Црквата успение на Пресвета Богородица е еднокорабна градба со полуоблест свод и полукружна апсида на источната страна.
Црквата која е посветена на Сите Светители, со фрески од средината на XV век, припаѓа во редот на скромни, рустично ѕидани еднокорабни храмови со тристрана апсида однадвор.
Македонија е надалеку позната по богатиот фонд свидетели на средновековната уметност и култура, мошне битни за историјата воопшто.
Од остатоците и откриените темели на повеќе профани и сакрални објекти на островот Голем град, единствено е сочувана црквата посветена на свети Петар.
Едноставна градба од продолжен тип, однадвор завршува со ниска тристранаапсида и е пресведена со полуоблест свод. Со своите мали димензии и со обликот црквата Свети Никола е сродна на повеќе рустично ѕидани и грубо малтерисани споменици од XV век, од околината на Охрид.
Точниот датум на ѕидање и живописување не е познат, но врз основа на стилската анализа на живописот може да се заклучи дека е настаната во втората половина на XV век.
Во преспанскиот регион, близу до живописното село Курбиново, во пазувите на планината Пелистер е сместена црква посветена на свети Ѓорѓи.
Во близина на Марковиот манастир, во скопското село Сушица, сместена е црквата посветена на Божјата мајка, меѓу месното население попозната под името Свети Никола.
Во селото Дреново кое се наоѓа на дваесет километри југоисточно од патот Градско - Прилеп, изградена е црква посветена на божјата мајка, Света Богородица.
Во стариот дел на Варош, на месноста Плаошник (порано викан Имарет), се наоѓаат остатоци на Климентовиот манастир, посветен на Св. Пантелејмон.
Филип I кралот на Македонците, кој владеел околу 600 год. п.н.е во текот на една битка со Илирите, загинал на бојното поле.
Линкестида е македонско кнежество во состав на Македонското кралство. Главен град му е Линк кој се наоѓал на свиокот реката Црна (Еригон) на ридот “Висок Рид”, над рибарникот кај денешното село Букри.
Нарсес е името на Ерменецот кој од роб стана еден од најголемите и најуспешни војсководци и државници на Византија. Нарсес (472-568, по др. извори 478-573 год) доаѓа на дворот на Јустинијан I како роб, но како миленик на царот, се издига на највисоките дворски должности.
Први флористички истражувања на флората во Македонија се преземени уште во I половина на XIX век.