Macedonium
Македониум.орг
Историја
Религија
Архитектура
Култура
Етимологија
Етнологија
Пропаганда
Новости
За Македонија
Македонизам
Анкета
Македониум прашува
Што сакате да читате на Македониум?






Вкупно гласови : 7505
резултати
Македониум музика
Благодарност до Синтезис и Bagi communications

Време
Времето во Д. Капија
Времето во Скопје
Времето во Битола
Календар на настани
Религија > Христијанство > Цркви и манастири во Македонија
Пештерна црква Свети Атанасија
Сподели на Facebook

Оваа пештерна црква се наоѓа околу петстотини метри, јужно од Манастирот Калишта, во една карпа над Езерото со влез од јужната страна, а приодот е овозможен преку камени скали, направени во најново време.

Во внатрешноста е сочуван најголемиот ансамбл на средновековното сликарство во Струшко. Иако не се зачувани пишани извори, натписот од надворешната страна над влезот е уништен, стилските белези на овие фрески недвосмислено упатуваат на нивно датирање во шеесетите години на XIV век. Изборот на композициите и светителите во внатрешноста на црквата, во еден релативно мал простор, е извршен со знаење и со мерка и со тоа само по себе сугерира помислата дека е во прашање сликарската декорација на доста образовен зограф.

Поголемиот дел од живописот во XIX век во поголема мера е ретуширан. За време на конзерваторските работи во 1964 година, конзервирани се првобитните фрески, отстранет е ретушот од ЏИЏ век, а зачуван е живописот од XIX век само на оние места каде што е уништен првобитниот. Во горната зона се насликани сцени од Големите Празници: Рождеството Христово, Сретението, Неговото Распетие, Мироносниците на празниот Христов гроб, Благовестите и композицијата Дејзис - каде што од двете страни на Христос му се поклонуваат во молитвен став Св. Богородица и Св. Јован Крстител за спас на грешните души.

Од светителските ликови ги набројуваме: Св. Климент Охридски, Св. Никола Чудотворец и допојасните фигури на светителските маченици - Св. Петка, Св. Марина, Св. Недела и Св. Варвара - насликани во правоаголни рамки, на јужниот ѕид, кои имитираат икони, а своето потекло ваквите претстави го влечат уште од XI век, од катедралната црква Св. Софија во Охрид. Особеноста на фреските во оваа пештерна црква се огледува во еклектичниот однос спрема современото, имено напуштен е сувиот академски Палеологовски класицизам, кој е доминантен во голем број споменици од крајот на првата половина на XIV век. Сликани со еден замав, со цврсти форми, но со слободни драперии и со чувство на светло - темно контрастирање преку самите боени односи, ликовите од оваа пештерна црква во голема мера се доближуваат до некои фрески во манастирската црква Свети Заум - Охрид од 1361 година.

Сподели на Facebook | << Назад | Најгоре

Овој наслов е прочитан 4757 пати
Просечна оцена од посетителите
 
Оцена:




 
Запиши
Коментар:

 

петок, 24 ноември 2017
Моментно посетители: 65

Македонија низ фотографии

Галерии: 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16  (нова)
Дали знаевте дека...
 Наумакија – македонска поморска вештачка битка
--------------------------------
 “Бесмртните” усмртени од македонската фаланга
--------------------------------
 Св. мчци: Македониј, Татијан и Теодул
--------------------------------
 Првиот алпинизам во Македонија
--------------------------------
 Држава, етимолошко поимање
--------------------------------
Дневни случувања
 Тауресиум ќе се презентира пред јавност
 Под македонското сонце во Прага
 Архитектурата од 4 до 6 век на виделина
 Ова не е Танец, ова е чудо од Македонија!
 Инаугуриран четвртиот македонски претседател

Македонски времеплов
Март
Април
Мај
Јуни
Јули
Август
Февруари
Септември
Октомври
Ноември
Јануари
Декември
 
Copyright Macedonium | © 2007-2008 Број на посетители: