Macedonium
Македониум.орг
Историја
Религија
Архитектура
Култура
Етимологија
Етнологија
Пропаганда
Новости
За Македонија
Македонизам
Анкета
Македониум прашува
Што сакате да читате на Македониум?






Вкупно гласови : 7713
резултати
Македониум музика
Благодарност до Синтезис и Bagi communications

Време
Времето во Д. Капија
Времето во Скопје
Времето во Битола
Календар на настани
Религија > Христијанство > Македонски архиепископи и великодостојници
Делото на патријархот ГаврилI за македонски народ
Сподели на Facebook

Прв Охридски поглавар кој патувал по Европските дворци со политички цели бил Гаврил I.

Во придружба на Митр.Еремиј Пелагониски и Софрониј Гребенски, со мн. арихимандрити, архиѓакони и 13 слуги, ја посетил Москва, каде го примил рускиот цар Теодор Иванович. Дошол со цел да го наговори Теодор, да ја прекине духовната зависност на Москва од Цариград, кој го поддржувал грчкото влијание во руските земји. Но дошол и да понуди  унапредување на Московската митрополија во Патријаршија  и  нејзино  прогласување  за  автокефална. Сугестијата  на патр.Гаврил I била безрезервно и воодушевено прифатена од царот, по што почнала  официјална  процедура  но и   размена  на документи  меѓу  Москва  и  Цариград во  разрешувањето  на  ова прашање. Всушност Охрид како Патријаршија и црква основана од Апостол Павле, со потпис дури и од папата, но и од Вселенскиот Собор, ја имал канонската подлога да дава автокефалност и рангови на црквите . Токму ова го плаши Цариград - спојот меѓу Големата православна сила Русија и Охрид кој ги држи многуте Православни балкански но и Словенски маси под себе, со тој спој Цариград стануваше одвишен и без влијание. Затоа ако веќе Москва добиваше автокефалност и ранг Патријаршија тоа никако не смееше да дојде од Охрид, но од Цариград,кој друго и не можеше зашто беше под Турска власт. По мн. отпори и спротивставувања од Цариградскиот Патријаршиски синод, идејата на Охридскиот поглавар била оживотворена во 1589 год., но на Црковен собор во Цариград, на кој Московската митрополија била прогласена за Патријаршија. Охридскиот патр.Гаврил I, главниот иницијатор за ова, како признание и благодарност за напорите кои ги вложил за отфрлањето на Цариградското ведомство над Руската црква и  за  протерувањето  на  грчките  свештеници  од  Русија,  добил награда од царот во износ од 40 златници. При престојот на Гаврил во Москва, рускиот суверен прв пат "дознал дека Охридската  патријаршија  била  единствена  словенска  автокефална црква" во Источната православна екумена и дека "под свое ведомство ги имала сите негрчки православни народи на Балканскиот Полуостров, вклучувајќи ги и подунавските кнежевства Влашко и Молдавија".

Политичката мисија на патр.Гаврил I во Москва придонела рускиот царски двор и Руската црква уште повеќе да се свртат кон  Охрид,  што  било  особено  значајно,  бидејќи  се  зближиле двете цркви и народа. Во Москва "охридскиот патријарх се сметал за важен православен хиерарх на кој му се давало високо признавање дека со својот углед и авторитет придонел Московската митрополија да се унапреди во Патријаршија". Изразувајќи го  задоволството  за  помошта  и  поддршката  кои  Охридската патријаршија  й  ја  давала  на  Русија  во  процесот  за  осамостојување на нејзината национална црква, дотогаш управувана од грчки архијереји и владици, поставувани од Цариград, рускиот цар, како "благоверен покровител на христијанските народи", дал средства за откуп на црковните садови и одежди сопственост на стариот манастир "Преподобна маченица Параскева", кај Струга, "заложени кај неверниците", во износ од 60.000 аспри, по што бил прогласен за ктитор на манастирот.

Потоа патр.Гаврил I престојувал во Полска, во градот Гродно, каде во јули 1586 год. се сретнал со кралот Стефан Батори,каде срдечно го пречекале. Му се пожалил на кралот за тешката положба на христијаните во Охридската патријаршија и за пречките кои католичките власти им ги правеле на македонските православни општини во Италијанската православна епархија, на Сицилија, Апулија и Калабрија. Гаврил I знаел дека Батори има блиски односи со папата, па го замолил да влијае кај него да се надминат тие состојби. За да му помогне, кралот му дал писмо за папата Сикст V, во кое го молел да се заземе за барањата на Гаврил I. По еден месец, Охридскиот поглавар заминал за Чешка, во Прага, каде се сретнал со Австрискиот крал Рудолф II. Откако му ја изложил положбата во Македонија, го замолил неговата земја и другите католички држави воено да се ангажираат за протерување на Османлиите од Балканот  и  од  Европа, при  што се обврзал  истовремено  во својата диецеза да организира вооружен народен отпор, кој ќе им биде поддршка на ослободителните војски од Запад. Во отсуство на релевантни пишани извори, може да се претпоставува дека од таа средба произлегол и некаков конкретен договор, бидејќи тогашниот западен печат й дал исклучителен публицитет  на  посетата  на  Гаврил  I  на католичките држави.

На 31 август 1587 година пристигнал во германскиот град Тибинген, каде величествено го пречекале. Тоа бил голем настан за градот, за што сведочи податокот дека сите излегле за да го видат "убавиот патријарх од Македонија". Секаде каде одел го истакнувал незадоволството на балканските христијани од  Турција,  барајќи  од дворовите на католичките  држави да стапат во коалиција за да ги протераат Османлиите. Доказ  за ова е документ  од  8.10.1587  година,  кој  се  чува  во Државниот архив во Инсбрук. Романскиот писател Јорга соопштил  дека  документот  му  припаѓа  на  Охридскиот  поглавар Гаврил I, кој во Европските држави се титулирал како патријарх. Не само Гаврил, туку и сите др. Охридски поглавари дома и надвор се титулирале како патријарси, а често и со двете титули.

Охридската црква од времето на цар Самуил била именувана како Патријаршија, меѓутоа нејзините поглавари, верни на традицијата, го користеле и името Архиепископија, титулирајќи се и како архиепископи, со што  изразувале благодарност кон основачот-сонародникот Јустинијан I, кој Архиепископијата ја основал "за својот народ", - македонскиот.

На 5 септември 1587 година, Гаврил I со придружбата тргнал за Италија, каде се сретнал со папата Сикст V, кого го замолил да не им пречи на православните општини на Сицилија, Апулија и Калабрија  во  извршувањето  на  канонските  обреди.  Бидејќи нема изворни податоци за резултатите од средбата, се претпоставува  дека  папата  не  покажал  разбирање,  бидејќи  по  една година православните свештеници од тие области ги повикале на Црковен собор во Месина каде ги присилувале да стапат во Унија со Римокатоличката црква. Некои православни свештеници подлегнале на притисокот, а оние кои не сакале да му се пот- чинат на папата, заминале на Исток. Овој податок нè наведува на заклучок дека мисијата на Гаврил I не била успешна. Всушност,  тогаш  сè  уште  не  биле  созреани  условите  за  оживотворување на неговите предлози за протерување на Османлиите од Балканот, ниту во Русија, ниту во земјите од Западна Европа. Официјалната руска дипломатија не се интересирала многу за Словените на Балканот, односно не се јавувала како нивни заштитник. Таа повеќе се интересирала за Грците, затоа што руските цареви сакале себеси да се прогласат за наследници на Византија,  особено  по  женидбата  на  московскиот  кнез  Иван  III Василевич со византиската принцеза Софија Палеолог. На тоа влијаело и признавањето на царското достоинство на Иван IV Грозни од страна на цариградскиот патријарх Јоасаф во 1561 година, што било обид да му се доближи на рускиот суверен, со цел  да  издејствува  донаторски  средства.  Неуспехот  да  ја  заинтригира Русија за словенското ослободително дело го принудил Гаврил I да се сврти кон запад, каде поради стравот од исламот имало одредени сигнали за негово прифаќање.

Сподели на Facebook | << Назад | Најгоре

Овој наслов е прочитан 4467 пати
Просечна оцена од посетителите
 
Оцена:




 
Запиши
Коментар:

 

петок, 10 јули 2020
Моментно посетители: 101

Македонија низ фотографии

Галерии: 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16  (нова)
Дали знаевте дека...
 Преп. Теофил исповедник
--------------------------------
 Анексија
--------------------------------
 ”Алкалоид” прва фабрика на Балканот за опиум
--------------------------------
 Кулите како градби во Македонија
--------------------------------
 Сигнализацијата со оган од антиката
--------------------------------
Дневни случувања
 Тауресиум ќе се презентира пред јавност
 Под македонското сонце во Прага
 Архитектурата од 4 до 6 век на виделина
 Ова не е Танец, ова е чудо од Македонија!
 Инаугуриран четвртиот македонски претседател

Македонски времеплов
Март
Април
Мај
Јуни
Јули
Август
Февруари
Септември
Октомври
Ноември
Јануари
Декември
 
Copyright Macedonium | © 2007-2008 Број на посетители: