Macedonium
Македониум.орг
Историја
Религија
Архитектура
Култура
Етимологија
Етнологија
Пропаганда
Новости
За Македонија
Македонизам
Анкета
Македониум прашува
Што сакате да читате на Македониум?

Вкупно гласови : 8866
резултати
Македониум музика
Благодарност до Синтезис и Bagi communications

Време
Времето во Д. Капија
Времето во Скопје
Времето во Битола
Календар на настани
Култура > Литература > Македонски писатели
Гане Тодоровски
Сподели на Facebook

Поет, преведувач, есеист, литературен критичар и историчар, публицист. Роден е на 11 мај 1929 година во Скопје.

Завршил Филозофски факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје каде што и докторирал на темата „Веда Словена и нејзините мистификатори“. Работел како новинар во Танјуг, „Млад борец“ и „Студентски збор“. Бил долгогодишен професор по хрватска литература и македонска литература - 19 век на Филолошкиот факултет во Скопје. Бил претседател на ДПМ (1969-1971 и 1985/86), претседател на Советот на СВП (1970-1971) и бил одговорен уредник на списанието „Млада литература“. Амбасадор на Република Македонија во Руската Федерација. Член на МАНУ. Член на Македонскиот ПЕН центар. Член на ДПМ од 1951 година.

Автор е на книгите: Во утрините (поезија, 1951), Тревожни звуци (поезија, 1953), Спокоен чекор (поезија, 1956), Божилак (поезија, 1960), Апотеоза на делникот (поезија, 1964), Претходниците на Мисирков (студии и огледи, 1968), Горчливи голтки непремолк (поезија, 1970), Снеубавен ден (поезија, 1974), Трактати за сонцељубивите (есеи и записи, 1974), Веда Словена (1979), Маѓепсан мегдан (литературни записи, 1979), Скопјани (поезија, 1981), Подалеку од занесот, поблизу до болот (студии, 1983), Со збор кон зборот (студии и критики, 1985), Поход кон Хеликон (студии, 1987), Неволици, неверици, несоници (поезија, 1987), Неодложни љубопитства (студии, записи и критики, 1987), Недостижна (поезија, 1995), Осамен патник (поезија на англиски, 1996). Составувач е на антологиите: Песната - храброст (1975), Австриската поезија на ХХ век (1982), и други, а како коавтор ги приредил антологиите: Словенечки поети (1956), Езерска земја (1967), Правостоина (современи поети од албанската народност во Југославија, 1968), Нова хрватска поезија (1973), Современа хрватска поезија (1981).

Добитник е на наградите: „Кочо Рацин“, „11 Октомври“, „13 Ноември“, „Браќа Миладиновци“, „Климент Охридски“, „Гоце Делчев“, „Димитар Митрев“, Наградата за книжевен опус на „Мисла“ и на преведувачките награди „Григор Прличев“, „Кирил Пејчиновиќ“ и „Златно перо“.

Сподели на Facebook | << Назад | Најгоре

Овој наслов е прочитан 5938 пати
Просечна оцена од посетителите
 3,14 од 5
Оцена:

Запиши
Коментар:

 

четврток, 25 април 2024
Моментно посетители: 49

Македонија низ фотографии

Галерии: 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16  (нова)
Дали знаевте дека...
 Киклопскиот ѕид во Македонија меѓу најстарите
--------------------------------
 Грижата и дарежливоста на Александар
--------------------------------
 Во Јапонскиот парламент – “Лига за Македонија”
--------------------------------
 Први истражувања на флората во Македонија
--------------------------------
 Федерација-од Јустинијановите “федерати” (Варвари)
--------------------------------
Дневни случувања
 Тауресиум ќе се презентира пред јавност
 Под македонското сонце во Прага
 Архитектурата од 4 до 6 век на виделина
 Ова не е Танец, ова е чудо од Македонија!
 Инаугуриран четвртиот македонски претседател

Македонски времеплов
Март
Април
Мај
Јуни
Јули
Август
Февруари
Септември
Октомври
Ноември
Јануари
Декември
 
Copyright Macedonium | © 2007-2008 Број на посетители: