Macedonium
Македониум.орг
Историја
Религија
Архитектура
Култура
Етимологија
Етнологија
Пропаганда
Новости
За Македонија
Македонизам
Анкета
Македониум прашува
Што сакате да читате на Македониум?






Вкупно гласови : 7448
резултати
Македониум музика
Благодарност до Синтезис и Bagi communications

Време
Времето во Д. Капија
Времето во Скопје
Времето во Битола
Календар на настани
Култура > Литература > Македонска поезија
Ода на царот ослободител - Григор Прличев
Сподели на Facebook

Ода на царот ослободител - Григор Прличев
(Рабов ослободителју)

Зазорува. Ден се дени.
Знамиња и крст во сјај.
Плач врз лица разведрени -
и Турското има крај!
Свестете се,
молете се...
Робот в смртен страв глас крева: сета Русија со нас е,
ќе го преосвети храмот поганец што ни го гнасел!

Низ молитви и низ пости
ги испивме сите зла;
по планините, кај в злости
страден плач се распослал.
Господ вникнал
и воскликнал:
„В пекол злата фрлете ги!Таму нека тлеат в гроза,
тие пусти зломириси од светот што сум го создал!

Кај е мојот образ, кај е?
Овде животот е плач,
овде грда радоста е,
а царот - поробувач,
ред опакости
и злости!
Кој ли народ ширум светот од неправди не се тресе?
Кој ли Богу му е верен? Тоа само Русите се.

Александре, цару, стани,
Месијата ти си наш,
од јад и од смртни рани
страдни души спасуваш,
Христијани,
Муслимани.”
Така рече Јехова и рака врз царското рамо сложи,
ги благослови за борба воините силни, божји.

Со нив в ред е Ангел зрачен,
им ја крепи ведроста;
ведне поглед Демон мрачен,
се кикоти земјата!
Од ранина
до темнина.
Кренати сме против снегот, северот и луњи сури,
не ги плашат нив ни скрки, ни магли, ни диви бури.

Кои умеат да пишат,
зографине, поетине?
Тоа души што ни ниша
нека одмине и згине.
Сепнете се,
молете се...
Хомера по вторпат Господ би го создал, или Орфеј,
коишто би воспеале мажи како Ахилеј.

Разбуди се, петли пеат,
Марго, жртво Исусова,
глеј: знамиња нам ни веат
Крстот, Лавот, вера нова;
радост, граби,
стегни заби,
долго, долго ти робинка на Мохамед си му била,
но, верата ја сочува во својата дамар - жила.

Нимфи, песни раздиплете,
на серадост иде час.
Моми, бело облечете,
момчето е меѓу вас;
Сепнете се,
молете се...
Бргу! Борци боголики со пијалак почестете;
со хијацинт и гороцвет руси глави искитете.

Вие, в бој што ќе гинете,
Христови сте војувачи,
глави славни искитете
со цвеќе што слава значи.
Не се Еви
тие деви,
имињата нивни в шепот тие не ги спомнуваат,
ниту солзите од лице тие не ги истриваат.

Горда, благословена и славна
Русијо, ти вечна да си;
нема да си заборавна,
низ векови глас ќе гласиш.
Вековита,
силовита,
на цар Николај на глава дијадема ти му стави...
Царот Александар светот дур‘ живее ќе го слави!


(1 септември 1878 год., Охрид)
Григор Прличев

Сподели на Facebook | << Назад | Најгоре

Овој наслов е прочитан 5293 пати
Просечна оцена од посетителите
 5 од 5
Оцена:




 
Запиши
Коментар:

 

среда, 16 август 2017
Моментно посетители: 58

Македонија низ фотографии

Галерии: 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16  (нова)
Дали знаевте дека...
 Во Јапонскиот парламент – “Лига за Македонија”
--------------------------------
 Најпознатото Асеманово евангелие од Македонија
--------------------------------
 “Василици” македонски вршници
--------------------------------
 Златото на Индија кај Александар
--------------------------------
 “Бранденбург” единици (II светска војна)
--------------------------------
Дневни случувања
 Тауресиум ќе се презентира пред јавност
 Под македонското сонце во Прага
 Архитектурата од 4 до 6 век на виделина
 Ова не е Танец, ова е чудо од Македонија!
 Инаугуриран четвртиот македонски претседател

Македонски времеплов
Март
Април
Мај
Јуни
Јули
Август
Февруари
Септември
Октомври
Ноември
Јануари
Декември
 
Copyright Macedonium | © 2007-2008 Број на посетители: