Macedonium
Македониум.орг
Историја
Религија
Архитектура
Култура
Етимологија
Етнологија
Пропаганда
Новости
За Македонија
Македонизам
Анкета
Македониум прашува
Што сакате да читате на Македониум?

Вкупно гласови : 8866
резултати
Македониум музика
Благодарност до Синтезис и Bagi communications

Време
Времето во Д. Капија
Времето во Скопје
Времето во Битола
Календар на настани
Култура > Театар > Театри во Македонија
Народен театар - Куманово
Сподели на Facebook

Почетоците на поинтензивниот театарски живот во Куманово, најверојатно, треба да се поврзат со почетните активности на Културно-уметничкото друштво (КУД) „Абрашевиќ“, основано во 1926 година.

Неговата драмска секција со прекини работи до 1936, изведувајќи десетина претстави, кои претежно се со нагласена социјална содржина. Напоредо со дејноста на првите кумановски аматери собрани во КУД „Абрашевиќ“, во текот на триесеттите години во Куманово работат и некои други аматерски драмски групи.
По ослободувањето, во декември 1944, здружени кумановски аматери формираат Градски аматерски театар, чијашто прва претстава, агитката Ние сме ќорите, беше изведена на градскиот плоштад. До 1947 година театарот одиграл десетина претстави, меѓу кои и агитката на Блаже Конески, Гладна кокошка просо сонуе и антологиската пиеса на Васил Иљоски, Ленче Кумановче. 

Во 1947 година театарот се вселува во новата зграда, што несомнено доведува до квалитативна промена на неговиот институционален статус. Од 1 јануари 1948 тој работи како полупрофесионален, а од 15 јули истата година - како професионален театар, со уметнички ансамбл од 15 члена. По шестгодишната дејност, одбележена со променливи успеси, на 30 јуни 1954 година тој е формално укинат.
На крајот од педесеттите и во почетокот на шеесеттите години, благодарение на одново разбрануваниот драмски аматеризам, во Работничкиот универзитет се конституира Младинска сцена, раководена од професорот Драгољуб Димовски. На 1 септември 1961 дејноста на оваа сцена ќе се формализира (повторно) во полупрофесионален театар кој, до крајот на истата година, одново ќе стане професионална театарска институција. 

И покрај некои кризни периоди, Народниот театар Куманово успешно го зачувал својот професионален статус. 

Несредениот и, главно, парцијално сочуваниот архивски материјал оневозможува целосен увид во театрографските податоци за Народниот театар Куманово.
Прв професионален состав на Народниот театар Куманово (1 јануари 1948):
Ѓоко Николовски, Петар Тасевски, Киро Крстевски, Митко Кировски, Рада Сарева и Вера Петрушевска.

Институт за театрологија

Сподели на Facebook | << Назад | Најгоре

Овој наслов е прочитан 6356 пати
Просечна оцена од посетителите
 2 од 5
Оцена:

Запиши
Коментар:

 

четврток, 25 април 2024
Моментно посетители: 27

Македонија низ фотографии

Галерии: 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16  (нова)
Дали знаевте дека...
 Св. Васа Солунска
--------------------------------
 Битката и Македонците во антиката
--------------------------------
 Крстот на кој е распнат Исус, низ Македонија
--------------------------------
 Кои се Даките?
--------------------------------
 Најголема археолошка акција со светот
--------------------------------
Дневни случувања
 Тауресиум ќе се презентира пред јавност
 Под македонското сонце во Прага
 Архитектурата од 4 до 6 век на виделина
 Ова не е Танец, ова е чудо од Македонија!
 Инаугуриран четвртиот македонски претседател

Македонски времеплов
Март
Април
Мај
Јуни
Јули
Август
Февруари
Септември
Октомври
Ноември
Јануари
Декември
 
Copyright Macedonium | © 2007-2008 Број на посетители: