Macedonium
Македониум.орг
Историја
Религија
Архитектура
Култура
Етимологија
Етнологија
Пропаганда
Новости
За Македонија
Македонизам
Анкета
Македониум прашува
Што сакате да читате на Македониум?

Вкупно гласови : 10111
резултати
Македониум музика
Благодарност до Синтезис и Bagi communications

Време
Времето во Д. Капија
Времето во Скопје
Времето во Битола
Календар на настани
Религија > Христијанство > Цркви и манастири во Македонија
Св. Никола, с. Псача
Сподели на Facebook

Манастирската црква Св. Никола, што се наоѓа крај старите гробишта во кривопаланечкото село Псача, била изградена кон средината на XIVвек.

Како нејзини ктитори се спомнуваат севастократот Влатко и неговиот татко, кнезот Пасхач. Во една повелба од 25 март 1358 година се спомнува приложувањето на црквата кон манастирот Хиландар од страна на властелинот Влатко. Во црквата, денес, како групен портрет, сочувани се насликаните ликови на ктиторското семејство: кнезот Пасхач и неговата жена, кнегињата Озра, севастократот Влатко, неговата жена Владислава и синот Стефан.

Над западната влезна врата во црквата некогаш постоел натпис за кој се претпоставува дека бил уништен во 1876 година поради тоа што во него се спомнувале кралевите Урош и Волкашин. Портретите на овие владетели се претставени на северниот ѕид, но натписите што се наоѓале до нив исто така биле уништени. Црквата Св. Никола е поставена на правоаголен простор, а во основата има форма на впишан крст. На предната страна е изградена припрата над која, како некогаш и над централниот дел, се издига купола. Таа е подигната од кршен, клепан камен и тула. Фасадите се богато декорирани со орнаменти од керамопластика. Живописот во црквата потекнува од времето на нејзиното градење.

Тој претставува едно од највредните, најталентираните и највпечатливите сликарски творби од средновековниот период. Во XIX век биле извршени одредени досликувања, а на почетокот на XX век, на западната фасада, зографот Димитрие Андонов Папрадишки со својата препознатлива умешност претставил ликови на неколку светители.

Сподели на Facebook | << Назад | Најгоре

Овој наслов е прочитан 8828 пати
Просечна оцена од посетителите
 2,33 од 5
Оцена:

Запиши
Коментар:

 

вторник, 08 јули 2025
Моментно посетители: 38

Македонија низ фотографии

Галерии: 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16  (нова)
Дали знаевте дека...
 Австрија во чест на потомството од Мисирков
--------------------------------
 Мариово–македонска автономна област под Отоманите
--------------------------------
 Преп. Теофил Мироточив
--------------------------------
 Заслугите на Анастасие I за градбите по Македонија
--------------------------------
 Свештмч. Мокиј
--------------------------------
Дневни случувања
 Тауресиум ќе се презентира пред јавност
 Под македонското сонце во Прага
 Архитектурата од 4 до 6 век на виделина
 Ова не е Танец, ова е чудо од Македонија!
 Инаугуриран четвртиот македонски претседател

Македонски времеплов
Март
Април
Мај
Јуни
Јули
Август
Февруари
Септември
Октомври
Ноември
Јануари
Декември
 
Copyright Macedonium | © 2007-2008 Број на посетители: