Macedonium
Македониум.орг
Историја
Религија
Архитектура
Култура
Етимологија
Етнологија
Пропаганда
Новости
За Македонија
Македонизам
Анкета
Македониум прашува
Што сакате да читате на Македониум?






Вкупно гласови : 9388
резултати
Македониум музика
Благодарност до Синтезис и Bagi communications

Време
Времето во Д. Капија
Времето во Скопје
Времето во Битола
Календар на настани
Религија > Ислам > Доаѓањето на Исламот во Македонија
Доаѓањето на исламот во Македонија
Сподели на Facebook
Македонскиот народ се нашол на боиштето меѓу христијанска Европа и исламска Турција.
Дотогаш под власт на бугарски, српски и разни крстоносци владетели, само повремено успевал да поживее самостоен (каков таков) живот под свои кнежевски владеења. Сега се нашол распнат помеѓу завладувачкиот ислам и завладувачкото христијанство од туѓинците кои и едните и другите настојувале да го стават под своја служба. Немајќи снаги да се спротивстави и на едните и на другите, правел компромиси час со едните, час со другите. И сите подоцнежни проекти на австро-унгарските цареви, папите, шпанските, француските и други западни владетели за ослободување на Македонија, не се ништо друго но такви компромиси. Македонците и нивните првенци кога ги склопувале договорите, се свесни дека и новите сојузници се со свој интерес од Македонија, но како христијански (а по новото искуство со исламот), сега тие им се гледале како помало зло.


Со експанзијата на Османлиите поробени голем број најразлични нации

Турската држава пак била во полн подем, турскиот феудализам со пон расцут ќе ги дочека и наредните неколку века. Во состав на османлиското милитаристичко а по организираноста династичко царство, веќе биле конгломерат од нации: Арабјани, Сиријци, Ирачани, Египќани, Бербери, Курди, Ерменци, Грци, Македонци, Албанци, Унгарци, Срби, Бугари и др. кои се разликувале по вера, јазик и начин на живеење. Сите заедно, со се селаните Турци како наполно одвоени од владеачките Турци, ги држел мечот (“Uthmana”).

Милитаристичката турска султанска династија со ширењето на царството стратешки го шири и Исламот
Интересна е меѓутоа стратегијата на Турците за ширењето на исламот на европско тло поради една своја очигледна и перфидна политика а со која всушност толку долго ќе се оддржуват. Така тие како малцинска група меѓу толкуте нации на така големите поседи, никогаш не се обидуваат да ги населат арапските земји. Но, Турците затоа пак го населуваат Балканот и Македонија со муслимански народи постојано низ вековите владеење. Тие ја освежуваат својата крв и низ женачки со немуслиманки и со давање полно граѓанско право на секој кој ќе преминел на ислам, ќе го усвоел турскиот јазик и признавал султанот. Особено пак нечовечна е институцијата-јаничарство, преку која Турците ќе го земаат, исламизираат и асимилираат постојано и постојано, цветот на машката младина не само од Македонија но и од другие христијански народи. Внесувајќи го во својата државна и војничка служба овој нов ред, ќе го насочат да војува токму против својот корен (народ) како и против други народи со кои Турција има проблеми.

Исламот во Македонија и Балканот со Турците толку ќе се рашири што од него ќе се развијат и најразлични учења и правци
Овие се главни причини за исламизацијата на Македонија, но се разбира има и други, како насилната исламизација засилена со Сулејман Величествениот и неговите наследници, како и наместа доброволната исламизација заради задржување одредени привилегии или спас на семејствата и животите. Сепак, насилната исламизација е од подоцна а попрвин се јавува доброволната. Турците во првите децении од своето владеење одат со “помеки“ методи и не притискаат кон исламот и заради недоволната своја зацврстеност на Балканот и Европа. Имале сеуште силни противнички христијански империи (Византија до падот во 1453 год., Австро-Унгарија, растечката Русија и др.) за да си го дозволат и луксузот на целосен верски пристисок над другите покорени дотогаш христијански народи.

Дека биле со правилна стратегија ќе се потврди подоцна, кога Русија заедно со Австро-Унгарија лесно ќе ги потпалуваат и контролираат востанијата на христијанските народи в грб на Турција и тоа токму во миговите кога таа (или Австро-Унгарија) е во војна Турција.

Сподели на Facebook | << Назад | Најгоре

Овој наслов е прочитан 9083 пати
Просечна оцена од посетителите
 3,4 од 5
Оцена:




 
Запиши
Коментар:

 

петок, 06 декември 2024
Моментно посетители: 101

Македонија низ фотографии

Галерии: 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16  (нова)
Дали знаевте дека...
 Воените лукавства
--------------------------------
 Цесија
--------------------------------
 Храброста на Смилевските мајстори
--------------------------------
 Киклопскиот ѕид во Македонија меѓу најстарите
--------------------------------
 Федерација-од Јустинијановите “федерати” (Варвари)
--------------------------------
Дневни случувања
 Тауресиум ќе се презентира пред јавност
 Под македонското сонце во Прага
 Архитектурата од 4 до 6 век на виделина
 Ова не е Танец, ова е чудо од Македонија!
 Инаугуриран четвртиот македонски претседател

Македонски времеплов
Март
Април
Мај
Јуни
Јули
Август
Февруари
Септември
Октомври
Ноември
Јануари
Декември
 
Copyright Macedonium | © 2007-2008 Број на посетители: