Macedonium
Македониум.орг
Историја
Религија
Архитектура
Култура
Етимологија
Етнологија
Пропаганда
Новости
За Македонија
Македонизам
Анкета
Македониум прашува
Што сакате да читате на Македониум?






Вкупно гласови : 7448
резултати
Македониум музика
Благодарност до Синтезис и Bagi communications

Време
Времето во Д. Капија
Времето во Скопје
Времето во Битола
Календар на настани
Религија > Религии пред христијанството > Матријахат
Разлики помеѓу Хелените и Македонците кон жената
Сподели на Facebook

Кај Хелените, жената е “вечен малолетник”, целосно е исклучена од политиката и социјално-општествениот живот.

Во Македонија на пример таа има право да располга со имотот, без машки тутор (tutella mulierum): таа е правно способна да продава и купува, да подарува како да е гарант, за што сведочат потписите.
На пример дури и под Римска власт има бројни натписи кај Македонците тн.р манумисии, за дарување робови на женски божества:
- Aртемида (во повеќе варијанти)
- Мајката на боговите
- Автохтоната мајка на боговите
- Ма
- Немеса Енодија
- Сириската девствена божица
- Семоќната божица и др. женски божества


Жената пак од кралското семејство во Македонија има значајна улога во државните работи (воени, дипломатски), иако не учествува во гозбите заедно со странци (Her.,V,18). Но ова значи и дека таа е заштитувана од очите на странците и чувана како македонска вредност.

Кралицата-мајка ја вршела должноста prostasia, што ќе рече обезбедување добросостојба на кралството (како Олимпијада мајката на Александар во негово одсуство, но и во Молошкото кралство, кога во Македонија ја заменува Клеоптра).

Македонската кралица ги ислушувала и барањата на граѓаните како што потврдува натписот од Касандреја за Phila, жената на Антигон Гоната, (cf.M.Hatzopoulos, Meletemata 10, р.144, n. 37).
Енергичната Македонка-кралица вршела и силно влијание или се вклучувала во борбите за власт. Познато е дека Антипатер постојано му се жали на Александар додека е овој во Азија, од неговата мајка Олимпијада која му се мешала во надлежностите како намесник во Македонија.

Енергичната Phila, жена на Антигон Гоната во борбите за власт


Или Kynane, ќерката на Филип II мажена за Amynta (IV) во 332 год. п.н.е за да ја мажи ќерка си за Филип III со војска се судира со Антипатер кај реката Strymon, а потоа војува и со Пердика во Мала Азија каде е убиена (Arrian, Diad.,23).

Нејзината ќерка пак Adaia-Eureidike со војска во Десаретија кај градот Euia (Diodor,XIX,11) ги пречекува Полиперхонт и Олимпијада која се бори да го зачува престолот за својот внук, при што ќе има поддршка од македонската војска, ќе издава наредби во име на Филип III и Александар IV(Plutarh, Eum.,12; Nepos, Eum.,6)

Од противниците (Касандар) пропагандно е прикажана негативно а по нејзиниот неуспех во таа борба (загинува и е закопана на пл. Пидна – Diodor, XIX, 52; C.F.Edson, The Tomb of Olympias, Hesperia 18, 1949, p84)


Деметриј I Полиоркет
Фила-жената на Деметриј Полиоркет во 305/4 год. п.н.е, од Килкија му праќа помош (писма, облеки и ќебиња) за опсадата на Рододос а во 229 год. п.н.е оди во дипломатска мисија кај брата си Касандар во Македонија во врска со Килкија (Plutarh, Demet. 22 (Родос), 32 (Килкија).

На кралиците му се укажувале почести слични на кралските (подигани статуи како на Еуридика-жената на Аминта III, најдена во Ајга, градови со нивно име, свадбени и погребни почести и др.). Македонските кралици имале и свои дворјани, свои гарди, послуги и сл.
Свадбените церемонии се состоеле од свечени поворки, натпреварувачи, гозби и сл. Филип II за свадбата на ќерка си Клеопатра приредил дводневни натпревари, а пак Деметриј Полиоркет кога се женел за Ланаса напишана е посебна песна специјално за оваа прилика. (Ap.Athen.,VI, 253; поетот Арат од Soloi по повод свадбата на Антигон Гоната и Фила напишал химна на Пан [Souda,s.v Aratos].
Сето ова го укажува високото место кое го уживала македонската жена – кралица во македонскиот општествено-историски живот.

Сподели на Facebook | << Назад | Најгоре

Овој наслов е прочитан 5968 пати
Просечна оцена од посетителите
 4 од 5
Оцена:




 
Запиши
Коментар:

 

вторник, 22 август 2017
Моментно посетители: 131

Македонија низ фотографии

Галерии: 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16  (нова)
Дали знаевте дека...
 Поимот лептерно (лефтерно – лесно)
--------------------------------
 Јасриб – е првичното име на Медина
--------------------------------
 Ерменецот роб – најуспешен војсководец на Јустиниј
--------------------------------
 Академија – историјат
--------------------------------
 Чудната царица Теодора
--------------------------------
Дневни случувања
 Тауресиум ќе се презентира пред јавност
 Под македонското сонце во Прага
 Архитектурата од 4 до 6 век на виделина
 Ова не е Танец, ова е чудо од Македонија!
 Инаугуриран четвртиот македонски претседател

Македонски времеплов
Март
Април
Мај
Јуни
Јули
Август
Февруари
Септември
Октомври
Ноември
Јануари
Декември
 
Copyright Macedonium | © 2007-2008 Број на посетители: