настани
Култура > Филм > Македонски филмови
Жед
Сподели на Facebook

Филм од 1971 година

Жителите на едно село во пасивен македонски крај својата егзистенција ја обезбедуваат испраќајќи ги мажите на печалба. Во селото работат и живеат три учителки, младите девојки Елица, Марија и Николина, и секоја на свој начин се обидува да му даде смисла на животот кој им е наметнат во оваа средина. Најголем проблем во селото е снабдувањето со вода. Од далечниот планински извор водата ја носи водоносецот Марко, кој е вљубен во сиромашната девојка Кате. Нивната врска нема перспектива поради исклучителната сиромаштија во која живеат. Монотонијата на селскиот живот се разбива со доаѓањето на групата рударски инженери кои во планината вршат истражувања.

Меѓу нив е и инженерот Виктор, кој го привлекува вниманието на учителката Марија. Таа е во дилема дали да ја прифати можноста да замине со него од селото и коренито да го измени својот живот. Сепак, пресудна е нејзината желба да им се помогне на децата и жителите од селото и таа останува. Враќањето на остарениот печалбар Трендафил, вујко на Кате, претставува своевиден настан за животот на селото. Судбината на многумина во селото зависи од „богатството“ на вујкото кој се врати од Америка. Внуката Кате се надева дека ќе и биде овозможено да се оствари нејзината љубов кон водоносецот Марко и желбата да има свое семејство.

Интерес покажува и учителката Елица, сметајќи дека парите од стариот печалбар ќе значат излез за бегство од селото. Но, место за надеж нема, бидејќи Трендафил се враќа од Америка без печалба. Надежите на многумина се изневерени. Кате останува сама, бидејќи Трендафил заминува на печалба; Елица се соочува со уште едно разочарување, а стариот печалбар умира осамен и презрен од сите.

Режија: Османли Димитрие
Сценарио: Чинго Живко
Директор на фотографија: Петковски Љубе
Монтажа: Нановиќ Миланка
Главни улоги: Ајрула - Тозија Сабина, Ангеловски Коле, Вуисиќ Павле, Дамевски Дарко, Јовановски Ацо, Костовски Драги , Митревска Јадвига , Спасоевиќ Неда , Стамеска Снежана
Споредни улоги: Васовски Панче - Камшик, Вртева Веска, Гешовска Нада, Диневски Вукан, Дишљенковиќ Предраг, Ѓорчев Александар-Ацо, Мамут Рамадан, Прличко Петре, Трајковски Димче
Музика: Прокопиев Трајко
Директор на филм: Петровски Ацо

Сподели на Facebook | << Назад | Најгоре

Овој наслов е прочитан 3542 пати
Просечна оцена од посетителите
 
Оцена:




 
Запиши
Коментар:

 

среда, 16 август 2017
Моментно посетители: 126

Македонија низ фотографии

Галерии: 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16  (нова)
Дали знаевте дека...
 Македонците и ножот
--------------------------------
 Држава, етимолошко поимање
--------------------------------
 Најголем рудник за воденички камења
--------------------------------
 Златото на Индија кај Александар
--------------------------------
 На една минута Македонија во 50 Библии
--------------------------------
Дневни случувања
 Тауресиум ќе се презентира пред јавност
 Под македонското сонце во Прага
 Архитектурата од 4 до 6 век на виделина
 Ова не е Танец, ова е чудо од Македонија!
 Инаугуриран четвртиот македонски претседател

Македонски времеплов
Март
Април
Мај
Јуни
Јули
Август
Февруари
Септември
Октомври
Ноември
Јануари
Декември
 
Copyright Macedonium | © 2007-2008 Број на посетители: