Macedonium
Македониум.орг
Историја
Религија
Архитектура
Култура
Етимологија
Етнологија
Пропаганда
Новости
За Македонија
Македонизам
Анкета
Македониум прашува
Што сакате да читате на Македониум?

Вкупно гласови : 8855
резултати
Македониум музика
Благодарност до Синтезис и Bagi communications

Време
Времето во Д. Капија
Времето во Скопје
Времето во Битола
Календар на настани
Култура > Театар > Театри во Македонија
Народен театар „Војдан Чернодрински“ - Прилеп
Сподели на Facebook

Како први документирани податоци за организиран театарски живот во Прилеп засега треба да се сметаат оние од 1887 година, поврзани со активностите на прилепската црковно-училишна општина.

Имено, на 13 септември 1887, на редовното заседание на училишното настојателство, учителот Атанас Бадев е назначен за управител на штотуку организираниот општински театар, кој првата претстава ја одиграл веќе на 20 октомври истата година. Тоа е постановка на Молиеровата комедија По неволја доктор, што ја изведувал ансамбл составен исклучиво од аматери: месните учители и повозрасни ученици, кои играле и женски улоги. Режисер, сценограф и суфлер е самиот Бадев. 

Овој даскалски театар инцидентно ќе делува се до почетокот на наредниот век, изведувајќи по некоја премиера годишно или на секоја втора година. Како последни негови изведби, најверојатно, треба да се сметаат дури четири премиери изведени во текот на учебната 1907/1908 година, меѓу кои и премиерата на преставата Многустрадалната Геновева.

Професионален театар во Прилеп е формиран есента 1949 година, со решение на Градскиот народен одбор, како негов основач. Официјално именувана како Градски народен театар Прилеп, оваа институција веднаш вработува 13 постојани и десет хонорарни актери. Првиот директор е Рампо Конески, долгогодишен театарски аматер. Прва премиера на овој театар е комедијата Кир Јања од Јован Стерија Поповиќ, изведена на 18 февруари 1950 година, во режија на Аце Михајловски. 

Во историјата на прилепскиот театар 1954-тата година се смета за пресвртна, бидејќи тогаш е адаптирана театарската зграда, а уметничкиот ансамбл е засилен со поголема група скопски актери, предводени од режисерот Мирко Стефановски. Во текот на наредните шест години (1954-1960), под уметничкото водство на Мирко Стефановски, прилепскиот театар ќе се афирмира како еден од најдинамичните, најинтригантни и најуспешни македонски театри, воопшто. 

Во 1965 година театарот станува организатор и домаќин на театарските игри Војдан Чернодрински, кои подоцна прераснуваат во Македонски театарски фестивал. 

Меѓу 1950 и 2000 година Народниот театар „Војдан Чернодрински“ има изведено 200 премиерни претстави и прикажано над 4.000 изведби, проследени од над еден милион гледачи.

Прв професионален состав на Градскиот народен театар Прилеп (18 февруари 1950):
Рампо Конески - директор; Орде Паноски - сценограф; Блага Аламиоска; Нада Галеска; Мара Русеска; Ратка Смилевска; Димче Гешоски; Кирил Жежоски; Благој Келески; Аце Михајлоски; Цане Настоски; Ѓорѓи Ристоски; Владо Спиркоски; Борка Солески; Димче Шилоски - актери.

Институт за театрологија

Сподели на Facebook | << Назад | Најгоре

Овој наслов е прочитан 7570 пати
Просечна оцена од посетителите
 5 од 5
Оцена:

Запиши
Коментар:

 

петок, 19 април 2024
Моментно посетители: 178

Македонија низ фотографии

Галерии: 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16  (нова)
Дали знаевте дека...
 Дијад - најгенијалниот инженер на Александар
--------------------------------
 Римската легија и фалангата
--------------------------------
 Мариово–македонска автономна област под Отоманите
--------------------------------
 Овошја во Македонија со потекло од Арапите
--------------------------------
 Прст од раката на Св.Ѓорѓи во Паралово
--------------------------------
Дневни случувања
 Тауресиум ќе се презентира пред јавност
 Под македонското сонце во Прага
 Архитектурата од 4 до 6 век на виделина
 Ова не е Танец, ова е чудо од Македонија!
 Инаугуриран четвртиот македонски претседател

Македонски времеплов
Март
Април
Мај
Јуни
Јули
Август
Февруари
Септември
Октомври
Ноември
Јануари
Декември
 
Copyright Macedonium | © 2007-2008 Број на посетители: