Macedonium
Македониум.орг
Историја
Религија
Архитектура
Култура
Етимологија
Етнологија
Пропаганда
Новости
За Македонија
Македонизам
Анкета
Македониум прашува
Што сакате да читате на Македониум?






Вкупно гласови : 8828
резултати
Македониум музика
Благодарност до Синтезис и Bagi communications

Време
Времето во Д. Капија
Времето во Скопје
Времето во Битола
Календар на настани
Религија > Религии пред христијанството > Патријахат
Патријахатот кај Македонците
Сподели на Facebook

Херакле се смета за Родоначелник на Македонците но и на нивната кралска куќа. Во времето на Александар III Македонски,го носел епитетот Propator кој на пример Хелените го користат за други божества но не и за Херакле.


Херакле со македонски атрибути - дабови гранчиња, лавја наметка
и палка

Атињанинот Исократ (Phil., 106-110), платеник на Филип да ги двои Атињаните и да делува овие да му се приклучат без отпор, како и секој домашен одродник и тој си бара потекло со новиот воено надмоќен народ Македонците. Така фалејќи го и поттикнувајќи го Филип на дела со кои ќе стане рамен на Херакле, кого пак го нарекува прадедо (archegos) и предок (progonos) на родот.

Се разбира заради добро платената предавничка и поданичка улога на Хеленот Исократ кон Филип и Македонците, тој сега Херакле го вика и “прадедо” и “предок” но не се осудува да го нарече со подиректното како кај Македонците прататко (Propator).

Тоа не се осудил никогаш ниту еден Хелен и подоцна кога стотици години Хелените се под македонска власт и кога оваа е во најголемата своја моќ, камо ли кога уше се Хелените слободни и во фаза на преговори и “компромиси” со Македонците.

Кога пак Александар кај реката Хифас принесува жртва, тој Херакле го нарекува со епоним кој покажува дека Херакле не е само предок на кралската династија но воопшто на македонскиот народ (Аrr., Anab.,V,26). Со ова се побиваат грчките денешни инсинуации дека кралската династија е од грчко потекло, од што и произлегло дека и Херакле е грчко божество.

- Во источното крило на првата македонска престолнина Ајга најден е натпис со посвета на Херакле Patroоs (BE,1974, no 327, оваа функција на дворецот објаснува зошто Македонците не градат храмови)


Хераклевите атрибути и кај македонските кралеви

- Трите епиграми од поетот Самос по потекло од Воден (Anth.Pal.,6, 114, 115, 116), датирани 217 год. Филип V се нарекува потомок на Херакле, кому му бил посветен бик (Anth.Pal., 115)

- Во еден епиграм на Хрисогон се вели дека на Херакле му се посветува вепар убиен на планината Orbelos (Беласица) [Anth. Pal., VI, 114-115].

- Пред битката кај Pydna и Персеј му жртвувал на Херакле вакав жртва за победа (Plut., Aem.,19).

- Антигон Гоната пак по победата кај островот Кос во Делос во 225 год. п.н.е [P.Kourby, Portique d`Antigon ou du nort-est, Paris 1992, p. 38-40), поставил статуа на Херакле.

- Кај Хесихиј се сретнуваат уште два епитети за Херакле – Edessaios и Kynagidas. Вториот е посведочен на натписи (најстариот натпис е од Пела, во време на Филип V,cf HSCPh,1940, p.125/6; REG,1930,p. 366/69 (Berrhoia); BE,1970,no 354 (Berrhoia), Чепигово, Спом. LXXI,193, но 503=S.Dull, Die Gotterkulte, no 135, Elimeja, A.Ridzakis – G.Touratzoglou, Epigraphes, nos El 6,20 (Кајсареја и Велевендо) nos Eor 97,115(Riaki=Моранли и Petres=Петрско) и др.]

- Но за Херакле се среќаваат и други епитети Phylakos (BE, 1973,no 275-Пела), потоа Propylaios (А.Ridzakis-G.Touratzoglou, Epigraphes, nos El 4 (Кожани) но и Kallinikos (Demitsas, Makedonia, no 291)

- Како и Асклепеј кому Александар му принесува жртва во светилиштето во Гортис (Аркадија) и Херакле во Македонија е почитуван повеќе како божество одошто како херој. Се разбриа тој е божество со силна симболика за храброст но тоа не е како кај Хелените кои подоцна го превземаат овој култ и го слават како некој кој е познат исклучиво по херојски подвизи секаде каде одел, но не и како божество.


Херакле како победник над немејскиот лав (III век, фреска од Шапанија)

- Во Македонија се најголемите докази за ова, во натписот од с.Ресава (Кавадаречко), Херакле се нарекува Theos megistos (Спом., XCVIII, no 329) додека на вотифната плоча од Росоман тој е претставен рељефно со лавјата кожа на себе и примитивна палка но и во придружба на Nike богињата на победата. Ова ќе рече дека Херакле е славен и како бог (Theos – кај с. Ресава) но и симбол за храброст зашто -[Nike-Росоман] победата е крај него.

Сподели на Facebook | << Назад | Најгоре

Овој наслов е прочитан 7093 пати
Просечна оцена од посетителите
 4,2 од 5
Оцена:




 
Запиши
Коментар:

 

петок, 29 март 2024
Моментно посетители: 34

Македонија низ фотографии

Галерии: 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16  (нова)
Дали знаевте дека...
 Св. Лука апостол и евангелист
--------------------------------
 Нова обука на аскерот за Македонија
--------------------------------
 Единствениот Македонец од Титаник – преживеал
--------------------------------
 Најголема археолошка акција со светот
--------------------------------
 Држава, етимолошко поимање
--------------------------------
Дневни случувања
 Тауресиум ќе се презентира пред јавност
 Под македонското сонце во Прага
 Архитектурата од 4 до 6 век на виделина
 Ова не е Танец, ова е чудо од Македонија!
 Инаугуриран четвртиот македонски претседател

Македонски времеплов
Март
Април
Мај
Јуни
Јули
Август
Февруари
Септември
Октомври
Ноември
Јануари
Декември
 
Copyright Macedonium | © 2007-2008 Број на посетители: