Macedonium
Македониум.орг
Историја
Религија
Архитектура
Култура
Етимологија
Етнологија
Пропаганда
Новости
За Македонија
Македонизам
Анкета
Македониум прашува
Што сакате да читате на Македониум?

Вкупно гласови : 8866
резултати
Македониум музика
Благодарност до Синтезис и Bagi communications

Време
Времето во Д. Капија
Времето во Скопје
Времето во Битола
Календар на настани
Религија > Христијанство > Македонска православна црква
Македонска православна црква
Сподели на Facebook

Своето прво патување надвор од Азија, светиот апостол Павле го направил во Македонија. Започнало во 51 година а завршило во 54 година, при што апостолот Павле посетил многу градови, каде основал христијански црковни општини.

Според Библијата во ,, Дела апостолски ,, кога апостолот Павле се наоѓал во Троада, му се јавил насон ,, еден Македонец ,, кој  го молел :,, Премини во Македонија и помогни ни !,, (Д.А. 16,9).

Народот кој пред неколку векови, покорил три континенти по Европа Азија и Африка со силата на своето оружје, сега го повикува апостолот Павле, за да ја донесе во Македонија големата благавест што се родила во Азија.

 Апостолот Павле веднаш се одзвал на македонскиот повик, уште дента тој и неговите соработници, кои го придружувале - Сила, Тимотеј и Лука, отпловиле за Македонија во Филипи (Д. А. 16.11-12), град на 15 километри од брегот на Егејското Море.

Слушателите на апостолот Павле биле Македонци, а тоа може да се заклучи од Посланието на Светиот апостол Павле до Филипјаните, каде се вели дека во Филипи имало многу мал број Евреи и Грци а по честото спомнување на Македонците уште и за време на пловидбата.
Потоа откако го оставил во Филипи светиот апостол и евангелист Лука, светиот апостол Павле со Сила и Тимотеј заминале за Солун (Д. А. 17 гл), главниот град на Македонија.

Имало бројна колонија на грци, од кои покрај Македонците што го примале Словото Христово, го прифаќале и некои грци (Д.А. 17.4,).

Светиот Јован Златоуст зборувајќи за односот на Ап. Павле кон Македонците, вели: ,, О, каква нежна љубов имал тој кон Македонија и Македонците. . .!,,

 Понатаму, пак, гледаме дека големиот христијански проповедник Св.Јован Златоуст (IV-V век) за да ги поткрепи своите мисли за љубовта на апостолот Павле кон Македонија, ги цитира и зборовите на апостолот упатени кон Солунјаните, а тоа значи дека Св.Јован Златоуст тесно го поврзува односот на Солун и Македонија, и солунјаните како Македонци.
Во Македонија христијанството почнало зема замав кога  Костантин Велики во 313 година го прифатил за државна религија и овозможил христијаните слободно да ја исповедаат и  проповедаат својата вера. Од тоа време се познати епископските седишта во Солун, Стоби, Скупи, Астибо и Хераклеа. Кон крајот на V век Солун веќе е седиште на Архиепископија, а Скупи на митрополија. По почетокот на V век, поради наметнувањето на непознатиот грчки јазик, возвишените вистини на христијанското учење и мистичките длабочини на црковните богослужби останале не достапни за нив, па затоа и нивното христијанизирање останало површно и недостапно.

 

Сподели на Facebook | << Назад | Најгоре

Овој наслов е прочитан 5440 пати
Просечна оцена од посетителите
 
Оцена:

Запиши
Коментар:

 

четврток, 25 април 2024
Моментно посетители: 58

Македонија низ фотографии

Галерии: 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16  (нова)
Дали знаевте дека...
 Јасриб – е првичното име на Медина
--------------------------------
 Преп. Теофил исповедник
--------------------------------
 Крај на влијанието од Рим врз Цариград
--------------------------------
 Св. Ахил еп. Лариски
--------------------------------
 Македонија и најбезумната крстоносна војна
--------------------------------
Дневни случувања
 Тауресиум ќе се презентира пред јавност
 Под македонското сонце во Прага
 Архитектурата од 4 до 6 век на виделина
 Ова не е Танец, ова е чудо од Македонија!
 Инаугуриран четвртиот македонски претседател

Македонски времеплов
Март
Април
Мај
Јуни
Јули
Август
Февруари
Септември
Октомври
Ноември
Јануари
Декември
 
Copyright Macedonium | © 2007-2008 Број на посетители: