Macedonium
Македониум.орг
Историја
Религија
Архитектура
Култура
Етимологија
Етнологија
Пропаганда
Новости
За Македонија
Македонизам
Анкета
Македониум прашува
Што сакате да читате на Македониум?






Вкупно гласови : 8828
резултати
Македониум музика
Благодарност до Синтезис и Bagi communications

Време
Времето во Д. Капија
Времето во Скопје
Времето во Битола
Календар на настани
Религија > Христијанство > Македонска православна црква
Втор македонски црковно-народен собор
Сподели на Facebook

Иницијативниот одбор за организирање на Македонската православна црква на 23 јули 1958 година, заедно со целокупното свештенство донел одлука за свикување на Вториот македонски црковно-народен собор.

Соборот бил одржан во Охрид, вековното седиште на древната Охридска архиепископија, во црквата „Света Софија“. Таму повторно била донесена одлука за обновување на Охридската архиепископија. Веднаш потоа бил избран македонски митрополит, поглавар на Македонската православна црква, кој ја добил титулата, „Охридски архиепископ“. Тоа бил Епископот Топлички Доситеј по потекло од Маврово. На крајот од Црковно-народниот собор е донесен и Уставот на Македонската православна црква, по кој таа се раководи и денеска.


Црквата Св. Софија во кој е одржан Вториот македонски црковно-народен собор

Одлуката за самостојност на МПЦ била потврдена преку отслужувањето на заедничка архиерејска Литургија со српскиот патријарх Герман, на 19 јули 1959 година во црквата на „Свети Мина“ во Скопје, и истовремено е извршена и хиротонија на преспанско-битолскиот владика Климент. Со тоа Светиот Архиерејски Синод на СПЦ и дал самостојност на Македонската Православна Црква. По неколку дена во црквата на „Свети Никола“ во Штип е хиротонисан за владика на Злетовско-струмичката епархија г. Наум. Конечно е конституиран Синодот на МПЦ според Уставот на МПЦ, како и другите административни органи и тела во Архиепископијата и во епархиите.


Патријархот Герман


Патријарх Московски Алексиј
Во мај 1962 година во придружба од патријархот Герман, со неколку епископи на СПЦ, во посета на МПЦ дошол Патријархот Московски Алексиј, придружуван од митрополитот Никодим, епископот Пимен и повеќе високодостоинственици на Руската православна црква. На празникот на Свети Кирил и Методиј во црквата на „Пресвета Богородица“ - Каменско во Охрид била одржана и архиерејска Литургија, на која што служел патријархот Московски Алексиј, во сослужение со Патријархот Српски Герман и Архиепископот Охридски и Митрополит Македонски Доситеј. Ова било прво сослужување на поглаварот на МПЦ со поглавари на други автокефални Цркви.

И покрај мислењето дека македонскиот народ конечно ќе го реши својот црковен проблем, раководството на Српската православна црква одново почнала да прави обиди за да го спречи непречениот развој на Македонската православна црква, неизвршувајќи ги преземените обврски, меѓу кои и тоа да ја претстави самостојната Македонска православна црква пред другите сестрински православни цркви. СПЦ и понатаму настојувала одново да ги потчини македонските православни епархии под целосна своја јурисдикција, не срамејќи се од тоа на каков нецрковен, неканонски и перфиден начин ги присвоила овие наши епархии во Првата светска војна.

По ваквото мешање во внатрешните работи на Македонската православна црква и по неисполнувањето на преземените обврски од страна на СПЦ, Светиот архијерејски синод на МПЦ бил принуден да го свика Третиот македонски црковно-народен собор.

Извор: Повардарска Епархија

Сподели на Facebook | << Назад | Најгоре

Овој наслов е прочитан 8489 пати
Просечна оцена од посетителите
 5 од 5
Оцена:




 
Запиши
Коментар:

 

петок, 29 март 2024
Моментно посетители: 38

Македонија низ фотографии

Галерии: 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16  (нова)
Дали знаевте дека...
 Македонско писмо кое најдолго патуваше
--------------------------------
 Св. мччки Агапија, Хионија и Ирина
--------------------------------
 Македонците први за воен род – коњица
--------------------------------
 Наумакија – македонска поморска вештачка битка
--------------------------------
 Најстрашниот и најразорен земјотрес во Македонија
--------------------------------
Дневни случувања
 Тауресиум ќе се презентира пред јавност
 Под македонското сонце во Прага
 Архитектурата од 4 до 6 век на виделина
 Ова не е Танец, ова е чудо од Македонија!
 Инаугуриран четвртиот македонски претседател

Македонски времеплов
Март
Април
Мај
Јуни
Јули
Август
Февруари
Септември
Октомври
Ноември
Јануари
Декември
 
Copyright Macedonium | © 2007-2008 Број на посетители: