Macedonium
Македониум.орг
Историја
Религија
Архитектура
Култура
Етимологија
Етнологија
Пропаганда
Новости
За Македонија
Македонизам
Анкета
Македониум прашува
Што сакате да читате на Македониум?






Вкупно гласови : 8828
резултати
Македониум музика
Благодарност до Синтезис и Bagi communications

Време
Времето во Д. Капија
Времето во Скопје
Времето во Битола
Календар на настани
Религија > Христијанство > Цркви и манастири во Македонија
Манастирот Трескавец, прилепско
Сподели на Facebook
На десетина километри далечина од градот Прилеп, во прегратка на грамадните камења на Златоврв, постои црквата на Успение Богородичино.

Височините нудат јасна прегледност над цела Пелагонија, на планините Пелистер, Бабуна и Кајмакчалан, а во квечерините, уличните светилки од сите страни ја раскажуваат различната животна приказна на жителите на Прилеп, Битола и Крушево.

 

Манастирот Трескавец се смета дека е подигнат во XIII век, за време на владеењето на византиските цареви Андроник II и Михајло III кои, според фреско-натписот поставен кај влезниот портал, се први донатори на овој манастир. Неговата сложена и разнообразна архитектоника укажува на фактот дека манастирот подлегнал на уривање. Најверојатно, манастирот бил обновен во XIV век, за време на српскиот крал Милутин.

Црквата во основата е еднокорабна со наос надвишен со купола и разделен со пиластри на неколку траеви. Однадвор, олтарната апсида на исток е тристрана. Под длабокиот слој малтерисани ѕидови од северниот параклис, видливи се фрески што датираат од XIV век. Од овој век е и припратата со двете куполести кули, сместени на западниот дел на црквата.

Фрескоживописот во црквата “Света Богородица” го сочинуваат фрески од различни временски периоди. Најстари се оние на ѕидовите во просторот на двете кули, од XV век. Тие илустрират теми на календар и на светители претставени во полна големина. Ктиторските портрети, што се наоѓаат на источниот ѕид во јужниот трем, се насликани во втората половина на XIV век. Ликот на Божјата мајка е насликан во нишата на јужната врата од наосот. Според зографската техника, оваа фреска му припаѓа на периодот од XV век.

Наосот го збогатуваат фрески што се настанати кон крајот на XVвек. Особено интересни се оние од првата зона каде се јавуваат фигури на светци во стоечка положба предадени во природна големина. Тие се облечени во благороднички дреи и со раскошни капи на главите.

Впечатливи се фреските настанати од рацете на крушевската зографска тајфа од XIX век.

Манастирот во Трескавец располага и со други вредни предмети, меѓу кои се оние изведени во плитка резба: двокрилната врата и царските двери од XVI век, потоа крстот Космитос од XVII век, како и останатите предмети: певницата, бројните празнични икони и иконите на апостолите од XVII и XVIII век.

За големото религиозно и културно значење што го поседувал Манастирот Трескавец народот раскажал и една легенда за постанокот на името. Таа зборува дека на ден Богородица прилепчани и варошани биле собрани во црквичката Причеста да го означат тој свет ден. Додека траела богослужбата се задал силен тресок кој удрил врз манастирот. Утрината, похрабрите селани, добро наоружани, отишле да видат какво чудо се здало таму. Кога влегле во манастирот, селаните виделе ѕвер убиен врз коските на монасите. После тој настан, жителите го поправиле манастирот и тој повторно заживеал исто како и порано. Оттогаш овој манастир, поради тој силен тресок што надалеку се чул, го носи името Трескавец.

Сподели на Facebook | << Назад | Најгоре

Овој наслов е прочитан 11699 пати
Просечна оцена од посетителите
 4,57 од 5
Оцена:




 
Запиши
Коментар:

 

четврток, 28 март 2024
Моментно посетители: 42

Македонија низ фотографии

Галерии: 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16  (нова)
Дали знаевте дека...
 Академија – историјат
--------------------------------
 Годината на стаорите кои одонесоа милиони во смрт
--------------------------------
 Наумакија – македонска поморска вештачка битка
--------------------------------
 Македонскиот антички штит бил дрвен
--------------------------------
 Обуката на македонската фаланга
--------------------------------
Дневни случувања
 Тауресиум ќе се презентира пред јавност
 Под македонското сонце во Прага
 Архитектурата од 4 до 6 век на виделина
 Ова не е Танец, ова е чудо од Македонија!
 Инаугуриран четвртиот македонски претседател

Македонски времеплов
Март
Април
Мај
Јуни
Јули
Август
Февруари
Септември
Октомври
Ноември
Јануари
Декември
 
Copyright Macedonium | © 2007-2008 Број на посетители: