Macedonium
Македониум.орг
Историја
Религија
Архитектура
Култура
Етимологија
Етнологија
Пропаганда
Новости
За Македонија
Македонизам
Анкета
Македониум прашува
Што сакате да читате на Македониум?






Вкупно гласови : 7448
резултати
Македониум музика
Благодарност до Синтезис и Bagi communications

Време
Времето во Д. Капија
Времето во Скопје
Времето во Битола
Календар на настани
Религија > Христијанство > Македонски архиепископи и великодостојници
Делото на Нектариј I за неговиот македонски народ
Сподели на Facebook

Охрабрувачките сигнали и тонови се обидел да ги искористи наследникот на Гаврил, Нектариј I, а подоцна и неговиот ,Атанасиј I.

Тоа е период на интензивни буни во Охридскиот и Дукљанскиот санџак, што придонело да се забрза и процесот на обединување на Европските католички држави во  преземање борба  против  Турција. 

Антитурското  расположение  на Балканот најмногу е изразено за време на Австро-турската војна, кога се омасовило ајдутството.

Папата Клемент VIII оценил дека ситуацијата е најповолна да почне создавањето Христијанска лига, како прв чекор кон антитурскиот отпор и да се зацврстат врските со незадоволните слоеви на Балканот, за да се воспостави постојана врска со нивните претставници и емисари.

На почетокот на јуни 1593 година главатарите на ослободителното движење од Македонија и од Матија, предводени од патр.

Нектариј I, му упатиле писмо на папата, со кое се повикува да им помогне со војска и со материјални средства, ветувајќи му дека тие ќе соберат 40.000 борци против Турција.

На крајот од молбата стои: "Li vecchi di Macedoniae et Arvatie", а поради конспирација не се спомнати имињата на главатарите. На писмото има и печат со латински натпис:

"Печат на Кралството Македонија и Арванија", што упатува на заклучок дека постоела и дејствувала организирана  востаничка  организација  и  штабска  структура.

Доказ за тоа е и писмото од специјалниот пратеник на папата за Балканот,  Александар  Комуловиќ,  по  потекло  од  "Кралството Македонија", кое го испратил во Рим, откако ги проучил воено- политичките  прилики  во  Македонија  и  во  Арванија. 

Според содржината, се претпоставува дека писмото било испратено откако Комуловиќ се сретнал со патр. Нектариј I, кој се вратил од Русија.

Имено, Комуловиќ му предложил на папата да ја придобие и Русија во борбата против Турција, по сè изгледа на сугестија од Нектариј I, кој веќе имал некои сознанија за руското расположение по ова прашање.

Комуловиќ бил голем пријател и со драчкиот митрополит Атанасиј, подоцнежен патријарх на Охрид, кој работел на подготовките за востание во Македонија и Арванија.

Задоволен од извештајот, папата Клемент VIII ја прифатил сугестијата на Комуловиќ, по што во јануари 1594 година го испратил во Русија, во специјална мисија, со цел да го придобие царот Теодор за своите планови против Турција. Тој испратил и специјално писмо до рускиот цар, во кое подетаљно го запознал со идејата за создавање Христијанска лига и Свет сојуз против Турците.

Во меѓувреме, додека Комуловиќ патувал во Русија, главатарите на Македонско-арванитското кралство, предводени од патр. Нектариј I и митр. Атанасиј, на 7 ноември 1594 година се состанале во манастирот "Св. Марија", кај Валона, каде одлучиле како свој пратеник кај папата да го испратат Томо Пелеза, познат како добар собеседник и дипломат, а и познавач на францускиот и на италијанскиот јазик.

Пелеза и претходно како легат на охридскиот поглавар патувал во мисија во Западна Европа, со задача да ги анимира властите во Австрија, Рим, Венеција и Шпанија да се заземат за ослободување на Кралството Македонија од Турција.

Овој податок упатува на заклучок дека тогаш Охридската патријаршија имала специјално обучени луѓе мисионери-дипломати, кои патувале во Западна Европа, како специјални пратеници на охридскиот патријарх.

Расположливите извори укажуваат дека во мисионерско-дипломатското тело биле и браќата Марко и Ѓорѓи Гини, блиски роднини на митр. Атанасиј.

Главатарите од Македонија потоа на папата му испратиле  и  посебно  писмо-меморандум,  во  кое  детаљно  ги изложиле погледите и ставовите во однос на планот на Светата Столица за ослободување на поробените христијански народи на Балканот.

Томо Пелаза дошол во Рим летото 1594 година, каде веднаш се сретнал со папата Клемент VIII, кому во присуство на карди- налите му ги изложил погледите на главатарите од Македонија за начинот на кој требало да се води борбата против Турција. Римската курија (совет) ги прифатила неговите погледи и ста- вови, но за востанието во Арванија решила да се избере најпогодно време за да се избегнат непотребни загуби во жива сила и средства. Бидејќи Пелеза достоинствено, вешто и успешно ги водел преговорите со папата и со кардиналите, Папската курија решила парично да го награди.

Сподели на Facebook | << Назад | Најгоре

Овој наслов е прочитан 3783 пати
Просечна оцена од посетителите
 
Оцена:




 
Запиши
Коментар:

 

вторник, 22 август 2017
Моментно посетители: 56

Македонија низ фотографии

Галерии: 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16  (нова)
Дали знаевте дека...
 Времената мерка - “Овнов рог”, или половина век
--------------------------------
 Преп. Филотеј
--------------------------------
 Браќа по камшик – “флагеланти
--------------------------------
 Најстариот пајтон во Македонија – 150 години
--------------------------------
 Анексија
--------------------------------
Дневни случувања
 Тауресиум ќе се презентира пред јавност
 Под македонското сонце во Прага
 Архитектурата од 4 до 6 век на виделина
 Ова не е Танец, ова е чудо од Македонија!
 Инаугуриран четвртиот македонски претседател

Македонски времеплов
Март
Април
Мај
Јуни
Јули
Август
Февруари
Септември
Октомври
Ноември
Јануари
Декември
 
Copyright Macedonium | © 2007-2008 Број на посетители: