Macedonium
Македониум.орг
Историја
Религија
Архитектура
Култура
Етимологија
Етнологија
Пропаганда
Новости
За Македонија
Македонизам
Анкета
Македониум прашува
Што сакате да читате на Македониум?

Вкупно гласови : 10123
резултати
Македониум музика
Благодарност до Синтезис и Bagi communications

Време
Времето во Д. Капија
Времето во Скопје
Времето во Битола
Календар на настани
Култура > Литература > Македонски писатели
Блаже Конески
Сподели на Facebook

Поет, раскажувач, есеист, книжевен историчар, лингвист, преведувач. Роден е во с. Небрегово, Прилепско на 19 декември 1921 година.

Починал во Скопје на 7 декември 1993 година. Студирал филозофија на универзитетите во Белград и Софија. По дипломирањето работел како професор на Филозофскиот факултет во Скопје. Почесен доктор на Чикашкиот, Краковскиот и Скопскиот Универзитет.

Учествувал во составувањето на правописот на македонскиот литературен јазик (1945). Втемелувач на македонистиката на Скопскиот универзитет. Редактор на Речникот на македонскиот јазик. Бил ректор на Универзитетот во Скопје (1958-1960). Член на МАНУ и нејзин прв претседател (1967-1975). Член на академиите во Загреб, Белград, Сараево, Чикаго, Лоѓ. Бил член на Македонскиот ПЕН центар. Бил уредник на списанијата „Нов ден“ и „Македонски јазик“. Член на ДПМ од 1946 година. Прв претседател на ДПМ.

Автор е на книгите: Земјата и љубовта (поезија, 1948), Македонски правопис со правописен речник, со Крум Тошев (1950), Граматика на македонскиот литературен јазик, прв дел (1952), За македонскиот литературен јазик (1952), Песни (1953), Граматика на македонскиот литературен јазик, втор дел (1954), Везилка (поезија, 1955), Лозје (раскази, 1955), Речник на македонскиот јазик (1961), Песни (1963), Историја на македонскиот јазик (1965), Речник на македонскиот јазик, книга втора, редактирал (1965), Речник на македонскиот јазик, книга трета (1966), Стерна (поезија, 1966), Ракување (поема, 1969), Јазикот на македонската народна поезија (1971), Беседи и огледи (1972), Записи (поезија, 1974), Стари и нови песни (1979), Места и мигови (поезија, 1981), Чешмите (поезија, 1984), Македонскиот 19. век, јазични и книжевно-историски прилози (1986), Ликови и теми (есеи, 1987), Послание (поезија, 1987), Тиквешки зборник (студија, 1987), Средба во рајот (поезија, 1988), Црква (поезија, 1988), Дневник по многу години (проза, 1988), Златоврв (поезија, 1989), Поезија (Константин Миладинов), читање на Блаже Конески (1989), Сеизмограф (поезија, 1989), Македонски места и теми (есеи, 1991), Небесна река (песни и препеви, 1991), Светот на легендатата и песната (есеи и прилози, 1993), Црн овен (поезија, 1993). Добитник на наградите: „11 Октомври“, „Браќа Миладиновци“, „Ацо Шопов“, „Хердеровата“, „Његошевата“, АВНОЈ, „Златен венец“ на Струшките вечери на поезијата, „Скендер Куленовиќ“, на Сојузот на писателите на СССР, за книжевен опус на „Мисла“, „Рациновото признание“, „13 Ноември“.

Сподели на Facebook | << Назад | Најгоре

Овој наслов е прочитан 11757 пати
Просечна оцена од посетителите
 3,62 од 5
Оцена:

Запиши
Коментар:

 

петок, 11 јули 2025
Моментно посетители: 350

Македонија низ фотографии

Галерии: 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16  (нова)
Дали знаевте дека...
 Како макот ги преживеал Македонците
--------------------------------
 ”Лустрација” на македонската античка војска
--------------------------------
 Докажувањето на младите Македонци од антиката
--------------------------------
 “Дромон” е најпознатиот византиски воен брод
--------------------------------
 Преп. Павле Ксиропотамски
--------------------------------
Дневни случувања
 Тауресиум ќе се презентира пред јавност
 Под македонското сонце во Прага
 Архитектурата од 4 до 6 век на виделина
 Ова не е Танец, ова е чудо од Македонија!
 Инаугуриран четвртиот македонски претседател

Македонски времеплов
Март
Април
Мај
Јуни
Јули
Август
Февруари
Септември
Октомври
Ноември
Јануари
Декември
 
Copyright Macedonium | © 2007-2008 Број на посетители: