Macedonium
Македониум.орг
Историја
Религија
Архитектура
Култура
Етимологија
Етнологија
Пропаганда
Новости
За Македонија
Македонизам
Анкета
Македониум прашува
Што сакате да читате на Македониум?

Вкупно гласови : 8866
резултати
Македониум музика
Благодарност до Синтезис и Bagi communications

Време
Времето во Д. Капија
Времето во Скопје
Времето во Битола
Календар на настани
Култура > Литература > Македонска поезија
Преродба - Катица Ќулавкова
Сподели на Facebook

Преродба - Катица Ќулавкова
станува збор за користење на постмодернистичката техника метатекстуалност (или наједноставно речено: повикување на веќе постоечко дело)

Љубезни мои!

Во Москва еднаш напишав:
„Овде је мрачно и мрак м‘ обвива”,
зашто наспрема „чудесната пролет”
на нашата татковина
како што рече брат ми Димитрија
се друго е во магли и во мразој.

Но мухамеданските темници се толку темни,
мразни и омразени
што и носталгијата ја губи смислата.
Во нив на сонцето мислам само по сеќавање.
Во нив нема ноќ оти нема ни ден.
Се е грозничаво чемреење без сон и без мера.

Сега сум затворен не само по природа,
ами и по закон. Без вина, без доказ
и без причина: значи без јасна цел.
Се се случи или усно или молкум
како воопшто да не било.

Летоска откако го видов објавен Зборникот
јуначки, жаловни, смешни,
овчарски, самовилски, љубовни и други песни
со душата на мојот народ и на знаците
на кирилицата нанижани.

Овде само моќта на писмото ме теши:
не е човек, та да не се сочува
и да не биде во исто време на многу места.
Умот не умира, ниту зборот заборава.

Ви пишувам бледен и изнемоштен
не толку од животот
колку од невидимата власт и сила.

Од мртвиот процес. Од безмугрието.
А сушицата и тифусот се опаки болести
особено кога се добиваат по надлежност
на Великата Порта и Везирот.

Не бил народ тој што имал проколнат јазик,
тврдат фанариотите! Ние, пак, Македончињата
мислиме обратно. Проколнат е, елем постои.
Клетвата фрлена в црква, од Везирот
И нему послушните поедници и групи
не фаќа корен. Туѓата реч фаќа луѓе.
Лошата убива.

Ако ли не се вратиме, љубезни мои
проштевајте.
Песната ви ја обелоденивме.
Има век за паметење,
има магија за ослободување.
А верба кога има и преродба ќе има.

И на крај, како што знаете
нема големи дела без трагедии.
Не реков жртви!

Цариград, јануари 1862

Константин Миладинов

Сподели на Facebook | << Назад | Најгоре

Овој наслов е прочитан 6341 пати
Просечна оцена од посетителите
 
Оцена:

Запиши
Коментар:

 

четврток, 25 април 2024
Моментно посетители: 52

Македонија низ фотографии

Галерии: 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16  (нова)
Дали знаевте дека...
 Ерменецот роб – најуспешен војсководец на Јустиниј
--------------------------------
 Македонците и чамците
--------------------------------
 Први истражувања на флората во Македонија
--------------------------------
 Македонците први за воен род – коњица
--------------------------------
 Кои се Даките?
--------------------------------
Дневни случувања
 Тауресиум ќе се презентира пред јавност
 Под македонското сонце во Прага
 Архитектурата од 4 до 6 век на виделина
 Ова не е Танец, ова е чудо од Македонија!
 Инаугуриран четвртиот македонски претседател

Македонски времеплов
Март
Април
Мај
Јуни
Јули
Август
Февруари
Септември
Октомври
Ноември
Јануари
Декември
 
Copyright Macedonium | © 2007-2008 Број на посетители: