Macedonium
Македониум.орг
Историја
Религија
Архитектура
Култура
Етимологија
Етнологија
Пропаганда
Новости
За Македонија
Македонизам
Анкета
Македониум прашува
Што сакате да читате на Македониум?






Вкупно гласови : 7448
резултати
Македониум музика
Благодарност до Синтезис и Bagi communications

Време
Времето во Д. Капија
Времето во Скопје
Времето во Битола
Календар на настани
Религија > Христијанство > Цркви и манастири во Македонија
СВ. ЃОРЃИ, СТАРО НАГОРИЧАНЕ, КУМАНОВСКО
Сподели на Facebook

Во селото Старо Нагоричане, во близина на градот Куманово, се наоѓа еден од најзначајните споменици на културата во Македонија.

Тоа е црквата посветена на свети Ѓорѓи, чија посебност и убавина, како во однос на архитектурата, така и во однос на сликарството, односно фрескописот, претставува еден од бисерите на христијанските творби на овие простори. За време на градење на црквата се зема годината 1313, иако е утврдено дека таа е подигната врз темели на постар сакрален објект од XI век, изграден, според старото предание, од страна на византискиот цар Роман IV Диоген (1067-1071).

Годината 1313 е спомената во натписот што се наоѓа над западната влезна врата, додека на еден друг натпис од југозападниот ѕид од црквата, е забележано дека таа е живописана во 1317-18 година. Во поглед на архитектурата, црквата е трикорабна градба со форма на издолжен впишан крст, а над неа се издигаат пет куполи, една голема осмострана поставена во центарот и четири помали кубиња. Долниот дел од ѕидовите е подигнат од клепан камен, додека горните делови се изработени со наизменично редење на камен и цигла, при што е постигната една смирена и ефектна колоритност. Олтарната апсида е богато расчленета, однатре полукружна, а однадвор петострана во горниот дел. Посебноста на црквата се состои во зачуваната првобитна олтарна преграда, односно иконостасот кој бил изработен од камени столбови, парапетни плочи и орнаментира архитраф.

Тука е забележан единствен пример кај нас на изработка на икони во фреско техника. На тој начин, лево и десно од царските двери, претставени се ликовите на св. Ѓорѓи и Богородица Пелагонитиса. Но, неодминливото значење на овој културен и духовен споменик лежи и во зачуваниот фрескопис, изработен од познатите зографи Евтихиј и Михајло, кои како автори се јавуваат и во други цркви и манастири во земјава, како што се црквата Св. Богородица Перивлептос, позната како охридскиот Св. Климент, манастирот Св. Никита на падините на Скопската Црна Гора во близина на Скопје, но и во голем број вакви објекти надвор од земјава, на територијата на соседните балкански земји.

Фрескописот е изработен во палеолошкиот стил од XIV век, со нагласена наративност, но и една изразена суптилност, фино стилизирање и одмереност во изразот. Впечатливи се портретите на ктиторите на црквата, кралот Милутин и неговата млада жена Симонида, претставени во долната зона од северниот ѕид. Црквата изобилува со претстави на ликови на светители, сцени од животот, страдањата и чудата на Исус Христос, (“Распјатие”; “Одење на Голгота”; “Качување на крстот”; “Подбивање со Христа” итн), присутни се илустрации на календари, како и портрети на локални светители, свети Климент Охридски, свети Јоаким Осоговски, свети Прохор Пчински, за кој едно старо предание раскажува дека живеел во една пештера во близина на црквата пред таа да се изгради.

Сподели на Facebook | << Назад | Најгоре

Овој наслов е прочитан 6336 пати
Просечна оцена од посетителите
 2,33 од 5
Оцена:




 
Запиши
Коментар:

 

среда, 23 август 2017
Моментно посетители: 8

Македонија низ фотографии

Галерии: 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16  (нова)
Дали знаевте дека...
 Хелените најголеми противници на Македонците
--------------------------------
 Кучињата од антиката во служба на Македонците
--------------------------------
 Тајната на сребрената рака на Св. Богородица
--------------------------------
 Свештмч. Мокиј
--------------------------------
 Дијадоси – наследници на Александар Македонски
--------------------------------
Дневни случувања
 Тауресиум ќе се презентира пред јавност
 Под македонското сонце во Прага
 Архитектурата од 4 до 6 век на виделина
 Ова не е Танец, ова е чудо од Македонија!
 Инаугуриран четвртиот македонски претседател

Македонски времеплов
Март
Април
Мај
Јуни
Јули
Август
Февруари
Септември
Октомври
Ноември
Јануари
Декември
 
Copyright Macedonium | © 2007-2008 Број на посетители: