Macedonium
Македониум.орг
Историја
Религија
Архитектура
Култура
Етимологија
Етнологија
Пропаганда
Новости
За Македонија
Македонизам
Анкета
Македониум прашува
Што сакате да читате на Македониум?

Вкупно гласови : 8883
резултати
Македониум музика
Благодарност до Синтезис и Bagi communications

Време
Времето во Д. Капија
Времето во Скопје
Времето во Битола
Календар на настани
Религија > Христијанство > Цркви и манастири во Македонија
Св. Никола, с. Манастирец
Сподели на Facebook

Првичната црква била изградена во 1095 година, од страна на протостраторот Алексие кој бил роднина на византискиот император Алексие Комнен.

За манастирот Св. Никола постои легенда што раскажува за двајцата браќа кои решиле во своето село Манастирец да изградат манастир и од реката, што течела во близина на селото, да доведат вода како за селаните така и за манастирот. На работата им се придружиле и соселаните.

Постариот брат се зафатил со градење на манастирот, а помладиот со спроведување на водата. Кога помладиот брат ја довел реката до една карпа во близина на манастирот, отишол да види и праша до каде е со работата неговиот постар брат. На прашањето, постариот брат одговорил дека со Божја помош набргу ќе заврши со градењето на манастирот. Заинтересиран, запрашал што пак овој сторил со водата од реката. На ова помладиот брат надмено одговорил дека немал никакви проблеми со својата работа и дека реката си ја водел како млада невеста под рака, каде тој ќе посакал, таа натаму течела. Кога ги чула овие зборови, реката толку многу се налутила, што од надојдената вода карпата пукнала и таа потекла во друга насока.

Така и селото и манастирот останале без вода, а пак луѓето извлекле поука да внимаваат што зборуваат и да не брзаат со фалбите. Манастирот Св. Никола во селото Манастирец е особено интересен и за научната јавност. Манастирската црква е трикорабна базилика посветена на свети Никола. Но народот, внатре во црквата направил поделба, посветувајќи го секој од корабите на одделен светец. Така, централниот кораб е посветен на св. Богородица, северниот на св. Архангел Михаил, а јужниот на св. Никола.

Првичната црква била изградена во 1095 година, од страна на протостраторот Алексие кој бил роднина на византискиот император Алексие Комнен. Ова го дознаваме од натписот на јужниот и северниот ѕид од централниот кораб. Во 1266 година, игуменот по име Акакие (родено име Јоаникис) ја подигнал сегашната црква, која подоцна, во 1271 година, била живописана. Ктиторската композиција на која ктиторот Акакие ја држи црквата во свои раце, може да се види во северниот кораб на црквата. Податоци за живописувањето на црквата можат да се прочитаат на грчкиот натпис што потекнува од 1560 година.

Поголеми преправки и преѕидување на еден поголем дел од западниот ѕид, црквата претрпела во XIX век. Во однос на оваа црква, особен предизвик за науката и истражувачите е фрескописот од централниот наос. Потпирајќи се на натписот од 1271 година, се дознава дека за изработка на фрескописот, од страна на ѓаконот референдар Јован, биле ангажирани повеќе вешти мајстори, меѓу кои и зографот Јован, чие име се поврзува со фрески од манастирската црква Св. Архангел Михаил од Варош, Прилеп. Се смета дека дело на овој зограф се токму фреските од централниот кораб од црквата.

Сподели на Facebook | << Назад | Најгоре

Овој наслов е прочитан 6264 пати
Просечна оцена од посетителите
 5 од 5
Оцена:

Запиши
Коментар:

 

среда, 01 мај 2024
Моментно посетители: 25

Македонија низ фотографии

Галерии: 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16  (нова)
Дали знаевте дека...
 Линкестите – македонско племе на рисови
--------------------------------
 Според сметањето на православната црква
--------------------------------
 Планевите на градбите по македонскиот обичај
--------------------------------
 Св. Ап. Сила, Силуан, Крискент, Епенет и Андроник
--------------------------------
 Влезот на Османлиите во Европа е заради предавство
--------------------------------
Дневни случувања
 Тауресиум ќе се презентира пред јавност
 Под македонското сонце во Прага
 Архитектурата од 4 до 6 век на виделина
 Ова не е Танец, ова е чудо од Македонија!
 Инаугуриран четвртиот македонски претседател

Македонски времеплов
Март
Април
Мај
Јуни
Јули
Август
Февруари
Септември
Октомври
Ноември
Јануари
Декември
 
Copyright Macedonium | © 2007-2008 Број на посетители: