Macedonium
Македониум.орг
Историја
Религија
Архитектура
Култура
Етимологија
Етнологија
Пропаганда
Новости
За Македонија
Македонизам
Анкета
Македониум прашува
Што сакате да читате на Македониум?






Вкупно гласови : 8826
резултати
Македониум музика
Благодарност до Синтезис и Bagi communications

Време
Времето во Д. Капија
Времето во Скопје
Времето во Битола
Календар на настани
Религија > Религии пред христијанството > Многубожество
Олимп – седиште на божества
Сподели на Facebook
Олимп како највисок и непристапен а доминантен масив не само кај Македонците но и кај околните народи предизвикувал природна стравопочит и плетење на нивниот духовен живот.
Олимп е седиштето на разните божества и нивните сплеткарења во земскиот човечки живот. Во античката духовност на Олимп живеат 12 богови, слични на луѓето но со недостижни моќи. Како и луѓето стапувале во брак, имале деца, покажувале емоции но како богови биле бесмртни и семоќни. Од нивниот дом на Олимп владееле со светот.


Олимп седиште на боговите

Врховен бог – владетел бил Зевс оженет со Хера, негова сестра. Хера е божица на бракот и жените, но Зевс многу често ја изневерувал од што се раѓале нови полубогови и богови. Браќа на Зевс се Посејдон – бог на морето и Плутон – бог на подземниот свет. Сестри му биле Хестија-божица на огништето и Деметра-божица на растенијата и земјоделството.

Татко пак на Зевс бил Хронос (Време) кој е еден од 14 титани. Нивни пак родители се  Уран бог на небото како и Геа – божицата на земјата.

Од се ова се гледа и смислата на духовниот антички свет. Така се е зачнато и настанато од ЗЕМЈА (Геа) и НЕБО (Уран). И навистина и природно ЗЕМЈАТА го раѓа она што ветрот и НЕБОТО ќе и го нанесат и насеат, но таа и го расти и развива посеаното, со дождот и сонцето кои пак НЕБОТО ги праќа како што таткото обезбедува храна за подигање на поколението.


Битките меѓу боговите се одразувале и врз луѓето

И се е постојано во овој цикличен круг од што произлегува – ВРЕМЕТО (Хронос). Од него пак е се друго, од времето се создадени и морето (ПОСЕЈДОН) и растенијата со земјоделието (ДЕМЕТРА) и луѓето со браковите (ХЕРА) на кои пак им е дадено и огништето (ХЕСТИЈА) и се така. Ова укажува дека човекот во антиката на се дал смисла и соодветно толкување.

Со нив како основни божества заради и што се браќа и сестри, доаѓаат и другите како АПОЛОН, бог на сонцето, АФРОДИТА божица на љубовта и убавината, родена од морската пена и др. Со божествата во оваа митологија има и чудовишта како МЕДУЗА или нимфи, киклопи и сл. суштества кои само ја дополнуваа човековата имагинација кон непознатите предели и појави.

За да им бидат поблиски како и да ја смилостиват нивната воља, тие им градат домови (храмови). Со ова високиот Олимп го носат до нив, а за да ја задржи својата доминантност и величие, храмовите ги градат на возвишени места со големи висини и размери. Всушност оваа е човековата страв од непознатото што и во верувањата во вековите кои следат се одразува низ оваа димензија.

Христијанските цркви и манастири се исто така на возвишени места, а и џамиите иако се на пониски места се пак со велелпни и грамадни димензии и висини на минириња, целта кај сите е да се достигне небото. За Акрополот на пример во Атина се знае дека освен антички храм бил и православен храм но и џамија за пак да се врати во првобитниот антички облик. Тоа е за него зашто е познат заради големата грчка пропаганда но исто е и со било кој друг верски храм и низ Македонија, кој исто така ги минува сите овие духовно-временски фази.

Сподели на Facebook | << Назад | Најгоре

Овој наслов е прочитан 7393 пати
Просечна оцена од посетителите
 4,83 од 5
Оцена:




 
Запиши
Коментар:

 

четврток, 28 март 2024
Моментно посетители: 71

Македонија низ фотографии

Галерии: 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16  (нова)
Дали знаевте дека...
 Апокрифи – скриени списи
--------------------------------
 Планевите на градбите по македонскиот обичај
--------------------------------
 Сигнализацијата со оган од антиката
--------------------------------
 Преп. Петар Атонски
--------------------------------
 Академија – историјат
--------------------------------
Дневни случувања
 Тауресиум ќе се презентира пред јавност
 Под македонското сонце во Прага
 Архитектурата од 4 до 6 век на виделина
 Ова не е Танец, ова е чудо од Македонија!
 Инаугуриран четвртиот македонски претседател

Македонски времеплов
Март
Април
Мај
Јуни
Јули
Август
Февруари
Септември
Октомври
Ноември
Јануари
Декември
 
Copyright Macedonium | © 2007-2008 Број на посетители: