Macedonium
Македониум.орг
Историја
Религија
Архитектура
Култура
Етимологија
Етнологија
Пропаганда
Новости
За Македонија
Македонизам
Анкета
Македониум прашува
Што сакате да читате на Македониум?

Вкупно гласови : 8867
резултати
Македониум музика
Благодарност до Синтезис и Bagi communications

Време
Времето во Д. Капија
Времето во Скопје
Времето во Битола
Календар на настани
Култура > Театар > Театри во Македонија
Македонскиот народен театар
Сподели на Facebook

Македонскиот народен театар официјално е конституиран со Одлука на Президиумот на АСНОМ (бр. 581/45) од 31 јануари 1945, како драмски театар.

Во текот на првите две сезони МНТ и функционира исклучиво како драмски театар, макар што перманентно настојува да го доизгради/докомплетира за тоа време типизираниот модел на национална театарска институција, составена од три ансамбли: драмски, оперски и балетски. Напорите на неколку управувачки гарнитури, поддржани и од амбициите на републичката културна политика но и на некои среќни околности (кадровски и финансиски), овозможија во текот на наредните четири години театарот да се доорганизира: оперскиот ансамбл ќе биде конституиран во 1947 година (првата оперска премиера, Кавалериа рустикана, е изведена на 9 мај 1947) а балетскиот во 1949 (првата балетска премиера, Валпургиската ноќ, е изведена на 27 јануари 1949). Ваквиот модел на театарска организација (популарно наречен австроунгарски), наспроти сета своја нефункционалност што перманентно се потврдува во текот на изминатите децении, МНТ го практикува цели педесет години, не успевајќи во битно изменетите социјални/општествени услови да афирмира поуспешен начин наактивност. Првиот драмски ансамбл на МНТ е во составот: 

Димитар Ќостаров, режисер и директор на Драмата; Илија Милчин, актер и режисер; Тодор Николовски, Петре Прличко, Крум Стојанов, Трајко Чоревски, Мирко (Тихомир) Стефановски и Благоја Црвенков, актери; Томо Владимирски и Василие Поповиќ-Цицо, сценографи. Кон овој состав се приклучуваат и дваесетина членови на техничкиот и административниот персонал, кои ја опслужуваат големата и исклучително функционална театарска зграда (изградена 1927).

Во текот на 1945 година драмскиот ансамбл ќе се докомплетира со нови членови: Тома Кировски, Деса Прличкова, Илија Џувалековски, Добрила Пуцкова, Кирил Ќортошев, Добрила Чабриќ, Мери Бошкова, Драга Арсенска, Никола Ангеловски, Вера Вучкова, Тома Велковски, Милена Година, Томе Гаговски, Владимир Гашевски, Бланка Дишљенковиќ, Предраг Дишљенковиќ, Тодорка Кондова, Александар (Саша) Маркус, Лили Пенчева, Димче Трајковски, Малија Томовска, Славица Тодоровска, Ан. Трајков и Лена Тешанова. Во текот на првата половина од 1945 година како лектор и драматург во МНТ работи и Блаже Конески. Првата претстава што ја изведува драмскиот ансамбл на МНТ е драмата Платон Кречет на Александар Корнејчук, одиграна на 3 април 1945 година во режија на Димитар Ќостаров. Рецентната критика настанот го оценува како исклучителен успех.

Самиот Ќостаров, односно неговата реалистичка/веристичка естетика втемелена врз методот/системот на Станиславски, битно ќе ги детерминира првите две децении од историјата на Драмата при МНТ, целосно определувајќи го нејзиниот иден развиток. Во текот на своето 55-годишното постоење, Драмата при МНТ поставила околу 300 премиери и одиграла околу 8000 претстави. Поминувајќи низ различни творечки фази, но и остварувајќи, во одредени периоди, бележителни, дури и блескави резултати, Драмата при МНТ настојува да ја изгради/профилира сопствената естетика, која би требало и да ги разликува нејзините претстави од претставите на другите театарски куќи во Македонија, но едновремено и да ја потврди/афирмира како национална драмска и театарска институција.

Институт за театрологија

Сподели на Facebook | << Назад | Најгоре

Овој наслов е прочитан 7064 пати
Просечна оцена од посетителите
 5 од 5
Оцена:

Запиши
Коментар:

 

петок, 26 април 2024
Моментно посетители: 64

Македонија низ фотографии

Галерии: 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16  (нова)
Дали знаевте дека...
 Полумесечината симбол од Филип II Македонски
--------------------------------
 Грижата и дарежливоста на Александар
--------------------------------
 Што е ансамбл?
--------------------------------
 Обуката на македонската фаланга
--------------------------------
 Аквадуктите и нивната функција
--------------------------------
Дневни случувања
 Тауресиум ќе се презентира пред јавност
 Под македонското сонце во Прага
 Архитектурата од 4 до 6 век на виделина
 Ова не е Танец, ова е чудо од Македонија!
 Инаугуриран четвртиот македонски претседател

Македонски времеплов
Март
Април
Мај
Јуни
Јули
Август
Февруари
Септември
Октомври
Ноември
Јануари
Декември
 
Copyright Macedonium | © 2007-2008 Број на посетители: