Macedonium
Македониум.орг
Историја
Религија
Архитектура
Култура
Етимологија
Етнологија
Пропаганда
Новости
За Македонија
Македонизам
Анкета
Македониум прашува
Што сакате да читате на Македониум?

Вкупно гласови : 8867
резултати
Македониум музика
Благодарност до Синтезис и Bagi communications

Време
Времето во Д. Капија
Времето во Скопје
Времето во Битола
Календар на настани
Религија > Христијанство > Цркви и манастири во Македонија
Пештерна црква Света Богородица
Сподели на Facebook

Дваесетина километри од Охрид, десно од патот што води кон манастирот Свети Наум, во карпестиот предел на туристичкиот камп Градиште, на источниот брег од Охридското Езеро, се наоѓа пештерната црква Света Богородица.

Иако повеќегодишниот продор на влага во внатрешноста предизвикал процес на распаѓање на колоритот, сепак сочуваниот фреско-живопис претставува најголем сликарски ансамбл што е зачуван воопшто во една пештерна црква на брегот на Охридското Езеро.

Би ги наброиле само поважните композиции и ликови на светители кои навистина импресионираат со својата убавина.

Во наосот е насликана композицијата Дејзис, Благовестите, Раѓањето Христово, Сретението Христово, Крштевањето Христово, Воскресението на Лазар, Влегувањето во Ерусалим, Распетието и Мироносниците на празниот Христов гроб.

Од Светите воини би ги наброиле: Димитрија, Нестор, Артемија, Никита, Светите Теодори, света Мина и Прокопиј. На јужната страна од црквата претставени се Светите лекари: Кузман, Дамјан и Пантелејмон, а потоа следуваат патронот и заштитникот на градот Охрид - свети Климент Охридски и чудотворецот свети Наум Охридски.

Денес поради продирање на атмосферските влијанија во внатрешноста на црквата е отежната посистематска анализа на сликарската целина, но се доаѓа до непобитен заклучок дека овој фреско-живопис поседува повеќе карактеристични одлики на охридската работилница од шеесеттите години на ЏИВ век, а тоа се потврдува не само во програмското сфаЌање на целината, иконографијата на некои композиции, туку и во изборот на насликаните светители.

Би завршиле со заклучокот дека пештерната црква посветена на света Богородица не е изолирана испосничка Ќелија, туку многу значаен храм и угледно светилиште не само на бреговите на Охридското Езеро, ами и пошироко во регионот на Деволската Епархија.

Сподели на Facebook | << Назад | Најгоре

Овој наслов е прочитан 5617 пати
Просечна оцена од посетителите
 
Оцена:

Запиши
Коментар:

 

петок, 26 април 2024
Моментно посетители: 54

Македонија низ фотографии

Галерии: 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16  (нова)
Дали знаевте дека...
 ”Алкалоид” прва фабрика на Балканот за опиум
--------------------------------
 Фалангата во борба со “Амазонки”
--------------------------------
 Сигнализацијата со оган од антиката
--------------------------------
 Линкестите – македонско племе на рисови
--------------------------------
 Македонците и ножот
--------------------------------
Дневни случувања
 Тауресиум ќе се презентира пред јавност
 Под македонското сонце во Прага
 Архитектурата од 4 до 6 век на виделина
 Ова не е Танец, ова е чудо од Македонија!
 Инаугуриран четвртиот македонски претседател

Македонски времеплов
Март
Април
Мај
Јуни
Јули
Август
Февруари
Септември
Октомври
Ноември
Јануари
Декември
 
Copyright Macedonium | © 2007-2008 Број на посетители: